Примај си мила нема штета од нив само корист јас ги примав во 32 еве ја ситнеме 35 и уште ставам сабајле и вечер утрогестан ама од петок ми кажаа по една навечер и полна 36 да ги преќинам нема ич штета само корист
Јас тоа не приметив... Баш на преглед во 29та недела бебушка беше 1450г., а во 31 недела 1980 г. Едино немој да се плашиш ( а и немора да значи) јас имав тахикардии ден после втората инекција и тешко ми одеше заспивањето па си дежурав. Што не е случај со сите. Затоа си пиев б6 сабајле и навечер. Најбитно е дека кога ќе примиш зреење бебињата се спремни сами да дишат ако дојде до породување. Значи мирна глава.
Здраво. Еве и јас да ви се придружам 12 недела сум, наредната сум на контрола. До кога имавте гадење? Јас искрено скоро и да немаб, ептен на почетокот само. Имам поголема потреба за спиење ма да и тоа веќе се намалува, единствено градите ми се отечени и болни и често мокрам. Вие како сте?
Поздрав и од мене мешковци туку што дознав дека сум бремена после 7 години пауза ви посакувам лесна бременост и добра дружба тука
Честитки снегче и welcome in the club и јас сум потполно исто немам ни гадење ни повракање еве сум 14 недела топ ми е тоа за мокрење цело време ми е во денот идам по 32 пати и по 2 пати навечер,градите сега ми се нормални и не ме болат толку,мачкај си се за стрии мене ми искочиа мали стриички по гради иако се мачкам ама тоа е што да се праи..Со лесно мамичке Честиткиии
@Bella* иста недела сме Дозна ли какво е бебчето? Јас уште не, последниот пат не се гледаше убаво. Стрии уште немам, а ич не сум внимателна да се мачкам секоја вечер. Имам една крема, од аптека ја земав, околу 300ден, ама не е некоја позната марка. Ти со што се мачкаш? Градите и мене веќе не ме болат, имам повеќе енергија и не мокрам така често. Само уште немам желба за секс, вие како се чувствувате по тоа прашање?
Пробај помалку од пола лажичка сода бикарбона во чаша вода, напиј се, може да ти ги смири тегобите, ми го кажа докторка тоа пред некој ден. Ранитал не знам дали е дозволено.
Ранитал со консултација на доктор. Во принцип го даваат, ама треба да прашаш. Гастрогард и сода се за киселини.
Не немам киселини но желудникот од вчера како да ме боли и чудни миризби чуствувам.. Ќе пробам ако нема друго чаре.. Ок ти благодарам.. Пробав со сода бикарбона ако не помине ќе му пишам на докторот..
Јави се на гинекологот и прашај го. Ако се болки, тогаш би требало ранитал да ти даде. А природно можеш да пробаш чај од кантарион, знам дека помага за болки, мислам дека може и трудници да го пијат.
Mила провери во темата појава на стрии во бременоста баш вчера закачив сликичка ќе видиш кое масло го користам,иначе ми кажаа на прв скрининг пред 1 недела дека најверојатно е девојче ама не е 100% сигурно. Мене хормоните ми работеа до пред 2 недели одприлика ама сега ич чудно дури ич немам желба за секс...
Мене мислам ме уништија гасовите,сум била еднаш бремена но вакво нешто сум немала,ова како парна локомотива сум. Гадењата ми траат уште, не како што беше но ги има,градите неме ни болеа само пупките ме печеа сега ништо. Веќе 12 недела ја почнувам но тек мислам ми почнува тешкото, потешки испитувања но се зависи од првиот скриниг како ќе биде. А кога ќе го направам вториот дај боже да биде се во ред банкет ќе правам Денес ќе одам да го видам цуцето како сме напреднале за 10 дена,ова мие рекорд 10 дена да не отидам на ехо. И уште еднаш ако ми искоментира сестрата зашто маж ми нее со мене да ми држел стравот има да ја
Му пишав ми рече или ранитал или гастрогад ако не помине со тоа инфузија да примам...остај што боли миризби што доаѓаат дури преку нос ги чуствувам неможам од вчера да јадам.. Само што не го прашав каква инфузија ќе може да примам..
Ако можеш, инфузија е најдобро, ќе те освежи. А за миризбите, тешко дека нешто ќе ти помогне, тоа е до хормони. Може и до крај да ти остане. Едит: инфузија физиолошки ќе ти дадат, со б6 и вит. ц и внатре ранитал.
А со главоболки како се справувате? Со првата бременост како песна се помина, сега ме кине глава 24/7