По правило и законски бремена жена не плаќа прегледи, ниту брисеви на државно, можда и кс и сл, не сум сигурна. Ама гинеколозите си тераат по свое така да...твое е да прашаш зошто ти наплаќаат кога си бремена
Јас си преќутувам затоа што сите наплаќаат кој повеќе кој помалку ако прашуваш зошто ќе те гледаат попреку а згора на се гинеколози многу малку има и не сите следат бременост.
Едно време плаќав помалку, бесплатно никогаш не било ништо, ама кога испадна 2-3 пати дека државните испитувања не се точни, веќе сама викав ќе си ги платам приватно. Подобро да знам ако има некој проблем него да се лажам дека се е во ред, па со години најверојатно сум шетала со дијагноза. Затоа прашувам за бременост, знам дека има еден тон тестови и крвни испитувања, да знам што треба да се плаќа а што не. Ако си имам мака, приватно не ми бега, ама ако нешто ми следува со здравствено осигурување зошто да не го искористам, кога со години сум таму матична. Па ако треба ќе правам плус и приватно ако морам.
Брисевите се бесплатни заедно со проверка за хиф и хепатит. ТОРЧ исто така. Приска, проверка на крвна група мислам дека е (уште немам проверено). Оние со понапредна бременост нека кажат што уште не се плаќа, јас толку имам проверено до сега.
Мене за ехо ми зема колку што ќе и текни на сестрата некогаш 200 некогаш 300. Сега ќе треба да ми зема брисеви па ќе видам како ќе биди со плаќање.
Да сите анализи се бесплатни два пати до сега ги правам кај мојот матичен и бесплатно па дури и прегледите се бесплатни самата сестра ми кажа дека за бремени жени сее бесплатно..
Кај мене многу рано се сврте , накај 27, 28 недела. И така и си остана до раѓање, иако царски се пораѓав.
39+4... цтг вика имам болки, а јас не осеќам ништо. Една докторка вика 2 прста отворена, другиот ден друга вика не си отворена. Па добро бе мајку му стара, има ли некој нормален тука? А дека веќе ми е мачно, ми е ептен. Абер од породување никаков, изглеа ќе си ја носам и цела 40та недела.
Девојки на трасфузиологија скоро има отворена амбуланта за бремени жени и термини има секој ден. Ова е ново па да си знаете.
Да споделам искуство во однос на плаќањето, досега не сум платила ништо буквално, ехо кај матичен гениколог исто како и претходно пред да останам бремена е бесплатно ( 4д ехо има), трансфузиологија проверка на крвна група е бесплатно, крвна слика и мокрача исто бесплатно ( дури ни не се чекало ред за трудници и деца), ПАП тест претходно кога правев и брисеви беше бесплатно ( сега сум за два дена за брисеви се надевам пак ќе е бесплатно), ќе споделам искуство наредно со ПРИСКА како оди наплаќањето. Поздрав девојќи
Јас завчера бев на трансфузиологија и на шалтер веднаш ми го земаа упатот така што прескокнаа две жени ( намерно или случајно не знам ) и во тој момент кога викна една жена дека се бутам преку ред и сум некултурна... се расплакав нормално затоа што ниту се бутав а едвај стоев. На вратата број 4 ме пратија и имаше двајца пред мене ама веќе осеќав голем притисок доле и си реков да ризикувам да се породам за глупости ,нема , и си влегов преку ред целата во солзи ги замолив лаборантите и ме примија одма . А дека има посебна амбуланта не знам
Мене вчера ми го дадоа упатот и ми кажа одма за утре да одам и се зачудев многу брзо и ми вика дека тоа било нова амбуланта за бремени жени.
И мене мидадоа така упат затоа што не ме гледаше доктор ама дај боже нека има таква амбуланта затоа што таа гужва не е хумана ни за обичен пациент а не за трудница.