Здраво девојки Некаде низ темава имаше пишувано за ова, но ако знае некој како е сега да ми каже. Планирам да се пораѓам на ГАК а имам потврда за крвна група од Ремедика. Дали ГАК признаваат од приватни лаборатории или треба пак да се боцкам на Институт за трансфузиологија?
Jaс стигнав до 30+3 според мерките на ехо сум 32+2, беба е супер дури и свртена е надолу, мама исто супер ми се покачило железото, а и ми го измерија фамозниот цервикс и тоа на мое барање, докторката се изнасмеа кога и реков, ми вика ајде соблакај се ама ќе видиш дека се си е во ред. Веќе ни станува реалност дека ќе дојде девојката наскоро. Купивме количка и креветче скоро сме спремни уште собата да и ја исчистиме мада нема да ја користи. Сега треба да се одлучам каде породување, во ремедика не качија да ги видиме собите само што го видов креветот и цтг-то ми се слоши. Мислам дека ич не сум спремна психички, се будам навечер со страв, а маж ми пак се чуди зошто толку страв сите жени раѓале нека ме замени де.
Добро луѓе што е ова со гладта? Утре навршувам 34та и влегувам во 35та недела и последнава недела умирам од глад, односно ме фаќаат бар еднаш на ден силни потреби за јадење ко да не сум јадена една недела (а јадена сум немам скокнато оброк овие 8 месеци). Среќа има овошје и зеленчук инаку не знам со тежинава до крај што ќе бидне а таман читав демек голем стомакот, притискал на желудник, помалку се јадело...јас обратно
Be cool butterfly ради пеперутките искрено ми се чини лесна па ќе видиме. Како што знам во трето тромесечие се потребни плус 900 калории така да не е чудно што ти се јаде, гледај да е овошје, зеленчук и протеини. И јас сум гладна често, вистина не можам количински да изедам многу ама имам мали оброци почесто, инаку имам качено 9 кг, мислам дека до 15 ка ќе стигнам до крај.
Deneska mi se smiria povrakanjata i oiselinite od antimetil tableetite se nadevam ke prodolzam vaka mi ostana barem nesto jadenje vo meseto
И да не ти ја признаат, таму ќе ти направат. Јас имав од трансфузиологија, па во Систина не ми ја прифатија, ми направија нова во нивната лабораторија.
@mimiiiii Нашите моми ќе стигнат можда и во ист ден 30+3, на ехо сум недела поназад, стомачето и било помало за скоро десетина дена :/ Ме загрижи малку, ама вика е нормално.. Водичка си има, си пливка и си шутира по цел ден, јас си гледам слики и видеа од бебиња и си пуштам по некоја солзичка редовно Се што е поврзано со деца ме тера на плачка ете, јас која што воопшто не бев дечар За 2 недели брисеви, па во 35та недела ми рече на прв преглед во Систина ќе ме прати, мое е да одберам гинеколог и да ме испрати кај него. Сега ќе се зачитам во таа тема се надевам убаво ќе изберам. И вака по недели кога ги бројам, се свестувам дека ситно броиме. Ми смета миров во куќава, ми смета и тоа што ми е досадно кога мм не е дома, ми смета што имам многу слободно време и кога се ми е спастрено по дома,само сакам да ми дојде принцезата што е можно побрзо, да плачеме и да се гушкаме по цел ден
Женски вие што сте дома на мирување како ви изгледа денот??? Јас до пред месец и нешто си одев на работа се нормално но се заморував па земав 2 недели слободно по кои бев на преглед на кој ми констатираа контракции па следеше 2 недели стрикно мирување. Сега немам контракции цервикс на послед преглед 40мм ама ради лоша постелка ( 4 лакуни ) препорачано ми е мирување. Е сега дома сум не одам на работа ама па и обично искачање од дома до доктор ме замара и одма кичма ме боли... Инаку сум 28 +1 денес.. Да напоменам на периоди имам и менструални болки кои поминуваат за саат, два... Ама па испаничена сум и гледам да лежам повеќе искачање ретко 2 пати неделно.. Нормално е болки сега, кичма да ме боли толку и заморов?? Искрено си викам алал да им е на тие што нормално си одат на работа јака им душа.. И некој друг да не има со лакуни на постелка со по 2 клексана терапија на ден да ми каже како функционира?
38+5 и вагиналниот преглед со рака го преживеав,се надевам беше прв и последен. 2 прста отворена како што сфатив,малку бев во транс Плодова вода имам,бебе до 3400 кг,цтг супер Мора ова бебче до вторник да издржи,да фати мама породилно. До понеделник морам да одлучам дали ќе одам на природно или царски. Докторката ме убедува природно,амаа храбра не сум Од страна на симптоми си имам често стегање на стомак,жештини при спиење страшни...киселини си мислам нов желудник ќе ми треба.
Да ист термин сме и @karak е тогаш мислам и све девојки. Инаку за големина не се секирај, јас пак паничев оти оди напред ама тоа се некој просечни мерки, а сите бебиња не се исти. И јас размислувам за Систина или Ремедика, треба таа дилема да си ја решам... Мене докторкава што ме води не ми спомна ништо за брисеви ми рече да уживам до 35-6 недела и да не читам за породување веќе.
@mimiiiii а до сега не си била за брисеви? Пошо два пати се прават во цела бременост, чисто ради контрола да видите да не имаш закачено некоја бактерија. Многу изладена твојата докторка @baby 5 Ааа ние нашата нема да ја даваме, на мм болната точка е тоа Кога на шала ќе ми рече “ее па ти секој ден кај мајка одиш”, му викам дека и неговата еден ден ќе дојде кога ќе замине од дома у смисла на мажење,и зарем нема да иде кај мене ако е блиску? Абе со поглед ме сече и спремен е да ме убие мислам ради муабетот. Значи она (здравје боже до тогаш, далеку одам со муабетот) никогаш НЕМА да се мажи, нема ни дечко да има, нема искачање до 18, дома ќе си биде со нас за навек Како се чуствувате вие што сте 30+? Па не можам да се дигнам од кревет бре,11 саат е, срамота. Среќа неколку клоцања од бебуш ме разбудија,ќе си продолжев уште со спиење. Ко во прво тромесечие се осеќам, ништо не ми се прави и само би да спавам На работа седам,не ми е напорна работата, и уморна си доаѓам дома спремна за легнување кo на нива да сум копала
Правев во 12 та недела се беше ок, како што знам сега за стрептокока во 35 та се прави, ама ништо не ми спомна. А за напорно мене на работа ми е крш за седење тастатурата на стомак ја ставам, маж ми почна да ми облекува патики како кит се осеќам, а до крај што ќе се прави. @anichka94 размислуваш за елективен царски?
Хаха не ви ја земаме мм кога кажаа маже е тој оф добро е тој ќе донесе нема да го даваме хаха на сестраму на свадба плачеше и велеше фала ти Господе што ќе имам син... маживе се опасна раб му велам а јас бре од друг град дојдов за тебе...а за умор ајде вие на раб одите колку и да ви е лесна сепак од дома излезете а јас дома лежам и се осеќам ко трактор да ме згазил од се се задишувам па и притисок осеќам долу на моменти мислам мочниот меур ќе ми излезе...ајде уште малце ќе истрпиме