Не се грижи, мене во 38ма недела ми рекоа дека тежи 2500 и се натажив многу, сите ги прашував колку тешки се родиле. Ја родив во 40+3, тешка 3080
Да ја споделам и мојата грижа на иста тема. Пред неколку дена го мереа бебето и докторот ми кажа дека одговара на една недела порано, јас бев 37+5, а според мерките одговарало на 36+5. Рече дека не е ништо страшно до 2 недели отстапки се толерира. До сеа секогаш мерките беа точно според неделата. И од тогаш цело време ми е тоа на мисла
Не се секирајте и не мислите на килажа И мене докторката на преглед ми рече повеќе од 3кг дека нема, а по 10тина часа се роди 3780
Не се секириај воопшто, син ми се роди скоро во 39 та недела 2700, сега има 21 месец и е здраво, право , пргаво дете, не се грижи за килажата , ако и родителите се ситни не може да се очекува детето да е крупно. Јас бременоста ја водев во систина кај еден од најдобрите гинеколози и никогаш немаше искоментирано дека е премало, дека е испод граница и сл.
Девојки незнам дали е ова за тука ама можеби и вие имате сличен проблем.. веќе неколку дена приметив многу ми паѓа косата никогаш не ми паѓала вака иначе веќе 6/7 месеци се немам фарбана.. дали некоја од вас имала сличен проблем се исплашив некако кога видов така ми паѓа..
Еве ме мешиња и мене. Завчера имав некои чудни грчеви во стомакот. Пред да си легнам ме фатија некои тапи болки во стомак и на моменти како со нож да ме пресече нешто. Крварење за среќа немаше. Отидов кај матичниот не ме гледаше на ехо, рече рано било, немало сеуште што да види освен мала точка, ми даде да примам 3 прогестерон инекции на 1 недела и два пати на ден да ставам утрогестан вагиналети од 200. Можеби ќе бев помирна да ме погледнеше на ехо, дали навистина нема да види ништо или можеби и ќе видеше ако има некој проблем ама не сакаше, не знам. Она што е важно болки веќе не ми се јавуваат, ме заболува но многу малку, претпоставувам дека тоа се нормални болки. Ви посакувам убава вечер и едвај чекам да дојде среда,да видиме што е и како е. Поздрав
Поздрав мамички.Минатата недела се вратив од Франција,после две месеци поминати таму,и веднаш отидов на контрола.Бебето е супер според матичната,фино напреднало,па сега закажав за брисеви,скриен шеќер и плус скрининг ќе треба да направам оти тогаш го испуштив терминот,штом не бев тука ќе го направам сега во 27ма недела.Се одлучив за ГАК(меѓу Ливринова и Данева се мислам)ама пошто ми е приоритетен упатот,не знам кое време да одам.Што би ми препорачале?Имајте мирна ноќ
Мене косата премногу ми паѓаше на почетокот на бременоста и откако се породив. Сега е многу подобро, се враќа во нормала (се породив пред 3 месеци). Инаку нормално е паѓањето на коса, тоа ми беше поентата. Многу пријателки што веќе имале деца пред мене, знаеја да ми кажат дека без коса ќе останам(не буквално, ама баш од таа причина), затоа што сите поминале низ истото )) Веројатно затоа и многу од нив се имаат ишишано кратко (машка фризура). @НМарија убаво ти рекол докторот, и јас знам дека до 2 недели е во ред да има отстапки во неделите, тоа се случува речиси кај сите кон крајот на бременоста, исто беше и кај мене
Мене па некако да не си се урочам ми се чини помалку ми паѓа. Дури и збујнета ми е и посјајна. И лицето ми се исчисти и ми е нежно и сјајно. Дека имам виткана коса и кога ќе ја пуштам мм се зафркава како мало чупенце си. Ама знам дека се е до хормоните и кога ќе се породам ќе ми паѓа многу. Еве гледам по другарки откако се породија косата им е ужас и лицето. Направи си крвна слика да не ти е слабо железото. Мене од супер пред да останам трудна сега ми е скоро на граница хемоглобинот ама и железото почнало да ми паѓа.
Ajde da vi se pridruzam i jas vo temava. Vcera ispituvav krvta mi e 108, a zelezoto 4,3. Pred 2 meseci mi bese 11. Inaku sum 6ti mesec. Premnogu mi padnalo, kazete nekoi dobri tableti, sovet nesto... za edna nedela sum na ginekolog.
Мила и јас сум со скратен цервикс од 23 недела и од тогаш сум дома на лежење. Сега сум 28+4 и пред 1 недела ми кажаа дека имам и "funneling" и дека треба да бидам на најстрого лежење со поткрената карлица. Има доста што успеале со лежење и на форумов и на странски форуми. Тука има посебна тема Можно предвремено породување. Само следи инструкции од доктор и биди дисциплинирана со лежењето.
Мешковци 37 недела сум Денес на преглед не бев отворена бебе било мн горе, цервикс скратен ПВУ пошува смекнато. Контракции имам слаби регуларни. И што значи се ова?
@Asja мила топло ја препорачувам Ана Данева се ми објасни детално пак ми пиша контрола нешто не и се гледаше во ред протокот ама фала богу добри сме...инаку мислам понеделник е амбуланта @saramila09 душо и мене ми паѓаше првите 3 месеци и сега магично почна да ми сјае и расте хормони како ми паѓаше па и ретка се плашев без коса ќе останам