Ако денес си 34+1, а бебе одговара за 33+2, тоа е помалку од една недела назад, што мислам дека не е страшно, и со клексаните може да се среди циркулацијата. Јас сум загрижена бидејќи 2 месеци сум на клексан, а бебе пак е 10 дена назад. И на секој нареден преглед се зголемува застојот...беше 3 дена па една недела па 10 дена
Женси јас денес бев на прв скрининг конечно се е во ред фала му на бога се е како што треба ми зема и брисеви и за тие брисеви се плашев како луда дека отидов со мисла дека после тоа ќе крварам дека тука прочитав дека на некои тоа им се случило па се плашев многу... немам крв многу беше внимателна докторката со брисевите и папот,се помина одлично бебка си мрдкаше уживаше и понапред е една недела е сакав да ве прашам зошто таму заборавив да прашам тоа што е понапредно бебето дали има можност и порано да се роди или не ? Некоја такво искуство имала ? Потоа ми дадоа одма упат за на клиника за приска директ отидовме таму ми земаа крв и завршив многу брзо за чудо а имаше гужва ама брзо одеше и резултати за 3 дена ќе имам од приската дирекно ќе ги пратат кај докторката што е мнг океј да не треба да одам да ги зимам иначеееее пред да одиме утринава сонував дека ми рекле машко дека ќе биде хехехе(можеби сонував тоа зошто имам мнг голема желба за машко) но докторката ни кажаа 80% дека е девојче и мм се испорадува почна да се потресува мнг беше смешно зошто он па сака девојче ептен во секој случај да е живо и здраво сите да сме и на сите само убави работи да се случуваат (извинете на подолгиов пост)
Па зошто не те породат? Кај мене малку качува па решија да не ризикуваат . Пробувам да сватам како размислуваат други доктори. Кај мене двајца од тројца се согласно дека не треба да чекаме , утре третото мислњње го чекам.
@Bella* нема поврзаност. Цела бременост бебе ќе оди напред/назад со големина. Терминот останува ист, одмосно оној првиот кој ти е даден.
Пред 1 недела проверував крв, мокраќа и црп и немав нишш. И тогаш вака исто ме болеше и мислев од сондата. Ама сега пак без причина и ми падна чудно
Jas povrakam od virus mi rece maricniot lekar I ne bev na gin ama se plasam mnogu oti ne go osekam bebeto Denes ne osekam skokotka nisto se plasam mnogu
Не знам, докторот воопшто не придаде значење на застојот, кога го прашав рече било во граници на нормала... а секој преглед застојот е поголем
Без паника. Бебуши немаат мака од многу повраќање на мајката или ако е вирус. А и во многу ситна недела си за да осеќаш секогаш.
Во 14 недела нени можеш убаво да го осеќаш бебето. Се уште незнаеш дали се гасови или бебе,обично гасови се па мислиш ти скокотка само.
Верувај дека се слични и гасовите и првите скокоткања ама се осеќа кога е бебето. Убаво се осеќа накај 18-19недела,интересно е прво мислиш ти чука нешто од внатре па после се познава на мешето и тогаш си свесна дека имам бебе внатре
Да така е. Јас сега сум 18 и уште не сум баш сигурна дали е тоа тоа. Но понекогаш имам чувство дека и стомакот малку ми мрда. Знам дека си вообразувам, ама и мм вели дека приметува. @Meckicja мислам дека е мн рано да го чувствуваш, па и на секое. И јас денес така од ум се извадив. Ама потоа легнав на грб мирно и го сетив. Уште ни е рано за јасно да ги чувствувавме.
Мене првиот пат така ми рече ама испитавме ддимери - високи па почнав клексан, доплерот лесно намален, лакуни. И следниот пат за десет дека килажата 40 гр повеќе на едното а другото нормално 150-200 повеќе и рече да ме пратат на цтг . Одма во систина ме прати и една недела покасно и систинци со истиот заклучок решија да ме пораѓаат.
Дај боже душо и тоа ќе го слушнеме за неколку месеци сме чекале со години ќе издржиме уште малку да го слушнеме тој убав плач
Ќе го слушнеме душо и ќе го осетиме тоа чувство најубаво на свет Господ да не чува сите и да ни даде полни раце со бебенца гушкииии