Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Ellen и двете сме тука некаде со бременоста, во иста фаза сме. Мислев дали овие денови да идам на гинеколог но знаејќи го фактот дека многу жени после втор или трет месец дознале дека се бремени и тогаш отишле на лекар па родиле здрави и прави деца не се потресувам. Сметам дека сеуште е рано, не знам дали ќе се види на ехо, но на крајот на другата недела ќе идам, најбитно ми е да се посоветувам со лекар во врска со тоа што би ми препорачал од пиење на таблети. Бидејќи не знам дали да почнам да кажувам наоколу бидејќи сеуште мислам дека е рано, не заради некое суеверие туку сакам прво гинеколог да ми потврди, да знам дали плодот ми е сместен како што треба, па после да кажувам. Знам дека фолната киселина е битна за развитокот на нервниот систем, еден од најбитните витамини кои се препорачуваат на трудници но претпоставувам дека тоа се некои таблети од аптека, и имам читано дека можат да бидат мошне штетни ако се земаат на своја рака. Што се однесува до апчиња, прво сакам да се посоветам со лекар и ако морам ќе ги пијам. И досега фала му на бога повеќе од аналгин и парацетамол не знам па да чукнам во дрво се е во ред со мене. Што се однесува до моето мислење, ништо не може да ја замени здравата исхрана. Гледам да внесам дневно неколку продукти што ја содржат, па затоа не сакам на своја рака да ризикувам за апчиња. Тие можат да бидат штетни но ниту едно овошје или зеленчук не можат, така што не знам колку си сигурна со земањето таблети. Јас ете веќе правам грав за ручек (ја има фолната киселина во него), утре сабајле за на работа си спремам салата од моркови и цвекло, пијам сок од портокал, и ете ти ја фолната киселина. А во врска со кафето, немај гајле, воопшто не е штетно едно кафе дневно, продолжи да си пиеш немај гајле, јас го одбегнувам од проста причина што веројатно од бременоста самиот организам почна да не ми го поднесува, а нели во бременоста се добива поинаков вкус :) сметам дека со внесување на овошје и зеленчук, и слушањето на сопственото тело кое самото ќе си каже што му одговара а што не, позитивни мисли, прошетки и секако слушање на медицинско лице, ќе помогнат многу. Не го исклучувам тука и фактот дека и форумот многу помага, и нетот, ама ако се зачиташ ќе забегаш повеќе, па од таа причина не сакам многу да се потресувам оти секој си е своја приказна и секој со својот организам.Сега за сега, барем оваа недела така ми одговара. Нај окупирана сега сум со здрава исхрана и мислам дека тоа ќе ми помогне многу. откако наредна недела ќе посетам гинеколог знам дека ќе биде многу поинаку. Господ е голем и јас верувам во неговата љубов и заштита. Нека биде со сите нас, и на сите да ни подари убави ангелчиња.
     
    На dejana2 и ddevojce им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Како сте мешиња?
    Честитки до новите мамички, нека се множат и нека ни се зголемува друштвото на трудници! :)
    Јас сум супер со мачнините, изгледа дека деновиве повеќе шетам и сум на воздух, а се затворам дома лошо ми е.
    Апетитот ми е добар, а веќе и неколку дена по ред не повраќам.
    Во вторник сум на контрола, со подетални информации очекувајте ме тогаш! :)
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. laddy

    laddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    Мамички, многу сум загрижена. Денес гаќите на неколку пати ми беа маааалку како мокри. Си мислам дали е од што понекогаш не одам одма по вц, туку чекам некоја минута еве како сега :) или можно ли е да ми пукне водењакот а јас да не приметам. Инаку често како и досега си го посетувам вецето, а и нешто друго, бебето денес ми е помалку активно. На преглед сум утре поручек. Што мислите вие, како ќе знам со сигурност дали и кога ми е пукнат водењакот :(? Ме фаќа паника
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^незнам како изгледа тоа...но од искуство што сум чула, дека не е чиста боја како вода(од чешма да речеме), и дека е можно по многу малку да пропушта ако е високо пукнат.
     
  5. laddy

    laddy Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    8
    А ако на пример пукнал, а ја незнам, може ли да чека до утре :( оти обично читам штом пукне (кога го осетат силно) одма мора да се јават во болница/
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    ако продолжIш така оди на лекар,не мора до утре да чекаш.
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Не чекај до утре, тркни сега до лекар, ако за едно пола саат пак приметиш мокри гаќи. Зошто до утре ќе е дозна, па после пораѓај на суво е многу лошо и кнап со време.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    mace31 еве што означуваат кратенките, според нив пронајди што е како и колку :)
    Се надевам ова на сите ќе ви биде од помош:
    LMP - датум на последна менструација
    GA - гестациска недела
    EDD - термин за породување
    EFW - тежина на плодот
    FM - присутни движења на плодот
    BPD - промер на главата меѓу слепоочниците
    HC - обем на главата
    AC - обем на абдоменот
    FL - должина на `рбетот
     
    На Jeny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Ај сега едно да не кажам повеќе правничко прашање од мене, ама во врска со бременоста.
    Кога се породив со ќеркичката 2007 година, породилното боледување почна да ми тече од денот на породувањето. Сега нешто наслушнав дека породилното морало да се отвори отприлика 28 дена пред терминот за породување. И ништо не ми јасно, уствари, ми нема логика. Дали некоја од вас е подетално запознаена со ова прашање?
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^баш сега кога бев пред недела дена на контрола, една трудница пред пораѓај ја прашуваше сестрата. И таа и рече: најрано 40/45 дена пред терминот можеш да го отвориш.


    А ако не се лажам, можело и неколку дена по пораѓајот(ама за ова не сум сигурна,низ магла ми е)
     
  11. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    Закон за работни односи
     
  12. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас не сакам да го отворам порано, а нешто наслушнав дека сега по ново, морало да се отвори 28 дена порано. Изгледа ќе мора да се распрашам убаво или да го побарам законот тука на интернет. Во секој случај, ќе споделам информација ;)
     
  13. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    делот од законот ти го пишав малку погоре :)
     
  14. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Моја другарка која се породи во јули не зема порано трудничко, туку си го користеше одморот до терминот , а потоа го отвори породилното. Тоа зависи од фирмата во која работиш дали ке ти дозволат да останеш повеќе на работа или не. Пример кај мене на работа ке морам да го земам порано односно 28/45 дена зависи од мене.
     
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Ова со 28 дена да не ви е нешто старо, бидејќи моја колешка до последен ден одеше на работа, се породи и и отворија породилно боледување.
     
  16. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Кај нас сега отиде една колешка на породилно, газдата и дојде со ливче од закон за работни односи и и рече да бира кога сака да го отвори породилното, дали 28/45 дена.
     
  17. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.371
    Допаѓања:
    148.718
    Пол:
    Женски
    јас ке го отворам на денот кога ке се породам.може прашав и кај гинекологот и во книговодство сами ми предложија.уште два дена одам на работа и после користам одмор,па кога ке биде породилното ке го отвориме.ако мене ме излажале и јас ве лажам.
     
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Ако не го отворам, тогаш газдата кога ќе ме пријави за породилно, како оди тоа, од денот кога ќе ме пријави(во одреден рок по пораѓајот) или мора да е од денот кога сум породена?
     
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    И јас така планирам прво ќе си искористам одморот, па после породилно, но уште не сум начисто со математиката, кога да го земам одморот, бидејќи има шанси нели да се породам пред термин па ќе ми пропадната деновите од одморот :D или пак ако го земам некој ден порано, па како што може да биде да се породам после термин, пак многу денови ќе ми отидат од породилното што не сакам, а после одморот да се вратам на работа и да чекам болки таму, не ми иде некако ни тоа :^)
     
  20. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    28 дена пред термин, на ден на породување или во период од овие 28 ден ПРЕД термин сеедно кога саката, тие 45 дена што ви ги кажале се за патолошка бременост и имора да имате комисиско одобрение инаку неможе трудничко тогаш да се отвори