Добро утро труднички или веќе добар ден, не знам, за кого како Јас само да ве поздравам , немам нешто посебно да се фалам
Добар ден и од мене. Кај мене синоќа беше интересно, бев на гости , од што ми се смачи дома, а таму седев 2ч. е после беше интересно. Плачење, кубење коса од болки. Дефинитивно неможам да седам подолго од половина час. Незнам како последица на што се овие болки, но знам дека се страшни, не се менструални, некако како мускули, притисок некој, само неможам точно да дефинирам Ниту можев да седам , стоење свиткана до вц, едвај, на секој чекор ме болеше, а лежење строго на страна и мирно, ако малку мрднам мислам во мозок ми удираат Но, сега е подобро, после цела вечер лежење ок е. Толку, ова ми е дефинитивно последно, памет за до крај :geek: Ај сеа имајте убав ден
Личен на мајка, ајде нека е со лесно, па лепотанот да го сакаат сите женски во маало Нешто се намножија машки бебиња или ми се чини? Јас имам следен преглед на 4 септември, до тогаш уште ќе чекам во неизвесност
senjorita.lombardi честитки да е живо и здраво и големо да порасне Micika80 е во право фалат ни моми оваа година,само ергенчиња си имаме и јас тоа забележав. Јас и денес бев на преглед е денес сум 11н и 5д и сега можеше да се мери срцулето за Нухален набор, ако и пред една недела чисто онака ми го измери докторот оти беше убаво завртено.Сега со овие резултати здравје во Понеделник одам за ГАК да ми земат уште само крв. Ама да ви кажам што малтретирање виде денеска отвори ја ординацијата со сестрата во 9 саатот и се убаво прва да ме прегледат,ама не е се ти што планираш.Мали инатко решил дека треба да стое завтен со лицето спрема ехото и не се врте за жива глава само си пливка во место и ич муа не го лазе оти јас брзаше и имаше други работи за завршување.И така минат 15, 20, 30мин. Докторот само ја врте таа сондата и ништо.Мене пак нози ми се укочија оти свиткани во колената и ништо нејќе па нејќе.Ај да виде надворешно преку абдомен не бре не бива.А гужва што да ти расправам.И виде не бива докторот ми рече излези можеби ќе се заврте попосле да може да го мереме вака не бива откако ќе го измереме ќе земеме и брисови и да завршеме работа.И си излавам јас да чекам отиде и јадење да си купам викам ајде ако се раздвижам белќим ке смене положба.И после добар 1.5 саати влегувам пак јас да ме прегледа и вика добро е почнал да се врте странично.Не бре жени на моменти мислам дека стварно ми одило се контра оти само што го кажа тоа докторот оп пак на лице се обарна.Е после 20 нинути го виде некако преку абдомен, не вагинално зема ми брисови и те сега завршувам умре по жешкото демек со такси одам ама едвај издржа.Сестрата фана да ми се смее ти со мене дојде со мене ќе си одеш, оти двократно и смената уште малку завршуваше и вика ако не ќе те оставеме тука па белки до 2 смена ќе се заврте па тогаш да го виде.И така си минав денес траги-комично ни да плакаш ни да се смееш историски ми беше овај преглед.Туку се надевам дека овоа е последен пат да му мерат Нухалниот набор, белки за ПРИСКА 2 само крв да се зима оти ако пак има ваков преглед е дури тогаш ке попиздам .Толку од мене сега ќе варам гравче за ручок и одам јас поздрав до сите мешковци
здраво на сите,да ве прашам со што ке ги перете алиштата на бебето? на пример сега се што ми е купено ново планирам на рака ама со какво сапунче,или на машина треба,И повторно, со каков прашак??
а машала колку убаво само на сите ни тргна со маженцата додуша да ви кажам јас почнав да и го расипувам просекот на докторката кај шо одам , ми вика досега на пример од 100 трудници 90 беа жески бебиња, ајде со тебе да тргни на машки инаку Neodlucna сестрами лани пред да се роди малата имаше купено од чико мислам некој омекнувач од 0-6 месеци да не беше и многу беше задоволна, само со обична вода и после со него, пробај и ти земи си ако не таков
Јас сите ги перев на раце, т.е. ги покиснував во омекнувач (конкретно Семана сензитив), ги истрив убаво, ги исплакнав и толку. Тоа за бебешките алиштенца (боди и комплетчињата кои ги докупив бидејќи имав и од ќерка ми алишта за бебето што ми останаа), ама затоа што купував на етапи. Сега се` перам во машина... белите алишта (боди, бенкици, ѕиврички, пелени и бањарки, постелнина негова) на вриење, а шарените на 40 степени, дури и навлаката од количката ја исправ во машина. Прашок Бонукс, омекнувач Семана сензитив или Ленор сензитив ако начекам, некако го снемува белиот
^ јас алиштенцата ги исправ на рака со прашокот Merix Decji Sapun , ставив и малку омекнувач Ленор од плавиот ама ептен малку бидејќи многу јако мириса.. и мислам дека можеш да си ги переш со што сакаш само треба повеќе пати да ги исплавиш или ако ги переш на машина да ја пуштиш опцијата за дополнителн плавење
да и докторката тоа ми го кажа денес, дека во последно време имало повеке мажиња одколку девојчиња, ако нека ни се здрави и живи. Да ве прашам нешто, дали добивате напади како да останувате без водух од ова жешкото или само јас сум преосетлива станата, се будам на сред сон оти неможам да дишам еве 3та вечер по ред.
Senjorita.Lombardi ајде, ајде повлеков нога изгледа јас па почнавме со машки бебенца ако, ако, само нека се множат, да си раснат и нека ни се живи и здрави, смао тоа е најбитно, па друго како сака Господ така. Јас инаку денес ги зедов резултатите од крв и мокрача вчера што бев и се е во најдобар ред, енма ништо не добро и ете можам да се опуштам плус
јас чувствувам како да се гушам ,мене дури и ми се лоши од шо ми е мн топло, , и само вода пијам ни ми се јади ни ништо... а ноке се преслекувам по 2 пати жива вода се правам
Па добро и времето е навистина топло и да не си труден, ќе ти се слоши и ќе изгубиш апетит и ќе ти се пие само вода, не па ние труднички. Само без разлика што немаш апетит некои основни хранливи работи мора да се примат, мора да мислиме за човеците во нашите стомачиња Мене ме нервира што станувам навечер неколку пати за мочање, не сум навикната да се будам ноќе со болки во стомак од што ми е полна бешиката и тоа по 3 пати
Да ве прашам нешто, дали добивате напади како да останувате без водух од ова жешкото или само јас сум преосетлива станата, се будам на сред сон оти неможам да дишам еве 3та вечер по ред.[/quote] јас чувствувам како да се гушам ,мене дури и ми се лоши од шо ми е мн топло, , и само вода пијам ни ми се јади ни ништо... а ноке се преслекувам по 2 пати жива вода се правам [/quote] се гушиш затоа што не се храниш доволно и самиот организам ти е истоштен и се осекаш без воздух односно дишиш а несе осекаш надишана најпросто кажано и јас се осекаввака затоа знам
Јас така се чувствувам кога се качам по скали 2-3 спрата. Како никогаш во живот да не сум имала кондиција. Со 2 спрата, губам воздух, а по улица можам да штрапам со саати и гајле да немам, ама по скали душа немам.
Денес сум ептен нерасположена...утрово ме разбуди ужасен кошмар,станав жива вода Сонував како одам во вц,се бришам и гледам на гаќичките крв, добивам спонтан и искрварувам... леле се уште не можам да се свестам,главата ме боли,тапан ми е.
Баш проверив на соновникот на Фемина, не е нисто страсно,мислам лош сон,но сепак целден тоа ми се врти низ глава. Ќе одам уште малце на црква да си запалам свеќичка за здравје.
Јас планирам да ги преперам во машина на 60степени. Ќе перам со Ариел , а омекнувач ќе земам Дуел бебешки(другарка ми го користи за малата и ептен ми се свиѓа), мириса баш на бебе Ни се случува, и би ти кажала да си земеш Б6, мене ми помага. од кога сум бремена сигурно едно 10тина пати го имам ова сонувано Немај гајле, се се тоа некои наши внатрешни стравови од што се плашиме за бебенцата
Лелее и јас одкако останав трудна цело време сонувам, а предходно скоро ич.. Инаку и мене ми се има случено да сонувам некои такви морбидни сонови, но не многу често..Во последно време само ташни и торти сонувам Инаку и јас имам слушнато дека крв е убаво да се сонува и плус црвена боја знам дека е лјубов.. Сепак мислам дека соновите ни се поврзани со тоа што сме бремени и само си мислиме нешто во нашите главчиња