И јас да се пожалам. Болки во грбот,ниско доле,веќе неколку дена. Порано ќе си ставав топло перниче,ама сега викаат во бременост не чинело топли облоги да се ставаат. Ај во петок имам преглед,па ќе си прашам.
se nesto zabelezuvam kolku da nemam mir.ama edno deset dena gi osekam ovie tegobi kako blagi menstrualni taka se
На страната од систина прочитав дека во 19 недела се ширеле лигаментите. Денес ќе одам кај матичниот да прашам за сипаниците, па ќе прашам и за ова.
Мешиња некоја од вас случајно да не оди кај Надица, Пзу Мама на гинеколог? Пробав да вртам за да закажам контрола една, мејли се вклучува. Да не е на одмор?
Мамички ве молам за мислење, од секогаш сум била магнет за комарци, и нон стоп навечер пред да излегувам су,м прскала аутан, а посебно редовно кога ќе бев на одмор. Сего дали во бременоста после 4 месец смеам да користам аутан или има некое специјално сретство за трудници против комарци, ќе имам иначе сериозен проблем секаде ќе се испокасаат
На одмор е од денес до 17 јули... Види кај нив на фб страната имаше замена пишано дека и е некоја во идадија. Еве ова го најдов повели
Искуства со амнио поради лоши резултати на приска висок хцг односно прво како поминавте на комисија колку доктори ве гледаат секое искуство добродојдено
Вака беше кај мене. Со резлутатите од мнр и амниоцитезата и мислењата од повеќе доктори во вторник во 8 саат наутро бев таму они ги гледаат резлутатите внатре имаше тројца,па отидов во амболанта ехо ми направија се вратив потпишаа,после на шалтер отворив историја и ме повикаа за боцкање. Боцкањето е 5 мин работа и е безболно,повише од вена боли. Ќе си седнеш после малце на столче и дома три дена ќе си лежиш. Пред да влезеш ќе си се напиеш б6 и магнезиум и вечертс уште еден магнезиум. Јас не ја правев поради приската поради сосема друго правев.
Денес бев на контрола, добра е ситуацијата со водата и бебе се наместило во подобра положба. Камен ми падна. Фала ви на сите што ми бевме подршка тука на групава. Нз како ќе издржев до сега. @lavica82 прашав за болката, и рече дека тоа што мене ме болело немало врска со бременоста, сигурно нешто мускулно ме болело. Бтв. За секој што ќе се најде во слична ситуација како мене -да дојде во контакт со сипаници да знаете дека варичелата не е опасна и да се прележи во бременост.
Ќе ти се вратат, не се секирај Зборот ми е дека цела бременост е пропратена со одредени сензации (матка, други мускули и лигаменти...) Се' додека се издржливи, непостојани, без крварење и контролите се во ред, нема простор за паника
Zenski,vi se slucuva li non stop kako da vi krkorat crevata a da ne ste gladni.Mnogu glasno mi krkorat den nok . I imate li gasovi ?
Јас со гасовите сум посебна приказна. Прв триместар немав ич, а сега преку ден како да сум зачепена и само ми се дуе стомакот. Навечер личам како да сум 1 месец повејќе трудна. На утро изгледа ми се опуштаат цревата, ќе се истишам за цел ден и така се одново. Се извинувам за деталниот опис.
Јас немам гасови ама цело време ми кркорат цревата навечер така погласно докторката ми вика дека бебето сета храна ја зимало и ништо не останува за мене затоа и понапредно е за 5 дена,ама ако нека оди се за него нека не се лепи за мене
Мене ми е многу чудно односно се секирам повеќе зошто не ме клоца бебчо а веќе 23та недела терамеЗнам дека кога е на преден ѕид не се осеќа толку ама ова веќе ме загрижува.Некој ден само го осеќам како се поместува ама не секој ден.Има ли некоја трудница вакво искуство...
Ехее јас цела бременост гасна бомба сирот мој маж а сега многу ми кркорат црева ко да не сум јадена со години хахах нормално е се најадам и одма почнуваат да кркорат... сега посебно па и звучно е така да испуштајте гасови и ич да не ви е гајле