Добра сум, и моево е малце посмирено, веројатно зашто сум дома и повеќе мирувам. Јас па имам многу обзирна свекрва, ќе помогнела викендов да се направи генералка, она и мажот ми Малата ќе ја дадам на спиење кај моите за да не смета, па може и ќе дочекам малце време со мажето (за полесно да се отворам ). Од ноќва имам некој засилен исцедок, ем мокар ем густ, па се надевам барем уште викендов да го протуркам, да досредам некои ситници. Ти не се замарај со небитни особи, баш ти е време да бидеш себична Со лесно!
Исто и јас после вториот скрининг почнав со купување. Сега кога влегов во девети само перам и пеглам, скоро сум готова
Јас почнав во 7 ми месец пошто сум со близнаци и очекувам порано да се породам но и лежам па другите ми трчкаат а не. Се слободни постојано си фатив на време.
@Minnie 1 Јас уште 10дена во 8ми влегувам, и баш ништо немам купено, и криво ми е! Здравје другата недела ќе одам на шопинг да се опремам со бебешки ситници, меракот е преголем Мајка ми ми рече почеток на Јули количка ќе ми купи, јас креветче и толку За холестерол во бременост, јас имав испитано по своја воља и испаничив дека беше покачен, а докторката не му обрна воопшто внимание, ми одговори дека е нормално и дека не треба да се испитува за да не се паничи, дека не значи ништо и што е повеќе од нормала Во бременоста се ни е покачено речиси..
Мешиња од флостеронот што го примив имав несоници две ноќи појаки а после со повремено спиење , па срцебиење со горење на стапалата и му се пожалив на матичниот ги виде бебињата и тие тахикардични . Вели од што не сум спиела цела недела нормално веќе . терапијата се три пати на ден бедоксини и вели ќе се смират бебуши . Но гледам дека за тахикардични бебиња задржуваат во болница . Дали тоа се подолго време тахикардични или и моево да не е за таму?
Заборавив да ве прашам, ви изгледа ли поинаку папокот? Сега го заприметив мојот, потемен е внатре, не е испакнат сеуште, ама ко небањата да сум, има нешто внатре страв ми е да допирам, битно ептен неубав е станат
5ти Дааа, не го чепкај. Мене по добри 3 месеци од пораѓај ми исчезна црното.. додека бев бремена не ми се познаше воопшто ама после пораѓај исто немиена
Од хормони во бременоста се создава пигмент. Може и мишки да ви потемнат. И брадавиците. И линеа негра да се појави. Нормално е. И исчезнува после пораѓај.
Јас пред некој ден заприметив во папукот како некаков згуснат секрет.. Кога се туширав го измив и мн неубав мирис имаше. Да не бев бремена веројатно ќе намачкав канестен, ама сега не презедов ништо. Реков ќе го прашам гинекологот вчера, ама заборавив. Од тогаш немам приметено такво нешто. Ми е страв да не е некоја инфекција.
@TeddyGrey Linea negra имам, само не е толку негра кај мене посветла е ама се приметува линија. А папокот нема боја сменето,туку како грутчиња потемни има внатре, и јас мислев ко Мила да не е некоја инфекција, ама па нема мирис никаков ниту пак се трга..
Здраво, Сакав да прашам дали и вие имате менструални болки, јас сум 5 недела и многу су, загрижена зашто сум имал и спонтан затоа. Кај матичниот немаше денеска слободен термин да одам, имам закажано во сабота зашто кога бев во понеделник не се гледаше на ехоо ништо беше рано ама рече дека има бременост зашто со крв анализите бета беше позитивен 212 вредноста. Превентивно ми даде само аспирин протект,и фолната што ја пијам. Дали и вие имате грчеви на јајниците како во менструација што се?
Се до 12та недела ги имав тие болки секојдневно и секоја втора трудница ги има. Ако ти е во мисла консултирај си се со гинеколог, ама во повеќето случаи е нормално и со пиење на магнезиум и мирување поминува
Ти благодарам, ќе почекам ќе се консултирам со гинекологот кога ми е контролата во сабота. Знам дека се тие секојдневни имам и друго дете сега ќе полни 4 години изгледа сум заборавил од тогаш све, како прва бременост да е се чуствувам. Но паничам зашто сум имал и спонтан да не се повтори тоа се плашам.