Во вторник има шанси да ме задржат. Но ми рекоа може плус некој ден да ме остават ...такашто ти веќе ќе ми даваш совети
https://acibademsistina.mk/doctor/aleksandar-bojadhiev/ Еве го фамозниот доктор цела недела го зборат.
дали во првите недели ви беше вака -јадам и пак стомсков кркори пак сум гладна а убаво јадев од сабајле мусли со јогурт, после јадев пинџунр со црн леб и сирење. После неко време јадев две кајсии 3 сливи модри 4-5 крувчиња и јаболкце, и еве сега салата патлиџани крадтавици кромид пиперка јадев и пак сум гладна , незнам што да јадам да ми помине гладта? А да е здраво.
Исто цело време гладна, јас па бутам и здраво и нездраво што ми дојде тоа. Од 53 кг.неможам да мрднам
Здраво на сите како прво да ви кажам дека јас сум машко (женет) и сакам да прашам за жена ми дека она не е толку активна со интернетот, значи она сега е трудна веќе 5 месеци и се е во ред, но на почеток поточно првиот трисеместар имаше страшен симптом а тоа беше како крварење ама кафеаво. но нејзиниот матичен гинеколог и рече уште од почеток дека не треба да се плаши оти тоа се случувало кај повеле жени, и така со инекции и витамини се стабилизира тоа, и така да редовно се прегледува и редовно прави ехо некогаш еднаш неделно а некогаш на 2 недели, нејзиното здравје а и здравјето на бебето супер се, но, значи ова ни е прво дете, и тоа што мене ме загрижува е дека она многу се плаши од породување, секогаш ми вели дека можеби ке умре додека породува, а и јас и велам дека нема причина да се плаши од тоа пошто докторот досега секогаш вели машала кога проверува на ехо а и самото нејзино здравје е ок, нема пробем со некој орган и слилно, ама сакам да кажам дека кога она вели така мене уште повеке ме фаќа паника, дај ако може некој да помогне, да ми даде барем некоја утеха, ви благодарам!
Јас денес завршив по лекари, матичниот ми кажа се е ок никаков проблем ни со циркулација сите параметри се супер, заостанува само 6 дена што не е воопшто страшно. Додека пак во Систина видоа благо нарушување на циркулација и бебе кое одговара за 32 недела. Но бидејки постелката била одлична и има доволна плодова вода , да се гледаме почесто на 3 дена на ехо и цтг. Све на све не е страшна состојбата све е под контрола. Мене само не ми е јасно како може на 3 места со добро ехо апарати покажува различно, бебето различна килажа има сегде, различна големина, одговара за различна недела. Во секој случај се смирив, почести контроли и се ке биде ок.