Еве цела бременост 2 пати сум проверена со сонда и тоа на мое барање. Првиот пат цервикс ми беше 4, вториот 3. Сега бог знае колку ми е. Случајно ја прашав петрова од ремедика дали е во ред преглед со сонда, за дали да го правам и кај матичната, почесто да мерам цервикс и ми рече ако толку сакам да биде минимум на 2 недели иако таа ми рече дека нема потреба. Искрено си ја послушав, а за преглед со рака исто мислам дека го користат пред пораѓај за полесно отварање.
и мене исто како поддршка ми го дадоа,и исто едно пакетче само користев и после сама ги прекинав затоа што имав мнг голем исцедок од нив и како чешање ми се јави.И кажав на докторката дека сум ги прекинала ми рече океј е.и после тоа немав чешање никакво,немав потреба да ги користам
Како јас да се читам. Прво заради спиењето на стомак. И мене ми се случуваше истото до пред некои си две недели. 3начи 19 недела. Легнував настрана, се будев на стомак и се сецнував, умирав од страв да не направам несвесно некоја беља. Во последниве неколку дена, исто легнувам на страна, а се будам на грб, што е многу чудно од причина што на грб никогаш не сум можела да спијам. Сакам да ти кажам природно си ја бара веројатно телото положбат и мислам дека немаш простор за паника. И јас бев во страв како тебе поради тоа што не го чувствував. Го осетив во 21+2 или 3 беше, значи прилично доцна и тоа како мал скокот во стомакот. Индивидуално е кај секоја, некоја порано, друга подоцна. Тоа што тука читаме често дека и пред 19-та го почувствувале некои трудници не значи дека ние не се движиме во рамки на очекуваните периоди кога може да се почувствува.
Од каде оваа информација?Не ширете дезинформации значи неколку доктори ми потврдија дека може да се спие како ви е најудобно!Лева десна на грб сеедно е. Кажано од гинеколози.
Јас пиев пред некој ден а и првата бременост си пиев подолго време и немав никаква штета. Се што е умерено смее.
Мене досега оваа бременост ниту еднаш не ме има прегледувано со вагинално ехо, само абдоминално. Претходната која траеше 9 недели 3-4 пати бев на преглед и сите вагинално ехо ми правеа, не прокрварив но ете заврши...
Јас кога имав уринарна инфекција земав увин и чај од брусница,и после прочитани не знам ти колку статии дека не е препорачлив, се одлучив за брусницата да ја пијам. Не да не смее, ама ете не е препорачлив баш. Земи си брусница и готово.
Vi se slucuva li brzo da ogladnuvate? Znaci jadam po malce, a cesto.... Brzo ogladnuvam i koga sum gladna mnogu mi e loso, se natkrevam za povrakjanje, nenormalno mi se gadi , pa stom kasnam nesto, tek togas mi e podobro....
Сите три бремености ме прегледуваа со спекулум, сонда, плус со рака. До крај така, секој преглед. Никогаш немало крварење или да се отворам. До докторот е, не е до самата постапка. @an4ii на 4 недели.
Во просек на 4-6 недели. Никогаш подоцна од 6. Секогаш ми се гледаа како вечност. Кога веќе пишав да се пожалам. Влегов да си ја средам кикиритката,ма не со огледало,не мм го викнав и пак кој знае што направив. Мене вагинално ме гледаа само на првиот преглед во 5 недела за потврда и во 7 за срцева акција. Утре ќе ми мери цервикс и рече вагинално ќе ме чепка. Ме уби психа поради тоа.21+5 ќе сум. И втор скрининг ќе правам утре кај матичниот др. Не знам дали да закажам приватно. Има ли потреба,што мислите?