Ако не ти стварат мачнини пиј ги наутро. Јас фемибион , магнезиум пиев како ќе ми дојде не е битно во кој дел од денот.
За железото по едно наутро по можност пред појадок, ако ти се гади од нив после јадење ќе си ги пиеш. Магнезиумот нема правило кога, лично јас навечер пред спиење го пијам пошто само навечер грчеви во нозе ме фаќаат. Фемибионот било кога, по едно дневно само.
Здраво Читам сте пишувале за прегледи кај матичните. Јас плаќам за ехо по 200ден, вчера бев за брисеви, платив 650ден кај неа. Не ми дава фискални сметки никогаш. Потоа ги носев во државна болница, и таму е бесплатно. Бесплатни ми се крвните анализи секој месец. Приска треба да правам следната недела, овде во приватна лабораторија е 3800ден, а во Скопје на државна е бесплатно, така ми кажа матичната. Патот до Скопје и назад мене и дм ќе не чини околу 2500ден, така да најверојатно нема да се малтретирам на ова жешко до Ск, и тука ќе завршам работа.
Приската е само статистика, важно е доктор да го види нухалниот набор. Јас не би да си фрлам толку пари, но ти си знаеш.
Фала ви и јас магнезиумот ги пием навечер пред да си легнем сега фемибионот ке ги пием за ручек да не ми дојде се одеднаш
Мешина дали во текот на денот ви се стврднува мешето? Дали е нормално? Папукот како што ми е нанадвор излезен наеднаш оди навнатре ( јас си умислувам дека јадат бебината) па по некое време е рамен и пак ми се повторува истото. Најмногу ова ми се случува додека лежам, па станав бришев прашина се занимавав да не мислам на ова се беше во ред значи во движење немам ништо, легнав пак истото. Дали се овие бракстон хикс? Болки немам. Инаку од утре ја почнувам 28 гн.
Јас сум 19 недела и понекогаш ми се стврднува јас кога прашав ми рекоја дека е нормално па сега се надевам дека е нормално
Еднаш ми се стврда слично како твоето . Рано е за лажни контракции ,така ми кажа гинекологот исто во таа недела кога го прашав иско јас со близнаци сум и треба да се поранко . Затоа извести го докторот.
Апчињата за железо е најдобро да се пијат заедно со оброк ради мачнини, можеш и витамин ц да земеш заедно со апчето за подобра апсорпција. А фемибионот го пијам како ќе ми текне не знам дали има везе.
Нормално е. Инаку така е од мрдањето на бебињата, премногу се движат и и прават притисок на матката и затоа те заболува. Најголеми болки имав кога на мојава госпоѓа и текна во 32ра да се заврти карлично, па пак големи болки во 36та кога си се заврте пак со главата надолу. Поголемки, повеќе и повеќе ке имаш таква незгодна болка, особено што се две. Баш со пријателка се гледав што носеше близнаци, рипаше од стол од што ја заболуваше, екстремни вртења и правеа малите, ги роди 39+
Да ве прашам вие што сте дома на мирување.. чувствувате ли притисок кога се движите? Бев на доктор се е ок... цтг мирно, цервикс 39мм, 30та недела сум. Инаку ради лакуни на постелка дома сум на мирување. Но еве а малце се раздвижам низ дома одма притисок осеќам доле во стомак ко нелагодност и кичмата одма ме боли.. Не се баш болки ама така ко да ми тежи и неможам мн на нозе да стојам.. кога ќе легнам поминува. Се нервирам се осеќам неспособна неможам ништо низ дома да си завршам. Читам жени чистат готват им се дивам.
Да ,јас одамна осеќам таков притисок и не наоѓаат причина за тоа. Ама престанав да идам на јазик пошто не можев да издржам притисокот после пола саат стануваше неиздржлив . И тоа наеднаш дојде , претходно пешачев по 8 км на ден си одев на јазик , кафе.сега и на преглед ако треба да почекам тешко ми е дури и на седење а за одење ич. Лежам дома и ништо не работам . Доаѓаат ми помагаат а ако не дојдат си седиме така потрупани и пржи јајца маж ми илиќеземе готово јадење . Секој е различен, седи си дома, лежи си за да си издржиш до крај остај чистењето не е важно сега.
Нема веза за фемибионот може да се пие било кога во денот мене ми беше за железото денеска пиев на гладно немав мачнини се надевам дека нема да имам и понатаму
Баш така и на преглед кога одам одвај издржувам... ништо значи ќе си лежам само.. И ние одамна сме на купечка храна немам зготвено не памтам од кога.. Сабајле шејк и чај што ќе направам и одма неможам веќе да стојам. Пред недела ипол примив инекции флостерон па си викав од тие да не ми е ама изглеа расте бебуш се шири матка па не секој поднесува исто... Ти која недела си?
32+2 и јас потстанувам за нешто сафра кога ќе ме фати Ама у глвно да си измијам овошје ако нема кој и слично
Мешиња, го поминавме и скринингот и приска тестот Бебушот е одличен, мерките и резултатите од приска беа супер, многу ми олесна... Следно на 27ми за брисеви, чудно ми е што први брисеви ми закажуваат дури во 15та недела но за следниве две недели нема слободен термин.. Изгледа е девојченце многу се израдував, уште кога бевме во врска со мм зборувавме дека сакаме да имаме девојче и си направивме списоче со имиња. Сега конечно се чувстувам посигурна, до сега секој ден ми беше страв дали е се како што треба, а после скринингот кога видов како претка и се врти ми дојде сила и верба дека се ќе биде во ред.. Понекогаш си се карам себеси дека заради мојата љубопитност неколку години читам по интернет секакви искуства на жени кои неможеле да останат бремени или кои имале спонтани, си всадив страв и двоумење дали ќе биде се во ред..
Со лесно мила, и јас сум таква како тебе само некои негативности читав на нет и само се правев стравови. Повеќе не читам за спонатни абортуси и др такви трауми, туку само позитивни работи за развојот на бебенцето. Поздрав и само пизитивни мисли и се ќе биде во ред, и јас се смирив кога го видов бебенцето на првиот скриниг како мрда со рачињата и ноџињата
Јас денес не поминав баш најдобро на контрола. Малку ми била намалена плодова вода и бебе е во некоја лоша положба стуткано ниш не се гледа. Плус постилка на преден зид. Од ум се извадив еве уште си плачам. Утре ќе одам Плодност кај Поповски да видам што ќе ми кажи. Овој др ми закажа за 10 дена контрола, освен да чекаме др ниш неможело. Секогаш бебе беше плус некој ден сека дека така стуткано и минус излага. Ама најмн се засекирав за плодовата вода од што ми е намалена. Др ме прашуваше да не ми истекува. Ама ќе сетев такво нешто. Извинете за долгиов пост ама немаше на кој да се исплачам.
Мила не паничи која недела си? Нели пробавте со кока кола благо да го размрдате? На сестрами и истече бааги плодова вода па ете си имам внука годинаипол така да смири се и со добра мисла