Доколку купувате се после раѓањето, собирајте си пари... зашто после бебе кога ке дојде глава боли се што треба и плус да се докупи, те некое шише, цуцла, те вакви капки, те такви капки за грчеви (па нема да се погодат и ке купувате додека едни не помогнат), па биогаја, па силиконски брадавици, пелени, влажни, па крема за газето (уште па ако кожата е екстра нежна некоја поскапичка крема), креми за бебе, па пупма, па крема за брадавици, чаеви, влошки еден тон и за доле и за брадавици. Едно 100 евра летнаа само првиот ден кога дојдов дома И башка не е лесно да се изнакупи се во еден ден, а искрено куп работи требаат за бебе Цел месец е малку додека се изнакупи се... Бар две недели пред пораѓај купете си нешто Па и да помине бременоста во страв, со мисла дека нешто може да се случи не е убаво... Купете си нешто бар, никако без ништо... зашто ем вие, ем тие што ке купуваат по раѓање ке се збудалат, а стрес и во тој период па не треба, за да имате млеко нели
А и луѓе сме, од планови и надежи живееме. Нека е секогаш за убаво само. Јас периодов имам труднички напади. Се нешто ме тера на плачење. А баш блиските ме пофалија дека сум била супер во однос на луди хормони. Прошлата недела цел ручек го преплакав. Јадев и плачев. Ми пререкоа нешто и толку ми фалеше. Денес на работа, вилица ми игра цел ден. Едвај се воздржувам. Зашто нешто што чекав, ќе се одложи за месец - два. А не е нешто страшно ако сум реална. Плус ми текна, дека можда и оваа зима нема елка за Нова Година да имам. Мислам дека ќе добијам новогодишна елка уште во Октомври ради испадов денес.
Ехее па јас колку плачење удрив за китовите што умреа од што јаделе пластика и од што ме раскажуваат сите за тоа и ми се смеат еве вчера пак умрел кит од што изел 80 кеси и брзам да затворам информацијата да не гледам инсче отидов пак цел ден во солзи Туку и една комшика ме праша уште колку имам до пораѓај а јас во паника дека ќе се породам многу рано па и на неа и се расплакав не стигнав ни да одговорам.
леле ме изнасмеа за китовите...хахахаха значи што значи жена и хормони еј..јас сум многу рано сеа се смеам..ама натака којзнае каква ќе бидам хихи
Ќе раскажуваш и ти понатака Од плачки за китови, новогодишни елки во Јуни ... ќе видиме што е следно од некоја друга.
Сите имаме некој страв во себе. Јас на пример сакам да размислувам мн позитивно и се трудам. Свекрва ми вели креветчина да купиме после пораѓај, не било страшно ако спијат со мене на спална да не брзаме. Нормално дека нема да ја послушам. Алиштенца им зедов нешто, дури и цуцлина. Ако ви кажам дека на почетокот со маж ми пол уште не знаевме зима беше им купивме скафандери на попуст, комплети за 6-9 месеци срам ме фаќа. Се водевме по тоа дека бебината брзо растат , па затоа сега почнав малечки стварчина да земам.
@TeddyGrey @kostarika me utesivte vo odnos na placenjeto. Jas a se zamislam pocnam da placham, za gluposti, za bez veze raboti. Totalno ne sum placka po priroda ama ova hormonive ja preteraa.
Тато,тета баба дедо сите едвај чекаат да купуваат и чуваат бебе. Непосредно месец дена пред големиот ден ќе се селиме со мм и зашто да влечкам навака натака. Уште сега си мислам бидејки тоа мие позитива дека овој пат ќе си родам бебенце. А царски сама ќе си одлучам заради лични причини. Само нек дојде до тоа.
Ееее јас си плачам на реклами зошто мама плаче кога сум направил се како што треба последно често плачам пред спиење го гушкам синко и си мислам на тоа колку помалку внимание ќе му посветувам кога ќе се роди бебе и јас вчера за елката плачев дали ќе имам време да му украсам елка и ако спиеме во дневна каде ќе ставам две креветчиња и нема да има место за елка
Ова со елкава не сум била само ја. И ја не знам од кај ми излегува ова. Ни во ПМС ваква не сум била. Се тешам дека е до променливово време. Влијае де.
Елката е моментот, бебе треба да се роди околу 10ти декември па си велам неколку дена во болница, па да се прибереме, да се соземеме поминала нг каде елка каде славје, празници во фрка без празнична атмосфера, јас синко кога се роди два месеци неможев да се соземам доење па тече млеко на сите страни, свикување, па крварењето по пораѓај, па додека заздрави сецнатото и се тоа во лето и со едно дете. Сега синко ќе е 2г и 4м, со бебе, со хормони до плафон, и нели зима затворени дома уф си плачам еве додека пишувам.
Ама сега веќе како искусна мајка, у една рака ќе го држиш бебето и ќе доиш а со другата ќе редиш лампиони и успат ќе му пееш на големиот новогодишни песнички да ги научи памти го муабетов
Дај боже така да биде ќе частам, многу сум збунета мм вика дека ко бебе се однесувам кога му ги кажувам стравовите мои се смее вика со какви глупости се замараш за тоа ли се плаче
Здраво мешиња! Ме изнасмеавте со елкава . И јас бев иста.Со второто термин ми беше при крај на декември.Негде околу 9 докторот ми рече дека е можно за скоро да се роди.Јас со трчање дома,елката ја накитив,да не останиме без елка . Така,да накитете си со време,па макар и скриена негде да е по соби ако е прерано.Јас сум бремена трет пат,овој пат не се замарам со ништо,освен што како што видов не сум сама,за се само мисе плаче,и за се мм е крив.Па и крив ,тој сакаше.Нека трпи,нека ќути. Инаку,планирам се да спремам уште во осми месец здравје,зашто не верувам трето да седи до краен термин.Така си направив и со второто се ми беше спремно,алишта,шампони,едино докупував работи за нега,капки и такви чуда.Каде каде си порелаксиран.Дури и за првото му имав спремни алишта за на школо да знаат што да му облечат,и список со јадење,што јаде. Со првото не се доспремив,пред термин дојде па други спремаа.
Период на плачење сите не фатил,м? Да ви кажам јас зошто плачам 2 дена или подобро да си ќутам? Имам мало маченце од месец и пол, бебенце е уште па си го плачам навечер затоа што не можам да сум со него (кај мајка ми е) како поддршка,пошо се осеќам крива што сум го оделила од мајка му, и он наместо да цица од мајка си, ми го шмука прстот замислувајќи ме (според мене) како негова мама да сум и мајчински хормони ќе да се,грижа на совест до бескрај имам зошто не сум таму кога спие,кога јаде и кога сака да си игра Па вака полесно ми е да си пуштам крокодилски солзички пред да отидам да го видам. Нервози имам од домашни проблеми па и за тоа оправдано си плачам, ќе одам на “принуден одмор” кај мајка неколку дена за да се смирам, или трета светска ќе им објавам дома веќе.
Јас имам кученцекое не можам да го шетам колку што треба и секој ден му се извинувам и му кажувам уште колку дена ќе шетаме заедно со близнаците
Мене ми е термин на 24 декември,мене па мува не ме лази (сеа за сеа) ниеднаш не сум плачела за ништо,едноставно гледам максимално да се опуштам,може па дека одам на работа со саати па после раб дома го пуштам мозокот на пасење @Vennera.aa мила ќе им наредиш по дома да ти накитат елка што се замараш ти со тоа не се замарај со глупости сварно,уживај си во бременоста.Одиш на работа? Може имаш многу слободно време па и ако си сама по дома затоа те тепаат такви мисли
Одиси кај мајка најубаво ќе тие. Јас сум кај моите веќе еден месец ама за спиење си одам дома со маже. На целодневна им седам Најважни се тие што ни се во мешето за се друго не вреди да се нервираме.
Така и ќе биде. Многу сум мирна не зборам ништо и не се расправам со никој, си собирам во себе, па плачејќи заспивам навечер за да не ме осети мм. Што е должно бебево па да осеќа немир од мојата нервоза, а осеќа знам пошо ме растура од клоцање кога не сум како што треба. Малку негативности од мене, ама лош период ми е,злобни се луѓево што ме опкруживаат..