Јас би почнала со магнезиум поради грчевите. Сите три бремености од старт пиев и ми помагаше. Ама одлуката си е твоја. Секоја бременост каде не постои проблем се препорачува фолна од 0.4. Нема штета, само корист. Ја пијат и месеци пред да се забремени. Јас пиев фемибион 1. Витамини за трудници во чиј склоп има фолна. Има и деуги труднички витамини. Важно е да се нагласи за трудници поради точното дозирање на одделките битамини. Според мене шеста барем е најдобро за на лекар. Најчесто нетрпеливоста е голема, па се оди некоја недела порано. Затоа и реков, и да отидеш поранл, може да е рано да се боди нешто па од готово вересија ќе си напрабиш со лоши мисли, сосема непотребно. Нормално е во рана бременост да не се гледа. Прочистај го темите за испитувања во бременост, скрининг, прва третина... Што не е јасно прашувај во одделните теми, ќе помагаме, ќе одговараме. Најважното. Гали меше и радувај се.
Ne mi go kaza na mene polot trivudaliev vo 12ned I 6kaza ne se gledal uste I sega ke vidam mozda pa ke odam ako kaze Dr trajkovski da odam za da mi gi namale progesteron depo na ednas nedelno
Со лесно да си ја износиш бременоста, земи си фолна и магнезиум за грчевите, за на доктор ако можеш да дочекаш 6та недела би било идеално, јас отидов истиот ден кога направиц тест па не се виде ни кеса, па се мислев за тоа. Околу патувањето јас не би во прво тримесечие, на толку долга релација, во најтоплото посебно не со автобус. Сепак на тебе е што ќе одлучиш и секако консултирај се со доктор. Поздрав и со лесно
Мешиња не можам да најдам по лупата ама нели имаше некаков муабет со кристалчиња во плодовата вода кои покажуваа некаква зрелост?
Добро утро мами...тие што сте ги примале инекциите за зреење дали после имавте чувство ко да ви трпнат раце И нозе? Одкако ја примив едната доза ми трпнат мн раце и нозе
Мила во бт е твојот матичен кој е толку бесчувтвителен да објаснува такви работи и всушност во Плодност ти кажале дека се е во ред. Баш ме интересира кој ти е матичен гениколог пишими во приватна порака. Поздрав со лесно и не се секирај ако ти рекле во Плодност дека е во ред, и менвај матичен мој совет.
Веројатно мислиш на лакуни односно калцификати на плацента. Како зрее плацентата така се појавуваат овие лакуни, што е нормално за во одредени стадиуми од бременоста.
Не сум имала такви симптоми ама јави му се на докторот кажи му за твоите. Не не , ми ги покажа докторот како светки беа во плодовата вода и ми рече ова е знак дека е зрело од флостеронот. Ама што е зрело ,заборавив . Ме интересира зошто тој мисли дека нема да издржам упте 20 дена до 36 та недела па да не е поврзано.
Денес бев за брисеви да ми земат кај мојот матичен.. многу ме болеше бидејќи многу внатре го стави тоа и крв ми излезе многу црвено беше се исплашив многу и велам да ме прегледа докторот вика ништо нее нормално било оти многу инфекција сум имала не и поверував крвта само ми течеше а јас исплашена и отидов во една од најдобрите приватна клиника во мојот град ме прегледаа ништо не било од што многу внатре го ставила бебето супер плацентата нее одлепена супер беше е сега од страв незнам веќе што да правам ме боцнаа со прогестерон депо и ми рекоа да лежам да не станувам многу вие кога правите брисеви ми излегува ли крв се плашам многу и плус машко ми рече дека носам ама не ми беше битно само Добро да е да не му се случи нешто..
@kostarika Така ти рече дека нема да издржиш? Колку дози прими флостерон? Може ти вика дека спремен е плодот и да искача порано ама тоа незначи дека нема да издржиш.. Никој тоа неможе со сигурност да знае. Замисли па стварно тек у 36та им текне да искачаат на бебушки
Две дози земав флостерон. А викаат дека нема да издржам од 30 недела а еве сум 33+1 дај боже да не се во право и сега .
Јас имам одено за брисеви во 11 +2 првите брисеви и немаше воопшто крварење, докторката беше максимално внимателна, само ми спомна дека веројатно имам кандида по тоа што го гледа внатре, дури и чистеше дел од исцедокот внатре меѓутоа мн беше внимателна и воопшто ни болеше ни имаше крварење. И пред да останам бремена имав два пати одено за брисеви и немало никакво крварење или болка
Денес немам сила од кревет да станам, ми се гади и повраќа, киселини имам а не можам да јадам, поспана сум и едвај од кревет станувам Како да се справам со мачниниве? Ни на кафе не можам да помислам
Јас досега ни за пап тест ни за брис сега во 11 недела не крварев. И мене ми рече матичниот дека имам кандида, ама на рез немав ниш. Другарка моја знам дека крвареше поради тоа што имаше инфекции. А за болење ме болеше овој пат тоа железото секако.
Ау браво. Супер си. Јас мислам без проблем влагаш во 36та. И мене истото ми го викаат. Еве сега 31 + 2 во петок ќе примам втора доза флостерон. Јас мислам ќе издржиме Инаку се изначитав дека после втората доза флостерон ги пораѓале?? Малце се испаничив.. ти кога ја прими втората пред колку време??
@baby 5 gi primash inekciite za ziveenje preventivno poradi prviot pat ili nedajboze imash pak nekoj problem. Se nadevam se e ok
На патолошка сме се отворив 2цм ама утре ме пуштаат дома цтг мирно немам болки плодова вода нормално постелка супер бебе добро и уште вечер другата доза зреење и дома на строго лежење
Јас сум 15та недела прв пат ги правам сестрата што ми зема брис ич не беше внимателна многу внатре го стави тоа железото и кога излезе крв кажа дека од инфекцијата било многу сум имала ама јас веднаш отидов на приватна клиника и таму ок беше е сега незнам колку да верувам дека од инфекција било крварењето..