И мене гинекологот што ми ја води цела бременост ни еднаш не ми измери цервикс, само гледаше дали е добро залепено и толку.
Се мери на обично ехо. Ако нешто се примети дека не е во ред, се мери вагинално, како поточно. Сигурно ти видел докторот, ама немал потреба да ти каже.
И мене не ми мереле до сега и спомнав на докторката, као ми рече нема потреба ама ако сакам ќе ми измери. Сега за наредна контрола на 30 та недела рече дека ќе мери, ама мислам дека највише ради тоа што и реков дека сакаме некој ден на море.
39та недела сум и до сега никој не ми мерел цервикс. Претпоставувам мерат ако се посомневаат во некој проблем, ако имате болки и сл. Така да, опуштете се
Мене никој не ми кажал дека ми го мерел цервиксот. Првпат видов во извештајот после скрининг во Систина. Таму пишуваше. На следен преглед кај матичната, баш го загледа тоа, и рече: „исто сме измериле“. А никогаш не ми го кажале тоа во текот на прегледот, нит сум прашала.
Гордана во Систина секој преглед го почнуваше со мерење цервикс, со абдоминално ехо. Претпоставувам повеќето доктори внимаваат само не спомнуваат. Нема потреба да знаеме се.
Не ми мерел, со сигурност знам зашто ептен детално ми објаснува сѐ. И јас прашав дали треба да ми измери, добив ист одговор како AudreyH- само ако имам болки ќе мери. Оваа бременост ама летечи ја поминав Ни брцкања непотребно, ни прегледи одвишок.
Кога сум повеќе во движење имам болки во долниот дел од стомакот затоа ми мереше иначе со вагинално ехо ... Па незнам кои се нормални граници изумив да ја прашам кога ќе ми кажат такво нешто цела се паничам и се блокирам ниту слушам после тоа што ми зборат ...
Под 25мм,сметаат за скратен цервикс. Ама и со 28мм повеќе одмарање ти треба,мене во 20та недела мо беше 31 и ми рекоа супер,си продолжив се нормално а сега после 2 ипол недели ми падна на 19мм,и сум со терапија и строго мирување. Пс.ја немав никакви болки,ми мереа рутински,со вагинално ехо.
Ти мајка ич да не му ја мислиш си стасала веќе до крај..со лесно нека ти е..инаку на мене одкако останав на секој преглед ми мерат цервикс а и ме проверуваат да не сум отворена ради спонтаниот во 25нед.. а секако ако нема потреба цела бременост не те чепкаат
Мене матичната ми измери цервикс,откако и се пожалив дека многу долу го осеќам да ми мрда. Па се воспостави дека е скратен на 30мм,ако не ми измереше и дадеше терапија,јас како раздвижена трудница,може беља ќе си направев.
Можно е од Кандида да е, пошто само шо го испив антибиотикот одма ми се појави јадеж. Се премивав со сода и камилица, за ден го снема. Претходно чисти беа брисевите, сега уште не сум направила. Ќе видам денес како ќе е Кога сме веќе кај брисевите, кој Ви ги зема? Дали мора тоа да е матичната, или можи со упат друг доктор да ги земи? До сега ми ги земаше друг доктор пошто ептен сме блиски, матичната ми даваше само упат. Сега не сака да ми дај, ми вика законски морала таа да ми ги земи. А јас не сакам
Женски здраво. 33 недела денес бев на контрола, според ехото стомачето на бебе заостанува за скоро 2 недели. Другото е се ок. Ме прати да испитам нешто преку крв, д димери пред една недела испитував беа добри. Рече од утре на инекции. Се преплашив искрено. Ве молам за совет ако некоја имала вакво искуство. Поздрав
Затоа што заостанувало со развој на стомачето недела дена, да сме го зголемеле протокот. После одам кај докторот што ке ме пораѓа па ке видиме и он што ке каже. Стварно не знам. Пред две недели исто бев на конттола и се беше супер, а сега ова шок