И јас во 18 недела не го осеќав цело време сега сум 22 недела и го осеќам почесто али пак не цел ден да ме клоца и мислам дека е нормално сеуште се малечки за да ги осеќаме цело време
На почеток си, така? Јас не можев ни чаша да се напијам, повраќав. Разговарај со гинекологот, ако треба да примиш инфузија, за да не дехидрираш.
Пред недела дена беше околу 2200-2300 од тогаш не ја мерат, само пратат циркулација, плодова вода и плацента, срека ок е. Баш денес реков за мерење рекоа следното ехо. Инаку денес сум 36+5 горе долу тука сме исто со тебе Краен термин ми е 25ти јули. Тебе? Денес и дд мери правев почнале да се накачуваат доста исто и крвта да се згрутчува, па ми ги смени клексаните сега сум на Фраксипарин 0.6, докторот од трансфузиологија сам ме праша дали има заостанување кај бебче, вика со овие ке биде подобро.
Јас не сум пиела да сега, ама знаејќи ги позитивните страни на Алоето се мислев баш дали можи да се пие во бременост. Ете не ми текнало да прашам доктор
Јас мислам може да се пие, сепак е на природна база не би требало да штети. Сепак консултирај се со гинекологот.
Обична вода ретко некоја да може да пие. Земи кисела вода и кока кола, швепс и остали на база лимон сокови газирани. Јас барем само газирано можам во живот што не сум пиела вакви глупости.
Во Германија се препорачува на трудници швепс со ѓумбир. Плус и да нема нешто што е дозволено во бременоста, тргни од загадноста застани кај санитарните навики на производство. Сепак мора да пиеме нешто, ако ни се лоши од се подобро овие сокови да не оддржуваат одколку на инфузии.
Подобро е инфузии, отколку тие сокови. Во инфузија има само физиолошки раствор и евентуално некој витамин. Во сокови да не почнам да го набројувам составот.
Не можам ниту сокови, ме утепува киселина и од нив, сега водата ја ставам во фрижидер да се излади па така за нијанса ми е по вкусна..кисела вода со лимон пиев тие денови кога ми беше ептен лошо и сега се што сум пиела и јадела во тој период не можам да го смислам пак..само нека поминува побрзо..
Секако мила. Само ладно инаку ни јас неможам. Пробај во водата и некоја капка лимон да ставиш или мраз лижи и тоа ми го препорачаа. Или овошен сладолед. Со лесно нека ти е.
Јас пијам вода и за вас, да не се секирате 2-3л дневно обавезно. Не е со сила, едноставно соковите ги заменив со вода и цело време сум со чашата до мене. И пред тоа пиев многу,и сега. За пулс над 110 што пиете? Ако на некоја уопште и е толку.. Бедоксин ми намалува до кај 98-100, што пак е многу. На притисок 80/50, пулсов не му одговара мислам
На дневна база алое вера подобро да не пиете. Ниту сега ниту кога ќе доите, има негативни дејства. Да се напиете еднаш во недела-две не е фрка, но не секој ден. Јас користев и користам алое само кога имам проблем со настинки, шприцам во нос и грло, но ете и ова е ретко. Јас така неможев да се убедам со свекрва ми за ова алое, упорна беше дека е природно и не ми може ништо, но сепак има еден куп природни работи (посебно тревки и зачини) со кои треба да бидеме претпазливи за време на бременост и доење. Има статии на интернет, прочитајте си.
Твоја бременост твоја одговорност. Од воздухот неможеме да се заштитиме но од состојки кои се забранети во бременост и немора да се конзумираат и те како може да се заштитиме. Тебе тие убаво од соковите но на бебето нему е.