Треба и двајцата. Јас ја имав некогаш на времето, додека бевме под терапија пожелно беше воопшто да немаме односи, потоа со заштита додека не пројдат 2-3 недели за повторна контрола. Побарај и за маж ти обавезно
Добро утро на сите мешина! Јас пред некој ден официјално го започнав 7ми. Возбуда ме фаќа, радост, страв дали хормони се во прашање, но бебе никогаш не сум фатила во раце, а чекаме две. Нон стоп се запрашувам како ќе се снајдам и дали ќе бидам добра мајка. Само знам дека никогаш нема да ми биде досадно. За купување сум нестрплива да не не изненадат предвреме што не сакам на тоа да размислувам и се договоривме со маж ми деновиве да им купиме се. Вие мешина кога почнавте со купување?
После 6ти месец почнавме со крупните работи, креветче, количка итн..а по некое парталче си купував уште од 12 недела кога ми кажаа дека е машко
Епа и јас само пто велгов во 7 ми почнав да паничам и пошто не искачав од дома ги испопраќав сите да купат по нешто основно.
Ако не примате терапија и двајцата, само ќе си ја префрлате еден на друг, нема да исчезне. Побарај и на док и за сопругот.
^Јас ја прашав на прв скрининг кога бев,исто 12 недела сум,ми рече дури во 20 недела смеат да ми кажат.
Јас ниеднаш не прашав што се а докторите се мачеа да видат пол и секогаш им викав не ми е важно тоа само да се живи и здрави .
Јас да си кажам искуство. Мене за таа бактерија докторот ми даде еритромицин вагинални а за мм вибрамицин. Сепак советувајте се со друг доктор.
И јас бев иста а мм само прашуваше какво е? Пусти мерак за маже...ама како и да е само се покажа во 17 нед и да нејќеш да гледаш оно се покажа мм се расплака од радост се дереше маже е на тато курката хахаха
Јас го прашав за полот и ми рече изгледа машко е ама рано е за сигурно да се кажи, ама ми личи на машко. 12 недела. Јас сакам само да е здраво и живо, па што било нека е.
Зависи и како ќе се намести, синчето во 12 недела беше многу добро наместено и док ми рече со сигурност, рече гледам куре еве го тоа е. Со второво дете бев сега скоро исто во 12 недела, истата док рече личи на женско, куре не гледам ама ќе оставиме простор, некако не ми гарантираше иако јас си го врзав у крпче дека женско имам и крај Зависи дали меѓу нозе се гледа јасна слика, од бебето зависи
Кај мене на првиот скрининг се гледаше нешто и на сликата имам се гледа дека е машко ама докторот несакаше да потврди првим мислев дека е папочната врвка ама на една слика ептен јасно се гледа дека е машко и јас си ставив во главата дека е машко иако сакам девојче да биде но само Здраво и право нека е.. Дали и на вам ви се гледа тоа што јас го видов
Не знам што гледаш, ама јас имам само женски и не знам како изгледа машко на ехо . Извини, не сум ти баш од помош, ама што и да е, живо и здраво да е, ќе си го сакаш до бескрај.
Фала душо.. и јас прв пат гледам машко ни женско не сум видела како изгледа.. да ти се живи и здрави девојчињата
Јас имам гледано на yutube во 12 недела како изгледа бебето и како што вртеше со ехото мене ми се виде како израсток меѓу нозе исто и мм ми рече абе и јас видов така нешто