И јас бев во 39+0 0цм отворена, на 39+1 добив породилни болки, 39+2 се породив природно, се отварав брзо, без провокации
Јас имав. Два пати на дерматолог одев и џабе. Ги снема по пораѓај. Кај мене немаше ефект ни сок, ни благо, нит мерев колку често мрда. Кога повеќе, кога помалку.
I И мене вчера ми мрдаа но послабо од другите денови и не помогна многу благо затоа што пак мрдаат но не да ми мрда цел стомак Мешиња кажувајте тајни како даиздржиме повеќе денови до пораѓај . Мене со близнаци секој ден ми е важен да стигнам барем до 36 та недела . Еве повеќе одмарам , минимизирам движење , многу вода ... друго?
Леле и мене вчера и денес абе нигде ги нема.. само малку ќе мрднат и толку. И исто не ми помогна ни благо ни ккола... мн се нервирам така.
Најверојатно е нормално . Сабајлево бев на гинеколог и не прашав зошто така се случува затоа што се ме прегледа и беше нормално. А иначе за време на ехо шутираа да се покажат прчлиња
По некогаш успеваше благото и газираното кога бев во помали недели но сега не баш толку. За да не се нервираше пробај да ги броиш ударите мрдањата, вака ми кажа докторката и вака правам. Јади и касни и нешто благо и газирано ладно, легни на левата страна ( мене на лево не ми успева но ми успева кога лежам на грб со 2 перници) и чекај да почни да мрда, во еден саат треба да осетиш 10 удари или мрдања, еднаш кога изброиш 10 можиш да престаниш да броиш.
Иако се породив уживам додека ве читам не се оптеретувајте со ништо уживајте во трудничките денови мноооогу многу ке ви фалат едвај чекам да поминат 2-3 год од царски и пак да го галам мешето со живот во него. Ви посакувам на сите лесна бременост а уште полесно породување.
Ја раситнив и 30тата недела... Леле људиии.... Више сум сериозно трудна. Да не кажам машала. Тешко станувам од лежење, тешко се превртувам. За седење и шетање немам никаква мака, ама со лежењево... како желка наопачки сум. А кај се уште 10 недели... Последна четвртина. (бурек ми се пријаде) Очекуваме да се роди со научени вештини на џиу џицу и кик-бокс. Спие ли ова дете??? Или клоца во сон???
Teddygrey те разбирам.. Ко балон сe осеќам, се држам за даската од спалната за да се превртам кога лежам и само уфкам,дека тешко ми е. Сериозно трудна више и јас сум,среќа што не сум (уште)многу голема во стомакот инаку стоечки ќе треба да спијам
Ние две сме блиску Јас освен што си имам мака со кичмата, во последно време размислувам за катетер, ама најсериозно На пола саат-саат станувам цела ноќ, а има уште 10 недели до крај. И онака си мислам шо убаво би било еден катетер
Јас па ноќе не станувам за тоалет. Ама мислам дека и високо ми е и не ме притиска. Преку ден идам често, навечер не. А иначе најново кај мене е - дека 'рчам како коњ, па тој до мене не смее да се жали, па си ќути и си седи буден Некој мора да не спие во текот на бременоста, среќа не ми се падна мене
Леле ко мене да ме опиша хаха мм вели што уфкаш ми иде да го треснам потешко и дишењето веќе ама ќе издржиме инаку и јас сум тука со вас 30+...инаку дали ви се случува долу да ве пресече на секунда ама не на отвор и осеќам ко недомочана да сум а идам две капки само си велам синко е ама малце и страв ме фаќа..
Здраво идни мамички, сакам да прашам од кога почнавте со прегледи кај докторот кој би ве пораѓал? јас сум 33 недела и полека се приремам психиќки за самиот чин Исто планирам да се пораѓам во Чаир може да споделите и искуства кај кој доктор да се оди и сл. Фала ви
@baby 5 Да да редовно, трчам во тоалет на пола саат, за само две-три капки Слаби и кратки болки исти осеќам, па 10 недели (ако чека до крај момата) и не се многу си велам, се припрема телото за самиот чин Боли,пресекува, ама трае некоја секунда па поминува, се трпи не е страшно ништо. @nchy И мене ме интересира ова.Ќе се пораѓам во Систина, а не сум од Скопје па не знам кога да појдам на преглед таму, да се запознаеме со докторот де далеку ми е,па ќе одложувам барем до кај 34та..
Во 9ти месец јас планирам да одам. Односно после 36та недела. Ако имаш одбрано доктор ваљда можеш да закажеш. Јас планирам да земам упат од матичен за последните брисеви (мислам 36та се прават) И после тоа да продолжам во Систина. Доколку раѓаш таму сите прегледи во 9ти мислам се бесплатни.
@TeddyGrey Е баш ти фала, воопшто не сум информирана што и како дури срам ми е да прашувам Немам одбрано ни доктор, сеа ќе ја разлистам темата за гинеколози,да видам кој го препорачуваат феминкиве
Можеш слободно и да се јавиш на бројот што им е. Ептен се фини и ќе кажеш дека си од друг град и ќе ти кажат најубаво. Ја и ти сме 1 недела разлика мислам. Со сплет на околности, може и да се сретнеме