Искуство имаме, пошто сите имаме цервикс Во различна недела различна должина има, при крај на бременост се скратува се повеќе. Што те интересира поточно, која недела си и колку ти е должина на цервикс?
Знам дека сите имаме, искуства со скратен, 22гн 23мм.Ми дадоа само утрогестан наутро и навечер, пократко пешачење
Какво пешачење..колку можеш повеке мирувај, лежи, само минимално раздвижување...Зар не ти кажа докторот? Чувај се..
Женски каков магнезиум користите? Јас земам магнезиум директ али неможам да поднесувам одредени вкусови па дури и од него ми се гади.
И мене ми се гадеше ама се навикнав. @Bebuvce86M повеќе мирување, никако седење само лежење. Терапијата е таа утрогестан и магнезиум. А имаше ли некакви болки или секрет? Јас мн бев исплашена за мојот цервикс поради семејна историја со предвремени, а во 17 недела ми беше 34 мн. Докторот ми рече ако немаш болки и розев секрет демек не се крател. И вистина во 22 недела си стоеше на толку.
какво пешачење со ваков цервикс само до веце станување, ако се смали уште малку ова е апсолутна индикација за серклаж.
И мене не ми држеше многу фактот дека ако ми се крати ќе сетам, зошто сестрами се породи во 28 недела без ништо да сети, само неколку дена претходно прокрваре. Добро е што се открило на време, сега знаеш и ќе се пазиш. Лежи со перница под гз да се намали притисокот на цервиксот и не кревај потешко од 2 кг. Нашиве доктори јас нз зошто, треба да ги молиш за цервикс да ти измерат. Ете да и кажеа на сестра ми сигурно немаше тоа да и се случи. Ама на крај се добро се заврши.
Па да не е под 2 ипол. На нет се наоѓаат различни табели по недели со должини, зошто тој се скусува со текот на бременоста. Но кај секоја жена може да е индивидуално и се што е над 25 мм се смета за ок, а под веќе бара терапија. Ако падне под 2 се прави серклаж. едит: еве што најдов на нет стандарди на грлото на матката должина може да се најде во согласност со табелата: Гестациски на грлото на матката должина (норма) 16 – 20 недела Од 40 до 45 mm 25 – 28 недела 35 до 40 mm32 – 36-тата недела 30 до 35 mm
И јас би рекла никакво пешачење, со 23мм нозе во вис и најстрого мирување, рано си уште,22 недела.. До вц и назад, домашните обавези префрли му ги на друг, ти само одмарај колку можеш повеќе. И на второ мислење обавезно оди, не е добар совет ова со пешачењево од докторот за ситуацијава твоја.. @Kaffe Земи таблети ако не можеш директ, барем нема да ти се гади. Јас на хемофарм го користам магнезиумот, ама без шеќер и мнооогу кисел. Среќа па цела бременост повеќе од 20-30 не испив, ме прескокнаа грчевите..
Женски како сте денес? Јас од вчера не сум баш арна изгледа настинав мнг ме болеше глава и кашлам како куче вчера пиев парацетамол па ми помина ама денес пак исто да пијам ли пак парацетамол што мислите? На мисла ми е два дена по ред парацетамол да не биде нешо лошо И уште нешто сакав да прашам.. Утре сум договорена кај баба ми на ручек да одиме ама братучетчето има сипаници, и незнам дали да одам.Јас ги имам прележано ама ми е страв да не ми се повторат недај боже што ме советувате?
Јас кога бев на последниот преглед др ми мереше со абдоминално ехо и ми рече 35 мм. Нареден преглед рече со вагинално ќе го мериме попрецизно било така. Рече само да не е под 25 мм. Не ми спомена ниту гестациска недела дека влијае ни ништо,што не значи дека не е така. @Kaffe и јас го земам директот на фарманова со мирис и вкус на портокал. Морам да бидам искрена дека последниве три четири дена не сум земала, ни мирисот ни вкусот не можам да го поднесам. Но премама дуо видов дека има магнезиум,грчеви во матката немам на почетокот ги имав многу повеќе. Но ќе им се вратам,ветувам. Се надоврзав,дека го имам истиот проблем.
Ако ги имаш прележано варичелата не би тревало да те поноват. И јас бев во контакт со внука ми која по 1 ден извај сипаници и не ме фатија. А и варичелата после 20 недела не била воопшто опасна и да се прележала. Плус детето вејќе ги има и не е толку заразно. Најзаразно е пред да му излезат.
Девојки ај да си прашам јас....од одма ли фаќаат хормоните да си работат? Само што дознав дека сум бремене и еве одма често променливо расположение,одма со плачки за ситници,одма се ми смета,на моменти сум толку ладнокрвна што мува не ме лази И кажете ми колку смее,колку е пропорачнило Б6 дневно да се пие едно или може до две?
Jас по едно си пијам ако не секој,секој втор ден..бидејки и јас се чувствувам вознемирено на работа највеќе
Јас денеска сум некако без врска,имам притисок доле и во стомакот и малце кичмата ме наболува. Знам дека бебе расте и сее тоа нормално ама на моменти од што читам со ова цервиксов па де пораѓаи пред време ме дрма паника.