Бев и јас вчера на преглед, бебето е супер, постелката е на заден ѕид, срцето си чука, по големина одговара како и според последна менструација. На следната контрола ми кажа дека ќе ми мерат цервикс, дали мерат на сите или докторот мисли дека има потреба поради спонтаниот абортус? Прогестеронот ми го прекина, утрогестан ми ги намали на 2*100 мг. Инаку за скрининг ми закажа за 3 недели и тогаш ќе сум 13+2,да не е доцна?
Можно е да е ради спонтаниот, мене прв пат ми мереа минатиот месец, во 7ми.. Ако има потреба ќе мируваш нема да креваш тешко,нека го измери со време раат да си.
Мила мене ми мерат секоја контрола ради спонтаниот што го имав па и што беше во 25нед и секогаш ме проверуваат и недајбоже да не сум отворена...скринингот и јас го правев 13+2 мислам дека не е многу доцна..утрогестанот уште го користам 2*200 а ете веќе сум 32 нед е дури сега ми ги прекинаа аспирин 100 па се надевам и утрогестанот веќе без гаки останав
Ми рече да измери зошто серклаж се правело од 16-18 недела па да сме знаеле на време. А дали да правам скрининг и приска во 13+2 или е доцна?
А каде ќе го правиш скринингот?Мене матичниот ми закажа кај него, а сепак се мислам дали да закажувам и во Систина? Има ли потреба да се оди кај повеќе доктори или во прашање се само мерки па и матичниот со подобра опрема ќе види ако недај боже има нешто?
Добро ехо и добар доктор ќе заврши работа. Не дај боже ако е нешто сумљиво ќе препрати кај специјалист. Се земаат мерки, доколку има солидно ехо без проблем ќе измери. Второ мислење не штети, но не е нешто што се мора. Одлуката си е твоја.
Јас пијам Аспирин од 100 од почеток на бременост, заради спонтанот, како превенција, сега на следна контрола ќе го прашам до кога да го пијам.
Изгледа замо мене неми кажале на кој ѕид мие постелката Мене цервикс ми мери од прв преглед,аспирин и јас пијам и утрогестан ставам. Со гаќите више не се поднесувам а секојдневни не ставам и само перам. И мене ми се ближи скринигот само кај мене порано една недела ќе го правам бидејки бебе е буце Мене може и амнио ме чека ама ќе видиме отом потом. Иначе топлово ме убива
И мене исто не ми кажаа каде е постелката, само во извештајот што ми го дадоа за приска пишува уредно, за плодова вода пишува доволно.. А инаку матичиот воопшто не ми ги спомна..
Исто и јас пијам од почетокот зашто пред две години имав спонтан во осмата недела со близнаци.Ама мене од тоа многу ми паѓа притисокот нон стоп ми се врти едвај стојам 70-45 ми е притисокот.Мене др ми рече дека до првиот трисеместар обавезно треба да го пијам па ако има потреба рече до крај.