Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    цеститки до двете нови мамички :lol: иначе ние денес сме ок , многу мокриме и така, лошкото клоца :devil: партали прави, и dzanina може во 16 недела да се каже полот,мене тогаш ми кажаа :D курето се покажа рано рано 8)
     
  2. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    добро дојдовте нови мамичKи :)
    ние денес сме добро,по дома малце средуваме и почнавме да јадеме :) уште да почнеме и вода повеке да пиеме и добро е :)
    само што денес се успаме и не бевме крв да земаме :^) ај утре обавезно рано станување и одимее :)
    пооозз
     
  3. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Честитки и на двете. Добредојдовте мамички. :*
    Инаку овие утрински мачнини значи стварно нема да ме одминат до крајот. Јас мислев после 13 недела сум се спасила ама гадно се излажав. Овие 3 дена ми се катастрофални. Не мрдам од кревет. :( Ништо не помага.
     
  4. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    со лесно на новите мамички нека им е со среќа.. ние со бебушот мој си се нашетавме денеска ...сега домче си уживкаме.. поздраааввв до ситеее
     
  5. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Фала ви на сите. Да сте живи и здрави. Благодарение на Snow-Queen која ми објасни како се пресметува во која недела од бременоста си, разбрав дека сум во 4 недели. Ми каснеше само два дена па вчера тестот за бременост покажа две јасно изразени црти. Немав никакви симптоми до сега, но од синоќа нешто ојачија. Синоќа на спиење често осеќав како ме боли стомакот, неопишлива болка, како да треба да ми дојде. Сабајлето супер, освен што наместо вообичаеното турско кафе со колешките на работа, испив едно нестле 3 во 1. ќе се обидам да го избегнувам кафето, па се опремив со чаеви, иако претходно само на настинка ме асоцираа. :D Денес ми се појави ненаситен апетит, на ручек јадев бајаги, и сопругот се зачуди, вика претходно јадеше ко врапче, сега ко слон :D Останува да отидам на лекар, да ми потврди, ама се си мислам дека уште е рано. Кога вие идни мамички сметате дека треба да идам? Нај набрзо?
     
  6. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Слушни се со гинеколог ама мислам дека е најдобро да одиш другата недела, затоа што сега има шански да не се види ништо на ехо. Инаку за чаевите. Гледај ако можеш да пиеш природни чаеви, или оние што се купуваат сушени во аптека. Избегнувај филтер чаеви. Зголеми го внесот на калциум преку млеко, јогурт, сирење... И уште од утре почни да ја пиеш фолната киселина. Таа е многу важна за развојот на нервниот систем на плодот. :*
     
  7. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Aх колку ми фали мешето вака кога ве читкам по темава. Слатки маки си минете. :) Уживкајте во секој миг од бременоста, затоа што волшебно искуство се тие 9 месеци :inlove:

    Јас од прилика овој период останав бремена, минатата година. И ми текнува како се радував на темава, како вчера да беше.
    Никогаш нема да заборавам колку ми помогна форумов во процесот на зачнување и целата бременост.
    Со колку само прашања и стравови се соочував.
    Бескрајно сум им благодарна на форумџиките за несебичната поддршка. :*
    Еве сега веќе си се гушкаме со малото ѕверче кое ми е цел универзум полн со љубов!
     
    На kaja11, Serafima, Danni79 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    добро утро мамички како сте, ние со мала мачнина во стомакот, сабајле околу 4 бев до вц, и ко се вратив ми текна на пораѓајот што ме очекува и до 6 не заспав ... немав страв а сега како се ближи времето пак сум уплашена ... и ова дека ми е прва бременост, а има многу проблеми во куќата на свекрва ми, ми е страв и тие нервози да не влијаеле на малиот :( ,ама со Господ напред да се надеваме дека се е во ред. Не знам дали е до хормоните,ама многу сум станала чувствителна. Од ко се омажив моите дојдоја само 2-3 пати тука, а од дјетрвами се редовно тука,последен пат ко беа свекрвами ми се дереше пред нив, и ми е тешко ко ке се сетам низ што се моите поминуваат, и страв ми е ако моето дете не биде третирано како оние од јатрвами. Знам дека мора да сум јака ама ајде,како да не мислам на тоа ... и со пари сме кнап, и се си мислам ако немам да му купам ништо, поштоо свекрвами рече немаат они пари,нити ме даруваа ко се омажив нити ништо ... ај тоа не е битно, ама малиов ако нема живот како што треба тоа ќе ми биде тешко ...
     
  9. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Добро утро мешиња
    Прво, честитки за новите мамички. Добре дојдовте и со лесно нека ви е.
    Ние растеме (многу!!!!). Не знам која е стандардна величина за 6ти месец бремена жена ама сигорна сум дека јас ја надминувам :lol: :lol:
    А не дека јадам многу,па да се мислам леелее дебела сум, само стомакот ми расте. А почна и да ме чеша доста така да мојата надеж дека генетиката ќе ми помогне да се спасам од стрии полека си оди :D
     
  10. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    За чешањето немој да се грижиш, кај секој е различно, мене од почеток нон стоп ме чеша, па еве уште неколку дена до термин сум, а немам никакви стрии. А и сигурно се мачкаш со некаква крема, така да продолжи и уживај во бременоста :)
     
    На captivating му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elenn

    elenn Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    21
    јас се надоврзувам на претходниов пост бидејќи и јас ја имам истата дилема дали е рано да одам на гинеколог деновиве и дали да почекам до другата недела? инаку почнав да пијам фолна киселина некој месец претходно, додуша не многу редовно ама сега сум редовна. Така да Јени и ти обавезно фолна под итно ;) Сакав да ги прасам поискусните имам и јас дилема со кафето. Насабајле пијам турко кафе . И тоа ми е во текот на целиот ден, знаци едно! Дали треба да се отказам од него, оти мислам дека стварно без него нема да можам, главата ќе ми пукне. Дали е шетно едно турско кафе на ден? фала :D
     
  12. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Женска ај те мооолам немој да се замараш со свекрви и јетрви.Горе доле сум го поминала твоето.Гледај си ја само бременоста,да се сложуваш со сопругот верувај друго ништо не е битно.Не обрнувај многу внимание на нив,ако ти речат бела е-да бела,сврти си глава на страна и свиркај си,црна е-да да црна е,терај си по твое,како што мислиш дека е најдобро. ;) :* :*

    Инаку ние супер се осеќаме,бебушко си расте,почнува да мрцка по малце и мнооогу му се радувам :rofl: На 16ти треба да одиме на редовна месечна контрола па се надевам дека со сигурност ќе ми го кажат и полот. :inlove:
     
    На Lillian, captivating и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  13. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ех, фала ти лилиан
    Иначе твоето име ни е едно од фаворитите за име за ќеркичката

    Кафе не е штетно да се пие по едно на ден.
    Јас се откажав од се на почеток ама дојде време каде што ситуацијата беше или ќе пијам кафе или ќе паѓам кај стигнам од низок притисок.
    Сега кога го осеќам женскиот шампион во кик-бокс :rock: пијам и по 2 кафиња на ден.
    Иначе да се пофалам, почна и од надвор да се познава кога мрда.
    Мајка ми ми кажа дека ќе биде така ама воопшто не бев подготвена колку многу се познава.
    Интерасно е да видиш како и мрда стомакот на друга ама кога ќе го видиш твоето бебе како мрда во твојот стомак...чувство за кое немам зборови да го опишам. :inlove:
     
    На Danni79, elenn и Lillian им се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Lillian тебе ептен ситно ти се брои :) ајде само со лесно да ти помине :clap:

    elenn, ако немаш барем 5 недели, не оди.

    butterfly.mk таквите проблеми мораш максимално да ги изолираш од себе...ама во права смисла на зборот. Ти бебето и никој друг моментално. :!:
     
    На Lillian и butterfly.mk им се допаѓа ова.
  15. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38
    Кофеинот прави проблем доколку се конзумира во поголемим количини. Баш пред некој ден читав за ова, дозволена количина кафе во текот на бременоста била не повеќе од две шољи на ден. Така да, немаш потреба да се одкажуваш од него. :) Само еден совет од мене, ако го пиеш сабаје на гладно, пробај прво да изедеш некое овошје, па потоа кафето.
     
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Низ темава се врткам да видам до каде сте.
    Честитки за новите мамички, а на сите други Господ да им даде таков благослов и тоа што побрзо :angel: .

    Ние сме добри, слава на Бог, растеме по малку. По некои пресметки (зашто ги збунуваме сите, оти немав циклус 3 месеци, а останав бремена :lol: ), сега не знаеме ни која недела сме. На секој преглед одиме недела до две напред, па потоа се враќаме назад, зависи како напредува бебето :D .
    Туку, здраво и живо да е тоа, другото не е важно. Кога ќе дојде времето ќе излезе самото, ама со душа чекам да се гушкаме :angel: .

    Сакав само да ве посоветувам за барем последните месеци (8-9) од бременоста. Најпрво консултација со лекар и да ви даде одобрение да не примате двојна доза, но од искуство на блиска личност, таа пиеше витамин Е во последниот месец. Додуша не пиеше дополнително витамини и затоа изгледа и дадоа да пие. Денес нема стрии, но уште подобро и си помина на породувањето. Мускулите стануваат поеластични и полесно е породувањето.
    Кај сите е различно, но не се губи ништо ако се проба. Тој витамин и онака е потребен за организмот и првенствено за еластичност на кожата :) .
     
    На Lori-30 и dejana2 им се допаѓа ова.
  17. dejana2

    dejana2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    38

    Јас пијам витамин Е од првиот месец некаде се до пред некое време, докторот не ми кажа да продолжам да ги пијам.
    Но, муабетот ми беше, сето ова за витаминот Е постојано го зборува и мајка ми. Меѓу тоа, нејзин совет беше да не купувам таблети со витаминов туку секое утро да пијам по една лажица маслиново масло и колку можам да го внесувам со исхраната. Најбогато било со витамин Е кој меѓу другото ја спречувал оксидацијата на клетките.
     
    На Jeny и Serafima им се допаѓа ова.
  18. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Ти благодарам Snow-Queen, моето е најситно, како што го погледнав списокот со термините мене ми е редот :lol: Само здравје и со лесно на сите :inlove:
     
  19. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    здраво :)
    како сте мешиња?
    јас добра сум и бебчето ми е добро :) денес дадовме крв па во петок со господ напред ке ни кажат дали бебуш е во ред за овие 11недели.
    денеска половина ден ми болеше главата силно,па одморивме малце и потоа средувавме низ стан малце :)
    имајте убав довршеток на денов :)
     
  20. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    здраво дечки,јас само сто пристигнав од испитувањава за даунов сидром приска,докторката вика по циклусот сум 12 недела и 3 дена,а бебето било за една недела напредно поголемо значи според бебето сум 13 недела,е сега на сликиве од скринингот не ми е јасно немозам да видам каде писува колкаво е и колку е теско,дали некој мозе да ми објасни под кои шифри да го најдам тоа?