Првата бременост ја повраќав и водата, исто, ништо не се напив. Среќа втората и третата поминав без мака. Искрено, да беше исто како првата ќе пиев, и тоа редовно. Со мали деца кои чекаат на мене или пак ако треба на работа да се оди, не е изводливо да се лежи и трпи. На крај краишта и ништо од тоа да не е, не треба трудницата да се исцрпува до состојба на нефункционирање. Јас би набавила од оние кои ги препорача @duffi. Бела базен и езерска вода не препорачуваат. Море можеш.
Здраво девојки, сакам да прашам можеби некоја има искуство Имав исцедок густ како жолтеникав но немаше никаков непријатен мирис 25+4 сум . Гинекологот ми препиша еритромицин од 250мг и вагинални полигинакс. Бебушко до пред некој ден си го чуствував силно и се познаваше на мешето а сега некако помалку, дали е завртено на друга страна или? а од терапијата нон стоп течам како река..ве молам за совет? Благодарам
Пробај прво со таблетите антиметил и плус 3*1 б6 витамин. Ако не ти е подобро тогаш премини на овие кој ти ги даде докторот.
Ke pocna so ovie da ne mesam sepak e toj iskusen doktor valda znaet toj eve pak povrakam mnnn kako cesma sum
Пиј си штом ти препишал лекар. Ние не сме постручни од него сигурно . Подобро да си пиеш и да ти биде подобро отколку да се истураш од повраќање и да дехидрираш, не е добро тоа за плодот. Мене регланот ме спаси, инаку бев катастрофа. И повеке течности внесувај. Со лесно.
Ранитадин земам цела бременост од доктор препишани, јас не повраќав но многу киселини имав. Сепак докторите знаат повеќе од нас.
Vcera i denes me utepaa kiselini. Do sega nemav tolku cesto, voobicaeno navecer. So sto gi ublazuvate?
На двете лекарства пишува дека се пренесуваат преку плацентата и ако е нужно да се примаат па вие си знаете колку енужно
Искусни, неискусни, сите доктори одма даваат ранитал и реглан како да се витаминчиња. Ај ранитал, ама регланот влијае на централен нервен систем. Кај мене двете бремености се патолошки со дијагноза хипермезис гравидарум, значи повраќање и мачнини до крај на бременоста. И да ви кажам, е претешко. Ама оваа бременост прво што направив е зедов боледување и одев на инфузии, да се хидрирам. Примав физиолошки со вит. ц и б6, и гликоза по потреба. На телото му треба одмор и хидратација преку инфузија, а не одма со лекарства. Најлесно им е така на докториве, препиши и откачи се од пациентката. Јас тек при крај на прво тромесечие, кога стана алармантно примив зофран во инфузија, еднаш и толку беше. Не помогна. Оттогаш, еве веќе седми месец стигнав, по потреба примам инфузии. Научив да живеам и да се справувам, знам дека ќе биде уште малце. Затоа пробајте прво со нешто побезопасно, после ако е неиздржливо, земете терапија. И малку со резерва со докторите, не прифаќајте одма здраво за готово, распрашајте се за други опции кои се побезбедни и за вас и за бебето.
Јас од денес го разситнувам 9ти месец, уште 21 ден до "Големиот ден" освем ако не реши мала да не изненади пред време, но ја носам многу високо па ваљда ќе си доседи до крај. Имам измешани чувства и емоции и се радувам и страв ме фаќа во исто време,и на мене крај не ми се најдува Гледав на ју туб видеа околу бременост,бебе,доење итн... налетав на видеа од мајки тука во Usa што се регистрираат на веб страни и ти праќаат без пари бебешки производи,некои се со по мали ама има и full size производи,па се регистрирав на неколку и ја добив првата (baby box )па сега да видиме што ќе пратат и другите. Вака изгледа baby box , читав низ некои Европски држави ги даваат од болницата на денот кога си ги носат бебињата дома, се надевам и во Македонија да почнат
Мојава апликација ме потсетува денеска дека имам 7 дејс лефт! Епа стварно сака бебево да ме мачи до крај, а мислев вториве порано искачаат Се гледам во огледало, стомакот е уште горе, и колку што се сеќавам со првото стомакот се спушти 2-3 дена пред да се породам. Болки све поредовни, посебно во бешика, непреспани ноќи исто редовни, колковите ги осеќам расчеречено овие три дена... Сѐ на сѐ не се трпам више! @ane.bella и во Мк даваат за искачање од болница тн. беби пакет, кој на времето бил повеќе пакет, баш добивале торбица пуна со козметика, а сега се повеќе ситници како пример тестери. Секоја болница своја политика за подароци има, ама на државно се мизерија.
Издржи ситно броиш,изгледа ти ќе ја отвориш сезоната на јунски бебиња последните денови се нај тешки и јас ко тебе целата расштрафена се чуствувам и ко успорена снимка сум А нели во Мкд. даваат и еднократен паричен надоместок или грешка сум? овде нема пари но затоа добиваш една торбица полна со памперс,влажни 2 големи шишиња адапт.млеко, шише бебешко креми и не ми текнува што друго имаше, престој и нега во болница ко во хотел со 5* и толку
Собите се како дневна соба а бебето го ставаат во такво како креветче да го кажам дрвено Сега скоро братучетка ми се породи во Њујорк па ми пушташе слики.
Даваат да, само за првородено дете, од државата не од болницата. Фала, издржувам некако, среќа не одам на работа ама па затоа се нервирам што ми е досадно а не ме бидуе ни за работа по дома. Инаку се надевам да не ја отворам јунска сезона, дај боже да ја затворам мајска
Па не баш ко дневна соба повеќе е ко хотелска голема соба со нормално болнички кревет, а креветчето е пластично прозирно ко коритце, плус кревет за таткото,сопствено купатило,тв, има мени да одбериш каква храна сакаш 3х на ден. Ваљда варира и од болница до болница но до кај што сум била до сега секаде е убаво. П.С. денеска одам на последно мерење за бебчето да видиме колкаво е во 9 ти месец. Колку од прилика накачуваат во килажа последниот месец? @Kitten е ај ако не ти затвори ја мајската,само со лесно нека е
Otidov vo apteka da gi zemam nee mi rekoa stetni se za bremenost mu stetat na mozkot na bebeto mi dade antimetil bile za bremenost
Nema steta za bebeto i ja se plasev doktorot mi objasni deka nema nisto za bebeto makata e za tebe sto nemas sila za nisto
Регланот не е добар и во нормални околности да го користиш, во бременост па никако. Има доктори што го препишуваат да, ама јас да сум на твое место не би го пиела Антиметил+б6 помага, Ранитал во поодмината бременост да,на почеток не.