Еве не и нас после 4-5 дена.... Се вративме домче. Ве читав до сега, гледам сите сте живи здрави, насмеани....по контроли со нови вести Инаку ние веќе неколку дена сме многу мирни и нежни едвај да го осеќам. Дали дека деновите пред тоа лумпуваше, па сега ми се ова многу мали и ретки движења. Инаку еве полека полека доаѓа и тој 16ти,едвај ја чекам контролата...се надевам викендов нема да ми е цела вечност. Инаку денес од тета meU добивме убаво подароче кое буквално ми го разубави денот...а капчето ми е најслатко .... прав smurf Инаку од времево сум тотален аут, и десен колк ужасно ме врти.
Фала ви исто и на вас кои сте и ќе бидете мамички искрено мислев дека ќе ме осудуваат повеќето ама погрешив до вас
Не сме тука да осудуваме! Твој живот, твоја одлука. Да се биде мајка не е воопшто едноставна работа, но е најпрекрасното нешто што може да и се случи на една жена. Добре дојде во клубот на идните мајкички! Имај убава и лесна бременост! Честитки и за прчлите малечки, од толку момчиња, девојчињава се убаво освежување. Уф кој ќе прави кикички, плетенчиња и еден куп други фризури. За мерак! Јас растам во мешето мислев ми се причинува ама дефинитивно растам, па сега кој и да ме види вели дека носам машко. Здравје Боже за 4-5 недели ќе видиме дали биле во право. Коментарите толку ми ги мешаат мислите што искрено немам никакво претчувство. Што и да биде, посакувам само да ми е живо и здраво. Инаку гадењето и повраќањето стануваат минато, се поретко ми се случува да ми се згади од нешто или пак да ми се слоши. Апетитот ми е МНОГУ подобрен! Мислам дека немам време да мислам на гадење, овие денови на адаптирање во новата средина ми се многу возбудливи и "стресни" па можеби и затоа не ми се лоши толку често. Во еден ден два пати ми потече крв од нос, вториот пат како да ми пукна нешто во носот и малку потешко го сопрев крварењето. Некој со слично искуство?
Добра вечер! И јас да се пријавам на оваа тема Трудничка сум 7 недели и 5 дена по подолго обидување. Претходно пишував во темата болки и други здравствени проблеми, ама еве и тука. Значи по направена конизација на грлото на матката имав една неуспешна бременост, а сега докторот ме советува превентивно да се направи серклаж. Дали има некој искуство со оваа превентва во бременоста.
Во право си Jagoda а од кога поточно се дознава полот некој со поголемо искуство да ме посоветува на татичко не му се чека сака да знае сега одма јас сум љубопитна ама пред се живо и здраво да биде и кај мене се појавуваат мачнини особено наутро ги имам поинтензивно во текот на денот речиси ич ги нема навечер пак напаѓаат инаку јас сум 11 недели и 4-5 дена веќе ..
dobro utro mamicki kako ste? Jas na rabota i od sabajle imam bolki i plus bubrekot me boli isto nastinata sum pa pijam caj kamilica ne znam koga ke mi pomine denes e petok pa si se raduvam deka dva dena ke sum doma inaku bebuska pocnuvam pocesto da ja osekam Во право си Jagoda а од кога поточно се дознава полот некој со поголемо искуство да ме посоветува на татичко не му се чека сака да знае сега одма јас сум љубопитна ама пред се живо и здраво да биде и кај мене се појавуваат мачнини особено наутро ги имам поинтензивно во текот на денот речиси ич ги нема навечер пак напаѓаат инаку јас сум 11 недели и 4-5 дена веќе ................. inaku polot moze da se doznae od 16 nedela a moze i pokasno eve Jas bev 16 nedela i mi rekoja devojce ama ne e sigurno pa taka ke cekam Do Organ skrining pa ke vidime dali ke ispadni pak devojce
Добро утро и од нас. Утрово се разбудивме со остри болки во јајниците ама поминаа. Инаку за полот не се знае кога можат да ти кажат на другарка ми и кажаа уште во 12 недела дека е машко а мене дури во 21 недела ми кажаа што е . Ако е завртено со газето дури не се заврти нема да ти кажат. Мене на 4д ми кажаа. Инаку честитки за сите нови членки на темава и со лесно да си ја износат бременоста. По постовите гледам повеке женски бебиња ке има
добро утро и од нас си узивкаме ние добро сме располозени.. само со сабајле се разбудивме во 4 за моцканје и кога излегов од вц толку силно ме стрекна доле на матката со дури стрепнав.... инаку цекам акција од мојата керкицка да ме поздрави со некоја клоца веке мозам да ја осетам на која страна се пуци убавата газица на мајка поздравцее убав денн пс.. поцнаа да ми крварат непцата не сакам никакви апцинја да зимам некоја паста или тецност да зубурканје да препорацате
Добро утро и од мене, бевме на контрола и убаво напредуваме клоцко ротира . ddevojce можам да ти препорачам паста за заби се вика Пародонтакс има зелена црвена... Можеш да почнеш да ја користиш , но да напоменам има чуден вкус солена плус има вкус на прополис но е од билки и многу помага. Во зависност каква паста и да одбереш консултирај се со твојот гинеколог. Поздрав од мене
фала ти мила ке се распрасам а за цудниот вкус секако на пастата повеке ке ми се допадне неголи грозниот вкус со го имам на сабајле у устата ... поздравце до тебе
честиткидо новите мамички со лесно да си ја износат бременоста, мене многу почна кичма да ме боли, а машала и курево не штеди на клоци, сабајле од 6 до 7 ме скина од мавање ... интересно ми е ко го мачка стомакот со уље навечер и ке се испапчи, мислиш го мести газето за мачкање, и имав башка кошмар дека ме носат на породување ми викаат зарем ти е убаво доле да се отвориш ... тешко ке биде додека се породам, ама од друга страна едвај чекам да го видам ... ама едвај
Честитки и од мене за новите мамиЧки со лесно да си ја носите бременоста и ние сме добри љубовта на мама си расне и се повеке и повеке мама ја боли киЧмата,ама ке се издрзи се,за две недели на контрола едвај Чекам да ја видам еден совет за ddevojce и јас го имам истиои проблем со непцата иди во аптека и барај lakalut aktiv таа е медицинска паста и бас за таа намена е многу помага ке видис поздрав и имајте убав ден
во последно време и со магнезол и со одмор многу осеќам како контракции, стомакот ми се прави тврд тврд и мислам нешто ко да гура надолу, сеа сум 7 месец и ми е страв случано да не фатам да се пораѓам а да не знам. Како изгледа вистински породилни болки или контракции ?
Добар ден од нас. Најпрво честитки до новите мамички, со лесно да си ја износат бременоста и да уживаат во првите 2 тромесечја затоа што третово било мачење. Повторно мачнини, забрзано чукање на срцето, постојани болки во долниот дел на стомакот. Ама ај да не се жалиме. Се престанува кога ќе се осети една Чак Норис клоца. Сабајле бевме да провериме крв, па сега ги чекам резултатите по меил, па после сме на контрола да видиме колкав станал клоцкото. Инаку DDevojce мене ми течеше крв од непцата земав мека четка за заби и повеќе немам проблеми. Butterfly.mk мислам дека веќе треба да престанеш со магнезиумот, гинекологот мене ми кажа од 7 месец никако магнезиум. Консултирај се претходно. Имајте убав ден мамички, па ќе ве известиме како си поминавме денес на контрола.
Добар ден и од нас. Јас веќе почнав со подготовките затоа и поретко се уклучувам. За магнезиум некои доктори викаат до 7ми некои до крај. Минатиот пат бев на лекар со другарка ми 9ти месец трудна, докторката и порпорача да испе до крај и 2 оддендаш кога ќе оди на свадба. Јас и радосна и вознемирена во исто време. Ми го донесо креветчето. Колку време го чекав да ми стигне. радости....додека не ми кажаа дека ги заборавиле пред зграда штрафовите и некое шипче. И ги нема, некој ги земал. Чекам да дојде мм да види што фали и дали може да се сред тоа. Да се направи ново шипче и да се најдат штрафови, ама ми се скрши филмот. Може ќе треба да барам друго креветче
минатиот пат кога бев на гинеколог ,значи пред една недела,ми рече да ги пијам магнезиумот до крај.ама јас еве оваа недела ги прекинав не ги пијам повеке.а какви грчеви имам во мускулите на нозете ми иде да врескам ноке и зглобовите на рацете ме болат.ама ајде не ги пијам да не ми ги прикриваат грчевите на матката кои сега ги немам а ги имав сите претходни месеци.
честитки до новите мами имајте убава бременост. јаготка и мене ми се случи неколку пати така со крв од носот,ми рекоа дека било нормално во бременоста да се случи така. блазе тебе јаготка што немаш гадење, знаеш повекето викат дека ако немаш гадење многу дека било машко,ајде да видиме дали е вистина додека пак јас се преуморувам од повраќање,мора значи да повратам како ме корне од внатре,ама ке си трпам за бебуш мој,иначе мене повекето ми викат дека имам женско A мм и таткоми дека било машко здравие за неколку недели ке го видеме што E!. само здрави и живи да ни бидат бебињата
Леелеее. Знам за што зборуваш со грчевите. Ужас бе, никој не ми кажа за тоа. Прочитав дека вежбање (стапалото напред-назад) помага, да прошеташ малце и од претходно што имам научено, на ладно боса да стоиш. И како напрдуваш со бременоста полошо и полошо е (ако сега ми е толку лошо не сакам ни да мислам како ќе ми биде кога ќе стигнам како тебе ) Ама ај, како што сме кажале милион пати веќе, за бебушот се трпи