Да, ќерка ми имаше коксаки, и исто како варичела изгледа, се сеќавам пошто имам прележано. И кога ја однесовме на доктор, уште не беше исипана толку многу, докторката прво што ни кажа е да пратиме каде се појавува осипот, треба да биде мислам на стомак, гради и во коса ако е варичела, уствари ти како што опиша. А ова само таму ѝ се направи, стапала, дланки и 2-3 околу устата. И јас мислам дека треба на доктор да си отиде, затоа што ние не може да знаеме, а башка не сака да сподели информација во врска со Igg, нели нејзино право. Ама врз основа на тоа што го пиша, не можеме ништо да ѝ кажеме.
Со денови се мислам да пишам и се заборавам Буквално секоја вечер после туширање, од вратот до пола раце, и цело деколте ми се жар црвени и многу ме чеша кожата, и е премногу жешко ко температура да имам. Гел за туширање не сум менувала, користам исклучиво млака дури накај ладна вода, значи не е од жешко Да е алергија, зарем е можно само после туш да се појавува? Па ич не ми текнало да се сликнам и да и покажам на Др., пошо после 20мин исто ко ништо да сум немала,исчезнува црвенилото, се до наредно бањање ...
Што ти реков јас среда или четврток спремај се Ништо не ти треба за во систина. Лабело, полнач, стегач и козметика за разубавување
Во систина ептен беше сув воздухот. Претпоставувам заради бактерии и сл. Во родилна сала покажуваше 20%. Најверојатно ја суши устата.
Женски 12+1 сум и од вчера ми се случува при станување и при седнување/легнување да ми се појави тапа болка кај левиот јајник или во тој предел која не е многу јака, но е непријатна и е моментална. Ме боцне така тапо и ја снемува. Му се случува ова на некој и дали е нормално? Преглед имам закажано за една недела,па да не досаѓам на докторот за ништо, ако е тоа нормално?
Мене ме има така пресекувано 2 - 3 пати во прво тромесечие. На 2 секунди, ама како сечење. Мислам дека е нормално. Се додека е издржливо.