Да сега душата мие мирна бар знам дека е све во ред и си расте како што треба па за друго со време ќе биде и јас планирам кај него да се водам не сакам кај друг прекрасен доктор и многу добро ми направи скрининг планирам кај него да се породам само Добро да оди до крај..
Јас викам алал да ти е и досега како си издржала. Ако можеш седи си дома, пошто за брзо пак те чека напорен период. Јас допрва треба да се враќам, а седми месец сум и мене ми тежи стомак, а не пак тебе 2 недели пред термин.
Mешиња бе зошто може да стагнирам со килажа? 29+1 а веќе две недели сум пола кило послаба од претходно?
Ништо не е пола кило. Мене ми варира тежината до 1кг. Зависи и колку, што си јадела, пиела, колку си потрошила дента. Не се оптеретувај до толку.
Јадам се што ми се јаде ама претходно си одеше по едно кило нагоре за една неделс а сега ништо две недели . Ваљда е се во ред со бебуши.
Па дали се исплати сеа пред крај да зимам од општ матичен? Така секако ќе ми ја скратат платата, се зима 70%, а вака барем ако го отворам породилното ќе ми биде исплатено 100% Е сеа, додека да ги дочекам другите пари од социјално ќе се стори вечност, а мајската плата од вработувачот ќе стигне помала.
Па ако ти е напорно се исплати, ја мислам дека веќе во 9 ти е стварно тешко за работа, или боледување или породилно како повеќе ти одговара ама мислам дека треба да одмориш.
sigurno e so vo red,raduvaj se sto ne stavas mnogu.drugarka moja sega se porodi a poslednite dva meseci dve kila stavi edvaj
@kostarika Не се преоптеретувај, јас се мерам еднаш неделно, кога влегувам во нова недела, и понекогаш сум +1, некогаш -1 од претходното мерење, ама не ми е за паничење тоа, бебуш си е таман на килажа значи нема потреба за паника ) Јас пишав и во друга тема,боцкања ниско во јајници може ли да е од што претерав малку со работа вчера, или па толку ниско можеби ме удара бебето? Трае 2-3 секунди.. Пиев мг сега,лежам денес и мирувам ..
Последниве три дена многу ми тече вода доле а од вчера почна да ме чеша,предходно немав ништо но таа вода се појави откако ми го препиша д-р Утрогестанот.Но како пто кажав последниве три дена многу де зголеми проѕирна вода и понекогаш како жолто,Што да направам некој совет? Дали смеам да се измијам до камилица или со медицинска сода ?
Мила исто и јас кога почнав со Утрогестан имав чешање и зголемен исцедок, ја прашав матичната ми рече дозволено е миење со камилица и мене лично ми помогна камилицата, еве веќе две недели еднас дневно се измивам со камилица и чешање скоро да немам, а и исцедокот е намален. Поздрав
Еднаш неделно се мерам ама ок сватив дека претерувам Мене така ме боцка кога се наведнувам и тоа по само две три наведнувања и затоа не се наведнувам
Идни мамчки, јас се породив пред 6 дена, веќе сме дома со бебувче. Ве читам, за килиграми си муабетите. Јас почнав со 64 kg, пред породувањето бев 79kg, а после 3 дена од породување 74 kg. Значи, само -5 kg. Затоа, бидете среќни што не сте качиле многу или стагнирате во килажата.
И јас да ти кажам се секирам за тоа ... еве 26 недела + 5 дена сум а некако мн малку имам качено на килажа 4 кила 5 максимум... И тоа само во стомак и гради мислам дека ми се.. Апетит имам исто како пред да останам трудна. Неможам никако да се натерам да вечерам .... Јадењето ми се состои од смути сабајле со овошје и јаткасти плодови, ужина пак нешто овошје и ручек нормално.. Ама после 6, 7 немам апетит може сладолед само да каснам... И се ми е мисла дали бебето си добива доволно храна..