стравот доколку и го намалува квалитетот на живот и постојано ја измачува, треба да посети психолог, да поразговара и он ке и помогне да го надвладее истиот. како што одите на гинеколог така постои и психолог кој помага во ситуации кога стравот не парализира, а стравот од пораѓај е еден од најчестите кај бремени жени, со успешна психотерапија истиот се намалува.
Мене од пред некој ден почна да ме боли опашкава, од отоци само стапалата ми се отечени особено ако бидам долго на нозе се поизразени и имам по некој бодеж - боцкање долу. За 5 дена сум на гинеколог. Дотогаш имам причина да паничам или се ова си е нормално во 30+ ? Сакам да си терам минимум 36. Сега желби со мајка природа не знам дали ќе ми се исполнат, ама не се чувствувам сеуште спремна за тој чин.
Спомна дека има многу школи за трудници ќе може ли да ги наведеш доколку ги знаеш бидејќи јас не можам да најдам ниедна а се многу добри за едукација и психичка подготовка.
Во систина немаат повеќе најверојатно ради летово, а за лулка не сум знаела ќе видам на нет ако најдам нешто.
Женски 31ва недела сум а осеќам како менструални болки 2 дена, повеќе изразени во десната страна. Да кревам паника?
А да си идеш на цтг па мирна ти глава јас имам секој ден минимални болки ама се трпат а и кратко траат може 3 /4 пати во ден...јас бев од страв да не се вистинските ама не биле лажни веќе нормални во 8ми инаку сум 34недела...
Ах душо не би ти препорачала јас уште го користам сабајле и вечер го ставам ама тоа е хормон не си играј...магнезиум можеш на своја рака јас почнав по 3 на ден да пијам...
Нормални се менструални болки, тоа се викаат braxton hicks односно лажни контракции. Утрогестан НЕ ако не се препишани од гинеколог.
А доктор колку ти кажа? Не е страшно и 2х375. Мене еден ми е доволен, имам грчеви навечер во листовите. Ако пропуштам магнезиум ме фаќаат, а со 1х375 сум супер.