И мене не да ми се пие пиво ми се плаче ама уште 20 дена имам до полна 36 недела па да не заебам нешто.
Додека тебе не ти смета и се осеќаш безбедно вози, имам негде пишано дека во 7 месец возев до грчка и потоа до крај. 40+3 последен пат си возев до цтг, после 3 дена се породив. Но, да кажам и дека Петрова од Ремедика ми рече дека не е препорачливо да возам после 8ми месец
Не се сеќавам кога беше прв пат а мислев дека ги разликувам и таман еднаш испаничив дека едното не мрда испадна дека смениле позиција и ми рече докторот дека тешко е да ги разграничам затоа што се блиску . Добра идеја
Јас више нз што да мислам. Денеска појдов кај матичниот со рез од крв, мокрача и црп. Како и што мислев јас немам никакви инфекции. И ајде пак ме гледаше на ехо. Не му кажав дека бев и плодност. Ми премери цервикс 34 мм а можи и повеќе и демек тоа било ок. Ама за плодовата вода пак си стои на ставот дека ми е благо намалена иако можеби има повејќе од некни. И пак вика дека бебе е во некоја приморана положба оти неможело да ја истурка постилката за да се сврти. Денес па во бешика имаше мн малце мочка, а во желудник ич. Но јас некни во плодност видов и беа полни. И сега ми вика ниш ќе чекаме до 20 н за втор скрининг и ако има неш ќе ја прекиниме бременоста. Мене ми се покачи притисокот 140 со 80 и нормално добив терапија и за тоа. Сега дома мерам низок иако не се напив нишш. Секој ден нови доживувања кога ли ќе дојде крај?
Со кој памет и докторов се расфрла со термини како прекин на бременост и јас не знам. Јас не би му штрапнала повеќе. Благо намалена е далеку од алармантна состојба. Да се следи, да. Ама скоро кај сите трудници има отстапка во некоја мерка, за едно или друго. И не може секогаш да е полна бешиката, се измочкало. Кај мене еднаш видоа циста на јајници кај бебушка, а тоа не била мочкана, полна бешика. Ама нели од памет ќе те извадат.
Здраво феминки, на времето бев доста активен член, но некако обврските последниве години ми беа пренатрупани, што резултираше со тоа само да ве читам низ форумов, без да коментирам. Сега сум повторно назад со една убава вест. Претпоставувам дека сум трудна претпоставувам дека е рана бременост бидејќи втората линија е многу бледа . Ве молам за совет додека да посетам гинеколог ќе поминат околу 5 дена, па ве молам за совети што да јадам, што да правам многу сум возбудена и збунета и пресреќна, но не знам што да правам. Прва бременост ми е и навистина сакам да биде се како што треба!
Mojot maticen gin znae oti ne mi veruvam I Denes mu vikam Dr daj vidi kakvo ke e bebeto nemoze ne te gledam mi vika ke te gledaat na gak imam zakazano za 12juli za skrining I na oddelenieto za gin vo strumica na 29juni za konzilijarno mislenje
Имав ист случај само друга тема.. и одма сменив матичен немој да чекаш смени го плодност има подобра апаратура и подобри доктори овие матичниве за ништо не ги бива немој да се секираш и плашиш ако не оди во систина нека ти направат еден преглед...
Значи да не појдев Плодност пред 2 дена сигурно ќе приумрев од овие забелешки. Но сега си седев мирна и само слушав. Сепак мајка колку и да не сакам да му верувам ми влијае и ме тревожи што резултира со висок притисок. И мене вејќе не ми се оди кај него и работам на случај нов матичен. Не знам дали е некој запознаен дали во Битола во Систина има и гинекологија и што кадар имаат доколку има?
Незнам за во битола ништо ако знае некоја ќе пише сигурно ако не некој ден закажи си и оди во Скопје ќе се опуштиш малку вака со стрес неможеш ништо да решиш..
@Annie.mk1 се сеќавам на тебе, добре дојде и со лесно. За на доктор е рано, и да отидеш за една недела може ништо да не се види или само кесата, затоа да знаеш да не се тревожиш и не паничиш, нормално е. Без алхохол и цигари, умерено со кафе/кока кола поради кофеин. Без необработена и сирова храна. Јајца, месо, млеко да се термички обработени. Овошки и зеленчук добро измиени... Телото ќе ти каже само која храна му годи која не. Фолна киселина доколку не си започнала за време на подготовлите за бременост можеш сега да почнеш. Во оваа фаза има и благи грчеви кои наликуваат како да треба да ти дојде, па се почнува и со магнезиум, ама ете, можеш да почекаш за терминот на лекар па да се консултираш. Лето е, па претпоставувам сакаш да се оладиш, немој во базенти. Отприлика тоа е.
@milaaa991 Јас би го сменила матичниот. Како створени се да паничат пациенти. Какво ехо има? @Meckicja Триводалиев во 11+ ми го кажа полот. Исто и кај Гоца истата недела. @Annie.mk1 функционирај си нормално. Ако пушиш , остави ги цигарите, за алкохол исто. Повеќе храна богата со витамини. Повеќе пазење на себе. Смирено и се ќе биде како треба. Со лесно!
Има 4д ехо, ама само за скрининзи го пушта на таа опција. Инаку ново е и современо и затоа сакав да ми е матичен оти има и од оние со антика што гледаат
@danichap и @duffi ви благодарам многу! Не сум пушач, а и не конзумирам алкохол освен на некои пригоди. Кога е најдобро да се посети гинеколог? Искрено имам грчеви доста во долниот дел на стомакот и многу гасови. Дани може глупаво ќе звучи но што треба да направам кога станува збор за фолна киселина? Навистина не сум искусна и некако ова беше прв месец како сериозно почнавме да правиме деца и дури не ми се верува уштее давајте линкови, групи што и да е, само да ми помогне со раната брежемпст додека влезам во штосот! Со лесно на сите мамички П.с. пред 3 месеци уплатовме за одмор во Шпанија, се тргнува на 5ти јули. Сега се двоумам дали да откажувам или? Какви се вашите искуства? Инаку тоа што ме загрижува е дека турата е со автобус 11 дена со попатна посета на Венеција, Кан, Ница, Монако и единствени ноќевања се 8 во Лорет де Мар.
Фолна киселина се апчиња, ќе појдеш во аптека и ќе побараш од 400 микрограми тие се за во бременест. Тоа е витамин кој помага за развојот на невралната туба на бебето. Мали грчеви кај некои жени се нормални во рана бременост, но доколку почнеш да имаш посилни или некакво не дај Боже крварење одма на лекар. Инаку јас бев по 5 дена од доцнејње на циклус и се виде сакус.