Не се стресувај толку само полошо правиш со добра мисла и позитивно се ќе биде во ред стрес не ти е потребен сега па пиши што си направила
Ми рекоа дека се е во ред. Дека во моментов немам никаква причина за грижа. Е сега цервикс ми е 3 см. Сигурно ќе треба повеќе одмор макар што др нишш не ми рече. Измери убаво детално по џепови и заради поставеноста на бебето (карлично)можело така на око да личи ама според мерки во никој случај не да ме окарактеризираат во бременост со намалена плодова вода. И бешиката на бебе си е полна мочка, а желудникот водичка што значи бебе убаво си продуцира. Ме гледаше со сонда и не ми истекува како што се плашев.извинете на долг пост
Вистина се така со кошмари задремував и се будев. Сега желудникот ме боли од стрес и од слабо јадена. Ама така ми треба кога паничам пред време.
Иначе мене 2 дена по ред еве ми чука цело време стомакот ама само на една страна десно погоре...и сега незнам од што е мислам дека е прерано да осекам некои движења нели ? (11+4 сум) ама многу ми е чудно како пулсирање и јаки вибрации е повеќе...
Ете мила се е во ред опушти се сега и уживај гали мешко сите паничиме кога е збор за нашите бебенца...сега смирено и опуштено гушки
сега ме загрижува должината на цервиксот од 3 см. Ниш друго не ми спомна ни да одмарам ни терапија, но сега читам по нет и тоа е мн малку. Ама ќе гледам повејќе да одморам, и секако за 10 дена сум на контрола кај матичниот, па ќе видам.
Па не знам сега читав дека вејќе со под 30 мм биле на строго лежење и терапија со утрогестан. Мене уште кога ми рече др ми се виде малце, ама реков ај да не бидам хипохондрик вкрај штом нишш не ми рече сигурно е ок. Ама жена без работа само читам нешш и си стварам трауми. А, јас не можам да си го доволам тој луксуз да лежам по цел ден.
Аларматно е под 1.5 До 2.5 се внимава и поинтензивно се следи. 2.5 -3 се следи и е ок. Секако зависи и која недела си, но 3 е ок. Одмарај, примај си терапија, но не е страшно и алармантно. Не се плаши.
17 сум и не примам никаква терапија освен понекогаш магнезиум директ. Сестрами се породи во 7 месец и затоа се плашам. Матичниот уште ми нема мерено, демек рано. А сега не можам да му појдам и да му речам на приватно мерев дај види. Морам да чекам до контрола.
Јас уште пред ин витро почнав со утрогестан и еве 33 недела уште ставам и ич не е страшно не се грижи воопшто а за лежењето , не дигај тешко , пази се , без брзање ,без нагли движења и кога можеш секоја прилика да си лежиш и немаш гајле.
ставав утрогестан и јас на почеток 15 таблети и ми ги прекина матичниот, ако има потреба ќе ги земам пак.