Девојчиња, да ве прашам нешто. Денеска полна 36 недела, од утре терам 37ма. Бев на прво ЦТГ во вторникот, се` ok, ми ја прекинаа терапијата што превентивно ја примав (клексан секој ден и прогестерон депо на 14 дена) и сега ќе чекаме бепчо. Терминот ми е 8ми јули, со ИВФ точно се знае кога е зачнато, иако бебе е малку поголемо, па на секое ехо дава датум 1ви јули. Докторот ми оди на одмор на 9ти јули, и тоа толку ме растревожи што откога бев на преглед само на тоа мислам. Какво е вашето искуство по приватниве клиники, конкретно Систина, со ваков случај, да ти отиде на одмор докторот што те водел цело време? Наоѓаат автоматска замена, сам треба да си одбереш? Јас не ги ни знам другите доктори...нити ми спомнаа да размислувам на тоа, мислам дека сите вклучувајќи ме и мене очекуваат дека нема ваљда да тера до последен ден но си викам па што ако се заинати. Ме спремаат за природен пораѓај, помислувам да им кажам да го извадат како што знаат и умеат пред 8ми знам дека е смешно, но... Споделете мислења ако имате, многу ќе ми значат.
Штом си во приватно имаш право на избор. Ако не сакаш друг да те пораѓа нека те породи твојот со царски. Глуп е овај совет ама не знам дали има друго решение со оглед на тоа дека не сакаш друг доктор.
Ауу значи знае од кога ќе оди на одмор.. Не ми кажа сега кога бев... Мене термин ми е почеток на август ама он вика јули дека ќе биде.. Се си планирав дека август ќе иде на одмор сеа паники ме фаќаат. Од 9ти јули до кога знаеш???
И мене ништо не ми кажа. Сестрата ми кажа. Не знам до кога, но штом е од деветти јули, август сигурно ќе биде на работа
Ништо да се надеваме дека ти до 8ми ќе се породиш, а јас дека ќе го дочекам.... Ваљда после 25јули ќе дојде... Јас сум критична со лежење сеа примам инекции за зреење па затоа се надевав јули дека ќе биде он тука...
31-ва. Па докторката што ми ја води бременоста не може да ме породи, а уште не сум ја прашала кај кого друг, пошто средина на јули влегувам во деветти, тој период сигурно изборот ми е помал.
Ќути се живо и диво по одмори ќе биде . Јас за во систина конкретно не му ја мислам ,кој и да се погоди ќе биде ок ,освен оној младион убавиот . Мислам дека нема искуство, се чудам што прави во систина.
Во ремедика нема млади убави, не ми е проблем Додуша, Зоран Јовановски е шармантен, ама не е млад Јас сакам план да си направам во глава, затоа му ја мислам.
Со едно. Ама со првото бев царски, и сега ми е пак неизвесно. Сакам да пробам природно од една страна, а од друга не ми се седи во неизвесност, сакам да знам датум.
Хаха чекај да те запознаам со близначка бременост или цела бременост во неизвесност до толку што ми е гајле кој ќе ме пораѓа и како само и само да има соодветна нега за бебуши ,Заради предвремено раѓање , инкубатори ... за еден бебуш тоа е реткост мислам. Можеби грешам ...