Ја сум со постелка на преден ѕид. Прилично касно го осетив бебето - знам на втор скрининг бев и и кажав на докторката дека не го осеќам скоро ич. Така да после втор скрининг го осеќав и тоа ептен нежно. Е затоа сега (денес полна 34та, од утре ситнам 35та) мава, растура, се тегне, стои оптегнато, тверка... све прави, и не го осеќам напред, туку лево, десно, горе и доле. Во средина околу папок не го осеќам, претпоставувам таму е постелката.
Незнам дали ми е за тука муабетот ама бидејќи состојбава ја препишувам на бременоста и хормоните ќе пишам тука. Страшно сум нервозна, раздразлива и само плачам, може и од времево да ми е катастрофа расположението ама немам нерви ќе му свикам на синко и после почнувам да плачам па и тој последниве денови е збеснат не јаде се е со војна, расфрла, нешто ако не е по негово плаче, тој плаче јас плачам, мм ќе ми прокоментира што ти е не си нормална ќе се искарам и со него и пак си плачам. Осеќам како нешто да ме притиска на градите се гушам, незнам како да се опуштам. Катастрофа е времево по цел ден сме дома, се осеќам без енергија немам волја за ништо.
Јас па се секирам дека не го осеќам а сум само 16 недела значи имам време И мене ми е на преден ѕид, значи ако е на преден покасно се сеќава? Незнаев за тоа.
Ne znam koja nedela si, ama da bidam iskrena vo ovie 28 nedeli kolku sto sum bremena i kolku solzi imam isplakano za bez vrska, vo zivotot nemam tolku placeno. Do hormonite e majka. Smiri si dusa gusni si sinko i teraj drug den druga licnost
Мислам дека нема разлика постелка на преден-заден ѕид, зашто кога ќе мрдаше бебето јас го осеќав насекаде...Некогаш накај цревата, накај вагина, бешика... И со двете деца постелката ми беше на преден ѕид, првото го осетив околу 20та недела, второто во 13та. Секогаш првото дете се осеќа за прв пат многу покасно, во периодот 18-22 недела.
Добро е не сум само јас Јас бев на скрининг минатата недела се беше океј и докторот рече дека најверојатно не го осеќам зошто е на преден ѕид. Рече има време ама сепак читам дека многу трудници веќе осеќаат и клоцање а јас сеуште нежно боцкање и тоа одвреме на време.
Јас во овие 11/12 недели расположение не променив, дури на моменти се фаќам себеси колку смирено сум изреагирала во одредени ситуации...Но, вчера попуштив, ме совладаа хормоните и се расплакав сред болница зошто чекав 2 и пол саати во ходник за една обична работа која после излезе дека можело да се заврши за 5 мин. После морав кај матичниот на преглед, па таму ме забележале дека сум плачела, жив срам ме изеде. После ми помина кога го видов бебето на ехо пораснато и мрдаше и со раце и со нозе. Се стопив...А за цревата кркорење и јас го имам тоа чувство. Ама ако сум јадела претходно, знам дека кркорењето е лажно и не јадам повторно.
Труднички убави како сте ми денес? Во Велес има три гинеколози таа што сакам да одам јас била на одмор до 2 јули. Што мислите дали ми е далеку за прв преглед? Според последна менетруација сум 5 недела и 1 ден.
Јас го осетив 2 дена пред да влезам во 16та недела.. сега сме 17+ мрда ли мрда и то како се осеќа плус некој ден го осеќам премногу некој ден помалку дали е нормално тоа..
Не е рано, таман ќе бидеш баш ти пишав пред некој ден тука, идеално е таму 7-8недела да одиш кога ќе можеш и срцето да му го слушнеш. Сега само една точка ќе видиш. Ама па таа точка колку солзи радосници ќе ти донесе, ќе видиш. Посебно па колку брзо ќе расте од милиметарска точка во мало човече.. 35+0, последна недела од 8ми, страв ме фаќа, во исто време и не можам да издржам да помине месецов.. Се ми е измешано, навечер си плачам и од среќа и од страв
Се е нормално. Штом јас го осетив во 13та, тоа во 16та е веќе поголемо човече Активноста на бебето може да биде секој ден различна, не бери гајле.
Нормално е, јас еве 19 и има моменти мислам салта прави ( не дека не прави, вчера на ехо го фатив на дело), а има моменти кога со часови ништо не чувствувам. Сепак сме во период кога ни е рано цело време да ги осејќаме
И јас денес го фатив на дело пошто бев на преглед како што викаш салто прави се тегне мава со раце со нозе многу активно бебенце.. Не и така пресреќна сум кога мава па сега за сега доволно мие и тоа
Мене само на лева страна и ми е згодно,така најчесто лежам и на грб почесто. Кога ќе се свртам на десно многу ме клоца, па не смеам така и да сакам ете
Девојки, четврток е конечната дата утре вечер одам за Систина. Пробуваме со провокација, ако нешто запне царски не ми бега ... Се возбудив пак и ништо не прашав и сега си седам со прашалници. Смеам утре нормално да пијам и јадам? Никој ништо не ми спомна...некоја друга припрема? Ајде ако има искусни да ми помогнат со дилемиве
Ајде со лесно мила да поминеш, јас бев со провокација кога отидов на преглед бев веќе отворена 4 прсти, па ми уклучија провокација и почнаа болки менструални за 4 часа се отворив 8 прсти па ми го пукнаа водењакот, тогаш почнаа интензивни болки па почнав да добивам напони мислев се за во вц сестрата ми вика не напнувај чекај се секавам следно бев на бокс и 15тине минути викав дека умирам и на свет дојде моето најмило. Лесно поминав болки силни породилни се на се пола саат откако ми го пукнаа водењакот, ме задржаа во 13ч во 19и5 бев породена, ти посакувам уште полесно да поминеш, вака поопширно една позитивна приказна да те охрабри, а околу јадењето и пиењето умерено јас незнаев дека ќе раѓам па си доручкував и ручав нормално, отспиј колку можеш сега возбудата колку ќе ти дозволи. Утре вечер ќе те задржат ?
Фала ти за охрабрувачката приказна! Утре вечер одам, да...после како што ми раскажа докторот редоследот ко твојот, самошто утре пред спиење добивам вагиналета некоја. Сабајлето инфузија, па водењак, па здравје боже бебе фала! Веројатно можам утре да јадам нормално, па ваљда задутре пред провокација има некоја припрема, клизма?