Јас пиев магнезиум директ од 375 мг, но поради многу чести бракстон хикс контракции, ја зголемив дозата и почнав да пијам 2*375 мг. Инаку исто е и кај мене, пулсот е добар а многу јаки срцебиења. Се надевам ќе се среди и кај мене...
Јас имав и висок пулс, обично над 90 и тахикардија. Терапија три пати б6. Се изчезна после породувањето. За антиперспирант истиот како претходно. Правете како ве води интуицијата. Она знае најдобро.
Самата бременост знае и тахикардии да прави. Јас и прва и втора имав пулс над 100ка цело време, кој со вторава бременост и до 160 ми отиде неколку пати, а често до 140 Одма по породувањата магично пулс 70, се осеќав многу чудно поради таа разлика, викам кај ми е срцево што не го осеќам Јас и проблем со тироидна имав, мислам поради неа така ми скокаше, абе под 100че не беше цела бременост.. одмор повеќе, б6 за да се смири срцебиењето. Башка и промената на време си влијае, ке фатат жештини, нетрудна е тешко на жешко, не трудни... ладете се со по некое сладоледче, ладно сокче Честитки Моник! Со лесно само Ајде почни, усоврши се.. сеуште нема некој ептен што се занимава со тоа, па ке биде добар бизнис. Освен капи плети и стегачи, ептен убави такви гледав на Алиекспрес со копче на средина и како машни изгледаат, ептен штосни
Исто. Кога си дојдов од болница и легнував да спијам си проверував каде ми е срцето, дали ми чука. Оти претходно стално го чувствував.
Леле,уште отсега топлото време ми смета,што ли ќе направам до крај ... Изминативе денови останав по лекари,првин за хидронефрозата,требаше сонда да ми стават,но после се фала Богу,остана да се следи ситуацијата,оти најверојатно бебето притиска на каналот,па има застој..После коњуктивитис ми се појави,леле ми се затвори окото..Ајде и тоа помина,добив резултати од брисеви,пак уреаплазма и кандида,ама овој пат се надевам од Лекоклар-от да исчезне..Имате пиено од овој антибиотик,мене толку ме мачи,немам волја за ништо,ко истоштена сум.. Згора на се,контракции многу често имам,па некако целата во стрес сум постојано..Господ нека ни е на помош!!
@Asja И со Лекокларот најобавезно некој добар пробиотик, и многу јогурт пиење, за да не биде џабе лекувањето. Прилично јак антибиотик е,па шансите за кандида се уште поголеми. Жешково и мене ме мачи ама се трудам да го избегнувам колку можам. На работа под клима, дома криење до 7-8 и се трпи Апетитот отиде, ама како да јадам на жештиниве де.. Каде е крајот на јули, ух Друго, да не се подречам супер е. Немам проблеми со ништо освен со мочкање на 20мин редовно Се осеќам супер, си трчкам што вика докторката, не сум се понашала ко трудница, вика сите ми офкаат,ми се жалат, ти си нај не разгалена тука
Денеска повраќање само од сабајле, денот ми помина одлично (за разлика од претходните 3 недели). За јадење уште од сабајле ми е тешко и освен геврече друго не можам да јадам, ама затоа за ручек ми е подобро и си јадам. Само ме интересира дали смеам да јадам луто или тоа му смета на бебушот?
Мешиња дали се осеќате дека мирисате поинаку во трето тромесечие? Се убив од бањање и шлапање млеко за тело и за некој саат пак како неизмиена се осеќам ,умирисана а цело време имам клима уклучена, не се ни препотувам.
Добро утро, јас неможам да спијам од што сум искасана од комарци, можи имам 30 мозолчиња по нозеве, многу ме чешаат. Сакам да прашам дали може да се мачкам со Аутан против комарци??? Или кажете ми некое др решение, неможам повеќе Досега ги мачкам со бела пудра и воопшто не ми помага.
И јас исто приметив од пред некоја недела.. Секој ден бањање / туширање ко шо викаш не се ни потам дома ми е баш пријатно дури со чорапи се шетам... Може до хормоните е ... До сега ми се нема случено ова. Купив и оној стик алое вера на форевер демек на природна база и кристален камен од дм пак џабе...
Можеш, што има штетно во Аутанот за да не смееш? Јас си мачкам, не претерувам со овие ограничување до толку што смее/што не. За мирисот.. не сум осетила поинаку дека мирисам. Баш по свежа сум, не се ни потам многу
Иста сум и јас се велам ко неизбањана сум па мм ме зафркава па маже е ќе мирисаш хаха ставам и бебешка пудра под мишки демек не се потиш како не седам дома и се потам...хормони па и жешко ама ајде уште малце ни остана ситно броиме ќе се шлапаме по цел ден