Трудници, помагајте! Што кога се јавува рубеола за време на бременост во 35недела одприлика? Барем така мислам јас, дека станува збор за рубеола, или пак можеби е нешто друго. Ве молам просветлете ме и помогнете ми ако знаете. Значи, мозолки по целиот стомак исто како на рубеола , многу чешаат и се проширија на рацете и исто така многу чешаат. На доктор викаат дека не било опасно за бебенцето ама чеша-нерви кини! Се плашам за бебето, а и да не се прошири уште повеќе....Некоја да знае нешто.. ? Благодарам од напред! Лесна бременост на сите!
Значи немаш инфекција. Покажува IgG стара инфекција, евентуално и од вакцина, значи телото си има антитела или IgM актуелна инфекција. Ако нема ништо значи негативно е. Ризикот е голем првата третина. Како оди на крајот бременоста е веќе минимален.
Само на бебенцето да не му е ништо!! инаку, како што велиш ти..ке го има до крајот овој осип или како и да го наречам, само што ке се намалува. Ми е страв да не се влоши, зашто се прошири и на рацете како што кажав.. Се мислам да одам на приватен дерматолог..
Под ризик не мислев на осип. Рубеола во бременост е опасна во фазата кога се формираат органите, влијае на нивниот развој, но кај тебе бебчето веќе одамна си е пораснато и органите се многу одамна формирани. Така да нема на што да влијае. Поради тоа реков дека ризикот е минорен. Колку беа вредностите кај тебе igG?
А немаш примено вакцина? Направи ли торч? Докажано е дека е рубеола? И јас мислам дека на почеток е опасно, ти вејќе си на крај. А и штом др викаат дека е се во ред немагш место за паника. Пријателка фати сипаници во рана бременост и и викаа да абортира, па си роди здраво и прави детенце. Така Да, уживај. И мене ми беа високи Igg ама тоа е стара инфекција или имунитет од вакцина.
34та цела ја завршив, 35+1 сум. Утре ке одам уште на две мислења па ке видам што ке кажат. Ке одам кај докторот од ин витро , плус ми ја препорачаа Корнелија од Систина била доста стручна да гледа бебиња во ваква ситуација.
Жени се преплашив.. Од вчера чувстував некој јадеж и срамните усни ми беа зацрвенети, пред малку одам во тоалет и на хартијата кога се избришав остана грутка секрет со темно жолта боја, големина на бадем.. Мислам дека имам закачено кандида ама се плашам да не е нешто друго.. Имам закажано следната среда на лекар, дали да одам утре? Пс:се извинувам на деталното објаснување, знам дека е
Ако си 35+1 тоа значи дека си ја завршила 35та недела, и ја имаш почнато 36та. 35+0 е прв ден од 36та, 35+1 е втор ден од 36та. Значи си 36та недела Ајде па пиши што ќе ти кажат докторите
Сипаници имаш прележано? Како пликчиња се прават или баш се ситни како мозолчиња? Знам периодов владее и некој вирус, кој дава осип по телото, знам доста дечиња го имаа фатено, но не знам тоа дали чеша... Коксаки мислам се викаше. Нека пише некој што повеќе е запознаен со вирусот...
Елена, не разбрав дали ти утврдиле конкретен вирус или не. Но имам читано дека во бременост некогаш се јавува осип. Pupps Pregnancy Rash или нешто така се вика... Во секој случај се надевам докторите ќе ти ја расчистат ситуацијата и ќе ти олеснат
Е тоа не знаев... Мене сипаници кога ми избија, прво на градите и стомакот ми се појавија и после по раце и секаде на др место... Ако и се шири најдобро пак до лекар, па и до инфективно, таму ке утврдат најубаво што е..