и мене не ми имаат направено а сум 37ма недела .ама при крајот како што си ти би требало барем еднаш неделно да ти прават да го следат срцето на бебето.прашај си кај гинекологот,ние сепак не сме стручни.
^^по 36/37ма недела почнуваш 1 неделно, штом докторот ќе примети дека се приближува Д денот, почнува да те вика на 3/4 дена, а штом ти рече доаѓај секој 2 ден или дојди утре пак....знај дека ептен си пред пораѓај
не се секирај обично откако ке ти помини терминот ке одиш секој ден на цтг и на вагинален преглед барем јас така одев
Еве не и нас. Гледам ни се множат дундињата Денес и ние не сме нај нај. (Како ми изгледаат работитве на една од нас нешто не и ок, следат сите по ред ) Ноќеска имав грчеви на нозите абе не можам да ви објаснам колку многу ме болеше. Пробав со вежби, масажа, шетање...ништо не помогна. Таман да го разбудам мм да ме носи во болница ми помина ама пак осеќам болка, како ногава да се сеќава дека цела ноќ имала болки Абе солзи ми течеа од толку што ме болеше. Не ми е прв пат да ме фаќаат грчеви ама овојпат А имам и некои грчеви во долниот дел на стомакот. Докторката ми рече дека не пијам доволно млеко, што не е точно, ама ај јас се обидувам да пијам повеќе и јогурт и млеко. Вчера пиев многу па еве пак ги имам грчевите. Вие имате ли вакви прблеми, што да правам, аман веќе, неподносливо е. А и да не заборавам, болката под градите, во областа кај ребрата, позади и напред, стандард веќе ми е. Се тешам, само нејзе да и е добро.Јас ќе ја истрпам сета болка колку и да ме боли
Магнезиум пиеш? Тој помага за грчеви, мене ми трнеше раката, ноќе, докторот ми рече дека е нормално бидејќи бебето влече калциум од коските, но дека не треба да примам калциум како витамини, туку да ја зголемам дозата на магнезиумот. А да и болката под градите меѓу ребрата ја имам и јас, тоа е дека матката се шири и притиска на органите, така да се што е нормално според докторите, ќе си го издржиме.
Ве читам сега за цтг, ме фати паника мене докторот ми рече на секои три дена да одам на цтг а сум при крај на 36 недела... Се надевам не и се брза на дундата да излезе рано и е)) има некоја со вакво искуство? Ке ми кажеше ваљда ако се приближувам а мене термин ми е крај на месецов.
почеток на 27 недела, гадењето пак почна и омалаксаноста, се осеќам ко да ме удрил камион со дрва немам ич енергија,цел ден сум во кревет инаку курето си клоца ко да има тапија за стомаков па негов е ама ко ке излезе ке види убаво ке го згмммечам од гушкање,и како ми се ближи 36 недела ми е се помачно и поуплашена сум, е*ате тоа сечењето доле што го прават од сирупот за слабокрвност ми се гади ненормално, денес јадев само едно колаче и мислам и тоа ќе го извадам... ама доста жалење нели уш малку остана па нека поклоца и нека ми притиска на желудникот додека може поздрав до сите
честитки за чупето живо и здраво да се роди,да си расне и да си најде некој богаташ па цел живот од златна лажица да јаде (освен ако не е по манџите) тогаш златна вилушка
Zalosna честитки за девојчето. Butterfly.mk и мене ми е исто така. Од кревет неможам да се мрднам. А што е најтрагично ништо не ми помага за гадењево. Ајде ваљда нема до крај да ни биде вака.
ако биде вака до крај леле мајко ќе биде, аама нормално е баш читав за оваа недела на твое бебе http://tvoebebe.com/BREMENOST/n27.php#.UinXGtKBnZ4
Еве ние се вративме од преглед и сме пораснале доста 21н+2д 448гр, инаку сме добри само малку теравме инает додека не измери докторката
captivating и мене ноќе десна нога и рака ми се грчеа, од кога почнав со магнезиумот фала богу ништо немам. Atina22 не паничи крај на 36та значи кај и да е ќе влезеш во 37ма, воопшто да не се нервираш ако бебушка избрза, нема да бидеш ни прва ни последна девојка која родила девојче на почетокот од 9ти месец само ти со лесно да поминеш и она да е жива и здрава.
добровечер и од насс да ве поздравиме со бебушот мој да ви посакаме пријатна вечер и добар старт на викендов... ние сме си супер со бебушот мој времето навечер баш ни одговара поубаво се спие .. поубаво е кога е свежичко.. бидете поздравенкии
Пред некој ден таман се пофалив дека сум супер и ко за беља веќе два дена сум заникаде. Немам апетит, а она малку што ќе го изедам ќе го повратам. Можеби е и на нервна база, утре ми е веридбата, а ова ми е последна вечер домче. Па си плачам, ме утепа уште од вчера некоја трема, депресија, жива ненаспана сум. Сето ова зошто сум ПРОКЛЕТО емотивна! Да му се по*ерам на карактерот ваков, ама ич не се сакам што се припотресувам и кога треба и кога не треба. Како да сум првата која го напуштила својот дом и отишла кај сопругот да живее! Чувствувам дека ќе си родам јас некој плачко/плачка, живчано на мама, емотивно, срамежливо и напнато дете. За секоја недела од бременоста си читам на интернет што се случува со плодот. Оваа недела (11) бебето веќе се движи, мрда со рачињата и ноџињата, но мајката не ги чувствува тие движења. Растат ноктиња на прстињата, а развиени се и половите органи, но уште е рано да се одреди полот на ехо. Читам и пукам од убавини! Уште малку па ќе го видам на ехо, ах едвај чекам!
Здраво и од мене. Извини а зошто епидурална? Епидуралната е доста ризична. Цел живот може да останат последици, болки во кичма и такви работи.
Нека се живи и здрави само, се ќе се издржи за нив. Револуција? Истото и кај мене ми се чини ќе ми излезе низ стомак.Раце нозе што ли прави незнам само. А за спиење, веќе не ни бројам колку пати се будам. Ме спрема за маратон кога ќе се роди изгледа хахах. Па дека е прво лелеее се ми е ново и само прашувам што како зошто
Добро утроо како сте женички ние со бебушот се разбудивме рано комшиите цепат дрва се разработиле тие од сабајле не сме на работа на боловање сме па домче си уживкаме... вчера си се изнашетавме низ бутици си купивме шо ни треба... денеска ќе го завршиме шопингот ајде бидете поздравенки и со позитивни мисли само напред
Сите викат свжичко вчера, јас ладен туш од што ми беше жешко Пијам магнезим и тоа по 2 од 250 Читав на интернет, и од разговор со другарки дојдов до заклучок дека за тоа помош нема. Едноставно тоа ти е. Колку повеќе си трудна толку повеќе грчви имаш. Ај уште 4 месеци ќе си трпам Јагода123 Не е мала работа тоа што ти се случва. Многу промени ти се случуваат. Ем мајка ем сопруга ќе станеш. Плус хормони, нормално е да си емотивна. Убави промени, радосни. Уживај. Ај па да ни се фалиш како помина на вердиба