јас денес бев на контрола се е ок,8 + 3 сум..значи не ми се веруваше дека бебкото мрдаше,ни покажа докторкава имаше како две точкички и рече дека му се рачиња и ги тегнеше...леле какво чувство луге мои inlove: ми го прекина Утрогестанот затоа што немам никакви крварења и како што пишав пред некој ден имав огромен исцедок од тоа и ме печеше го прекинав сама пред 2 дена и ми престана,и и кажав на докторката рече дека од Утрогестанот е.и немора да го зимам веќе.Е сега ми закажа за 1 месец тоа прегледите сите...приска,4д,брисеви итн..И ми спомна нешто дека треба во државна да испитувам...Како идат тие работи ?
Труднички да ве прашам кога за прв пат си го осетивте бебенцето во мешето и какво беше чувството? Јас не можам да оценам а веќе би требало да се осеќа. Димчев е најдобар според многу девојки на форумов.
Јас во 18 недела... Прво не знаев дали ми се цревата и дали ми се причинува ама еве после недела две знам дека тоа е тоа.
И јас се чудев дали го осеќам, пошто имаше како да кажам како некои вибрации и само се секирав дали е се во ред. Кај секого различно е. Некаде околу 20-21 ва недела баш ја осетив како што треба и нема шанси да згрешиш, сега игра фудбал внатре не можам да ја смирам.
И јас вчера бев на прво ехо. Според последна менструација сум 7+1, а според големина на плод 6+6. Не ме гледаше вагинално, туку преку стомак, слушнавме срценце, рече дека се е во ред, но да продолжам да примам прогестерон и утрогестан до наредна контрола. Не знам дали поради претходниот спонтан ми дава да ставам утрогестан и да ме боцкаат со прогестерон. И уште нешто што ме буни, на упатот за трансфузиологија за проверка на крвна група ми запишале дијаагноза-високоризична бременост, дали поради тоа што сум негативна крвна група или можеби има нешто а докторот не ми кажал?
Беблак мој дебел нема поим да се спушти надоле 38+5 сме вчера го гледавме на ехо скоро 4кг е како ќе го раѓам не знам..уште сега коса ми се крева Не сум отворена , контракции во 34, 35 недела имав сега рамна линија… се обратно Меше огромно тешко ми е да се движам да пешачам. Секс...што беше тоа? ? Мм несака ја не дека умирам од што сакам, туку ете си викам да не помогне да се отворам или што знам што веќе аман! Ќе си пукнам од мислење.
Околу 20та недела, го опишував како “играње нерв” За да после 3-4 недели веќе премине во убаво клоцање, со нерамнини на стомакот и видливо вртење од една на друга страна. Сега така ме заспива и буди веќе, со јако мавање
Испирај со хидроген 3% или алкохол, а можеш да намачкаш и хлорамфеникол или гарамицин. Ова е само локално, не пречи во бременоста. Незнам зошто се појавило лачење, кај мене истото се случи но над пупакот каде што имам дупка од пирсинг, па од затегнувањето претпоставувам почна да се собира нечистотија. @bubac секс жено! Ти не мора ништо да правиш, лежи, уживај, маж нека работи @Корнелија Димчев е во Систина, скрининзите се 4200ден.
Да не е поради претходниот спонтан? Не гледам логика да е поради ресус факторот, бидејќи кај мене не пишуваше ништо такво на упатот. И јас сум негатив. Прашај го кога ќе одиш со резултатот кај него.
Ок. Ви благодарам за одговорите. Претпоставувам дека да има нешто ќе ми каже да знам да внимавам. Ама ајде, дај боже да е се како што треба, па за 3недели ќе одам повторно на контрола.
Одиш ли на работа или си на боледување? Така ти пишува ако си на боледување и заради претходниот спонтан.
Си одам нормално, докторот не ми кажа ништо. Рече се е во ред со бременоста, се слуша срце, здрава бременост. Кога го прашав дали да продолжам да ставам утрогестан, кои ми ги препиша поради грчеви во стомакот во 5 недела, ми рече продолжи до следната контрола и имам уште една прогестерон инекција да примам за 1 недела. Не знам, немаше ли да ми каже ако ми е ризична бременоста. Ќе ми дадеше барем совет повеќе да одмарам, да се пазам.... А не да ме пушти без да ми каже ништо?!
Имам прашање во врска рефундација на клексани, имам извештај од трансфузиолог, А дали ми треба рецепта? И кој ја дава? Мене ми се пишани пд 10 мај 30 клексани. Јас утре планирам да ги купам. Само овојпат сакам да поднесам и за рефундација, па да не згрешам нешто. Некоја што поднесувала во скоро времр, ве молам да ми пише.
Ако извештајот од трансф. Ти е од 10 ти мај а утре ги купуваш, ќе имаш проблем. Фискалната прва од клексаните треба да се совпаѓа со датумот на извештајот.