Отиде светот напред и уште не направија кревет за масажа со дупка за стомак за трудници Јас си сакам на стомак да легнам и да заспијам
Дали знаете дали има испитувања кои следуваат кога сте бремени, бесплатно кај матичен гинеколог, или све се плаќа? Треба да почнам да одам, па да знам унапред, да не плаќам за нешто што не мора. Би прашала кај матичната, ама од кај знам дека нема да ме прелаже нешто.
A bas me interesira kaj noze da se prijavi? zasto ni zema po 200 den ako ti dava pecatena skika od eho snimkata? ako si trudnica sekoja kontrola i doaga da platis.
37 недели и не можам повеќе да се поднесам сама и ги жалам домашниве со мене Само офкам туфкам и за ништо не ме бидува, малце да фатам работа низ дома и после цел ден све ме боли и едвај земам воздих, а пак и да седам не можам од седење грбот боли и така крајот не ми се најдува, како сте вие лепотици?
Утре ќе одам првпат, и затоа прашувам. До сега по 1500-2000 денари плаќав за брисеви, Пап тест, типизации и рандом ехо, обично одев на 4-6 месеца. Ако сега треба да плаќам толку секое идење, ќе ми треба кредит
Види, јас по 400 плаќам за ехо . И нема да ти помине тужбата затоа што фондот покрива ехо преглед со апарат кој веќе никаде не се користи. Сите гинеколози користат подобри апарати и затоа си наплаќаат без пардон.
Јас плаќам за ехо 300, гледам сите горе долу плаќаат кој 200 кој 300. А баш сега една другарка ми кажа дека не плаќала ништо.
Ако е матичен не би требало да плаќаш по 2000. Да не одиш на приватно? Имаш печат од неги во книшка дека ти е матичен? Во бременост посебно си се ослободени од сите трошоци трудниците, оние што фзо ги покрива. До душе матичниот не треба да ги наплаќа прегледите ниту на тие што не се бремени. Јас оваа бременост сменив матичен, од 300 ехото го накачи на 400 (и тоа поскапо е кај него за трудници ), и кај новиот не плаќам ништо.
Jas na privatno odam po 1000 den pregled a kaj maticnata po 100 den ama ne mi se svuga nema mn znaenje ama nemame dr maticen i zatoa na privatno odam
Женски каков магнезиум пиете. Јас сум 15 +2 и досега не пиев никаков. Гинекологот кога го прашав ми рече пиј ако сакаш, ама каков не ми спомна. Бидејќи немав никакви болки си реков нема потреба, ама сега некако почнаа сите мускули да ме болат и при најмла прошетка. Ми треперат очните капаци и читав дека тоа можело да е од недостаток на магнезиум. Се бапив вчера магнезиум директ, ама мн ми е одвратен. Нема ли некој во апче. Порано пред да останам бремена пиев форвита анти стрес што е комбинација на мг со б6, но не знам дали смеам сега да пијам?
Кој магнезиум директ го проба, тој на Алкалоид или Натурал велт? Едниот е со вкус на грејпфрут, другиот на помаранџа. И јас во првите три месеци имав проблем со вкусови, од едниот ќе повраќав колку ми беше гаден а со другиот немав проблем. Или пак пробај во апчиња, јас исто би ти го препорачала тој на Натурал велт, околу 500ден е, но има 100 таблетки. Колку што прочитав на нет, и тој Форвита можеш да го пиеш, нема други состојки освен тие две.
Од натурал велт е со вкус на портокал. Исто како да пијам неразредена цедевита. И јас мислам дека можам да пијам форвита и на неа пишува дека сњ пие во бременост но само по 1 таблета.
И мојот матичен наплаќаше се, неколку пати им побарав фискална и ми кажуваат не им работела во моментот... Крајно безобразни се, за брисеви и мене првите 2 пати кога бев него уште како девојче ми наплаќаше по 1500 ден иако ми беше матичен, па кога разбрав дека не е таа сумата која се плаќа кај матичен им спукав на сестрите па следен пат не ми побараа пари..