Сарамила дали беше кај Ивановски на спонтан природен или стимулирачки циклус.Ако си на природен да те прашам нешто,а ако не одмарај си.Секое добро и без секирации и ти благодарам
Нема на што. И јас решив од сега да не се нервирам за ништо и да не слушам доктори. Ќе си ја гледам душата и ќе си ги следам знаците на моето тело. Стресот ни е најголемиот непријател во моментов. Јас што си направив со нервозиве. Притисок 140 со 80, а дома кога ќе се опуштам и низок ми е. Затоа те советувам и тебе да се опуштиш, кај секоја трудница различни работи се нормални. Има жени и со септум, па цела бременост нормално ја носат. Затоа умот на лер.
Не по долг протокол бев..ти благодарам и на тебе душо ако ти треба нешто слободно пиши тука сме да си помогнеме..
Истото и мене ми се случи во петокот ми правеа прв скрининг и брисеви иначе сум 11 и некој ден додека бев таму ништо кога стигнав до автобуска почуствував нешто но мислев од гелот пошто вагинално ме гледаше и кога еден чекор втор како вода ми истече крв и трк назад ме прегледаа пак и ми вели ништо страшно ме гребнала малку со бебуш се во рет ми ставија инекција депо и ми рекоа да лежам тој ден имав крварење со исцедок кафеав до вчера а користам и утрогестан 200 секоја вечер од почеток Извинете за долгиот пост се надевам дека се е во ред и дека те утешив за нашите бебуши се ке трпиме
И јас се исплашив многу цел свет ми се сруши кога видов крв и реков на сестрата да ме прегледа докторот вика ништо нее нормално било.. јас на брзината излегов од таму и во друга болница отидов среќа беше све во ред и депо ми ставија ќе видеше она убаво ако се случеше нешто..
Верувам јас незнаев ни како се викам со оглед на тоа што имам еден спонтан зад мене мислев дека истото ќе се случи ама кога ме прегледаа кога го видов како си мрда се ми олесна.
Дај боже до крај убаво да оди веќе никогаш не правам брисеви што сака нека биде.. со лесно мила дај боже да не се случи повеќе
Женски може ли да ми објасбите како ви изгледа секретот. Јас реков дека вејќе не мислам, но сега кога бев во вц забележав дека ми е мн водлест. Значи мала бела дамка и околу неа како влажни гаѓите малце. И пак ми ојде умот да не ми истекува така по малце плодовата а јас си спијам на тоа уше. Уфф аман вејќе.
Нормално било кај мене. Менував по неколку пара гаќи на ден. Првиот пат се исплашив и го поставив истото прашање. Сите ми го одговорија истото, а и моето искуство од наредните бремености потврди.
А и претпоставувам плодовата вода е топла? Јас сеуште можам слободно да го врвам денот со 1 пар гајќи, но секако ги менувам почесто. Сега дека и следам состојба 2 дена ми се случи постојано да ми се суви ама можи и дека повеќе лежев. Денес бев повеќе на нозе и на 2 -3 пати ги осетив влажни гајѓите. Ама ме чуди зш така како водичка, околу малечката бела дамка.
Јас секрет имам цела бременост, па еве се е супер досега. Инаку денеска бев на преглед, кај мене се е супер, бебина си растат и прв пат ги фативме убаво на сликички. Двете се скроз различни, мн се убави ептен ме разнежнија. Конечно почнувам да се свестувам дека ќе бидам мајка. Луѓе рандом ме прашуваат уште колку имам мислејќи во 9ти сум, а јас имам уште 2 месеци Толку ли сум голема.
И секретот е нормален. Да нема непријатен мирис, печење, чешање... Од сега “подмочана” ќе си шеташ. Тоа е стравот кај сите, да не протекува плодова вода, во изминативе години многу трудници дури и на доктор одеа да проверат. Не паметам да било нешто друго освен “подмочување”. Посебно кко ќе напредува бременоста, бешиката нема да додржува, а и бебуш ќе притиска.
За подмочана не сум сигурно, бар мислам. Абе јас немаше ни да обрнувам внимание на ова да не се водам за бременост со намалена плодова вода. А, бидејќи сега се водам и за трудница со хипертензија по 10 пати мерам притисок и се низок. Ама на др не ме веруваат таму се висок.
И јас мислев дека треба да има боја или мирис на урина, ама баш водичка е. Важно потруди се да се опуштиш(знам колку е тешко тоа)
И јас имам такво дури некој пат и доста повеќе што ме паничеше да не е плодова вода ама не . Некој ден помалце течеше некој пат повеќе. Епа со две си И мене исто ми викаа уште во 6 ти месец сите ,уште малку и ќе се олесниш.