Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не планирам да го отворам додека не се породам, значи по породувањето автоматски стартува(кога ќе ги однесат документите) или може да стартува неколку дена покасно.
    Пример се породам 7 Јануари, а да почне од 10ти Јануари?
     
  2. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    не се сеќирај водењакот не пука како на филмовите и оп вода да тече. нормално е тоа што ти се случува но ако е премногу зачестено (незнам која недела си) може да станува збор за постепено испуштање на плодова вода која што во подоцнежната бременост е исто така нормална поради поставеноста на бебето.инако и те како ќе знаеш дека е врме за породување не се секирај :D , доколку нема слуз кој што е растеглив или бледо црвенкасто-кафено во него има време.водењакот од како ќе пукне започнуваат контракции кои што се во голем број случаеви на интервал од 30мин, па постепено се намалуваат, е кога кје неможеш воздух да земеш и се на 2 мин, тогаш веќе е скоро дојдено време што не е случај кај сите еве јас сум исклучкок имав на секои 2 мин.контракции цели 10 часа со само 4 прсти отвор. така да се додека не ти почнат контракциите шетај што повеќе и не дреми по болници за џабе.поздрав и со лесно, а да подобро само да пукне него таму да ти го пукаат со шило ;)
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    laddy како си, што бидна било тоа водењакот или не? :)
     
  4. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    најдоцна на денот на породувањето матичниот ќе ти отвори боледување во 2 примероци двата ги носиш навремено во фирма поради пресметка на плата, едниот во книговодство другиот оди во социјално заедно со извод од детето и барање од социјално.Инаку да не не караат префрлете го муабетов во породилно одсуство има таму пишувани и таму да продолжиме.на некој ќе му биде ова инфо од корист. извинете модератори
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^и јас помислив на таква тема, ама најдов само со паричен надоместок, а посебно за ова не, па затоа и пишав тука :)
    Како и да е фала ти многу...
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    еве ме и мене со мој УП ДАТЕ утре влегуваме во 37ма, страшно ми е тешко веќе иако не се поправив многу само 14 кг, за разлика од првата каде што бев +40 и бев пред :@ сега сум многу полесна поподвижна, но умрев од киселини, ненормална болка во крстот на половината, грбот, а по ново еве веќе 3 дена препоните и д...а, со еден збор УМИРАМ од тешко.Немам доволно доток на кислород се замарам со еден чекор, а ова зверчево како за инат се тегне во исто време и со раце и со нозе и стомакот ми е ко да е алиен од 8ми путник внатре.фала богу до сега лесна бременост без никакви инфекции, уредно се освен едена досадна бактерија во мокрача но неа ќе ја лечиме покасно.на бебчо важно не му смета и за сега нека дреми таму.епа доста ви е од мене.првото го родив во 37н4д, па ако ова се смилува да биде во брзо време со дада ќе ме поштеди од маките наскоро.Со лесно женски на сите
     
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^епа со лесно нека ти оди пораѓањето...и штом сакаш тогаш што побрзо да даде господ да се олесниш
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    305
    Колешка моја отиде на породилно 45 дена пред пораѓај без никви комисии еве што пишува во законот

    Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство
    Член 165
    (1) Работничка за време на бременост, раѓање и родителство има право на
    платено отсуство од работа во траење од девет месеца непрекинато, а доколку
    роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една година.
    (2) Врз основа на наод од надлежниот здравствен орган, работничката може да го
    започне отсуството за бременост, раѓање и родителство 45 дена пред раѓањето, а
    задолжително 28 дена пред раѓање.
    (3) Доколку работничката се породи порано од рокот утврден во ставот (2) на
    овој член, отсуството за бременост и раѓање започнува да го користи од денот на
    раѓање на детето до истекот на рокот од ставот (1) на овој член.
    (4) Доколку од здравствени причини детето е задржано за нега или лекување во
    здравствена установа и доколку во меѓувреме мајката или таткото се вратат на работа, отсуство поради раѓање и родителство се прекинува и истото имаат право
    да го искористат неискористениот дел од отсуството од ставот (1) на овој член.
    (5) Работникот е должен на работодавачот да му го најави времето на
    започнувањето на користењето и времето на завршување на родителското
    отсуство 30 дена пред започнувањето, односно пред завршувањето на
    користењето на правото на родителско отсуство.
    (6) Работничка која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на
    деветмесечна возраст на детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или
    повеќе) една година.
    (7) Работничка која посвојува дете има право на платено отсуство за
    времетраењето на периодот на адаптацијата на детето, согласно со прописите за
    семејството.
     
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добар ден феминки гледам расположени за муабет :D ние само да ве поздравиме со мешкото мое и да ви посакаме убаво попладне :hai:
     
  10. ecapereca

    ecapereca Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    474
    Ајде и овде да пишам, да ви биде малку поинтересно со моите случувања. Сага па испадна дека можеби ни не сум имала вонматерична туку анембрионална бременост која завршила со спонтан. Тоа за што се сомневаа дека е вонматерично, сеуште си стои и после 3 инекции метатрексат. Изгледа ќе да биле фоликули, смешки. Сепак мораа така да изреагираат докторите дека бременост постоеше, а никаде немаше ништо. Крварење и болки исто немаше, а се покажуваше дека нешто не е во ред. Инекциите ме спасија од повторна киретажа. Како и да е, витална нормална бременсот немаше. Ќе направам испитувања, брисеви, докторот ме советува и за хистероскопија. Минатиот спонтан брисевите што ги направив сите беа негативни, немаше ни наод за септум.
    Добра сум, се помина како еден лош сон, плодче не ни почнало да се развива, тоа ме теши. За 6 месеци здравје Боже со крената глава и со Господ напред.
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.702
    Допаѓања:
    253.489
    Има тема за породилно отсуство, ама ајде пак ќе пишам и овде. Може да се отвори и на денот на пораѓањето, неможе пред 28 дена од терминот, а за 45 дена се оди на комисија, или доколку се работи за патолошка бременост со препорака од матичен. Јас планирам 10 дена пред термин да си отворам, да не фатам нов месец, затоа што сама си плаќам придонеси. Си се распршав јас во Фондот, плус матичната, а и од искуство со трудниците околу мене.

    И да си прашам, како да си го ставам тикерот? :D
    Офф сум ама со месеци се мачам па :tmi: .
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^и јас сама си плаќам придонеси....ама од што чекав работа божем денес утре....со последен воз решивме да одиме на оваа варијанта. И сега ако се породам пред 1.1.2014. не фаќам 6 месеци.Ептен идам на се или ништо. Затоа JuLleE пушти ми ЛП што е финтата со новиот месец.

    Инаку еве како да си направиш тикерче:

    Најпрвин отиди на некоја од страните за да направите тикер, откако ќе го изготвиш избери BB Code, откако ќе ти се појави BB Code обележи го и copy

    [​IMG]

    Потоа врати се на форумот, влези во контра панел, па во профил,па од лево имаш листа - потпис,во делот за текст стискаш paste, и на крај испрати
    еве неколку линкови каде што можете да креирате сопствен тикер

    http://daisypath.com/
    http://www.magicalkingdoms.com/timers/
    http://ticker.7910.org
    http://distickers.com/ticker/
    http://www.ezticker.com/tickers/events.html
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    аа ете јуле праша за тикет :) и јас пробував ама никако да направам :^) ај да пробам сега :D
     
  14. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    и јас сакав за истото да прашам :)
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ете 2 мислења погоре имам пишанo :)
     
  16. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    сноу ако се породиш пред термин или пред 6 месеци да направиш стаж едноставно ќе направиш спогдбен отказ со фирмата и фино лепо ќе си се одјавиш од завод.никој таму незнае дали си бремена или не дали сама плаќаш придонеси или не. така да има многу дупки што може да се искористат, е сега парите ќе ти пропаднат што сама си ги плаќала ама па ништо страшно така требало да биде.значи има решение не се сеќирај, а јулие сакаше да ти каже дека и еден ден од нов месец да помине влегуваш во пресметка за плата од тој месец и ќе треба да платиш пак придонеси не цела сума но сепак се плаќа, така да 28 дена ти е најбезболно и стегај не го пуштај да се роди пред тоа време :D :D сепак жртва за бебчо се прави.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Денеска се исконсултирав и со секретарката каде што работам, во врска со отворање на породилното отсуство. Таа ми кажа дека мој избор е дали ќе го отворам порано, т.е. 28 дена пред терминот или на денот на раѓањето. Ви благодарам на сите што се потрудивте да ми помогнете околу оваа дилема и ви посакувам убави труднички денови и лесно породување.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    67
    Феминки во 37ма недела како сте? Јас сум премооооорена. По цели ноќи се будам се вртам ме боли грбот ,никако да се наместам убаво,имам и по некој грч во нозеве, главоболка, а бебушчево си се размрдува, почна да се истегнува, ми се чини ќе ми пукне мешето. Ништо не работам а и неможам само гледам да легнам. Неможам да се наведнам нозете да си ги измијам :( Одам како шатка :D


    Аааах бебушко моја кога ли ќе излезеш :?:
     
    На anicka1anicka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    добре дојде во клубот :D , верувај несакаш да почнам да ти раскажувам како се осеќам, ајде уште малку ни остана ама ако во брзо време не излезе ќе се шекнам или некој ќе истепам :D
     
  20. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    идни мамички добро утро од мене :coffee:

    јас деновиве мака мачам со вртоглавици, дали некој има сличен проблем со мојов? бев и кај докторица си примив инфузија и си се вратив домче ама ова трае веќе неколку дена, интензитетот не е ко пред два дена али сепак се осеќам ептен лошичко неможам многу главава да ја вртам и сл.

    апчиња нели нема и сега незнам што да праам со себе :sweat: