Јас од кога се токмев и денес го земав ,се испрскав и освежува. Јас навечер имам највише мака,ме жежат и пецкаат како болви да ме касаат.
Значи ова не е од памет кажано Бог да чува! Имам 5 различни доктори и сите ми го кажаа истото... Е сега секој за себе, ако ти мислиш дека е во ред онда терај така А за тие што ги интересира повелете
Ама во ред е дека се препорачува спиење на страна,но не можеш да кажеш никако на странаИмам пријателки кои и на стомак до 24та недела спијат несвесно па ништо не им било,нашитр мајки баби многу знаеле на која страна да спијат.Муабетот ми е дека препорачливо е на страна,но секако како им е удобно на жените така да не се оптеретуваат безпотреба.
Мислам дека најдосадна сум на темава, ама се нешто ново ми се случува и сакам да знам ако ништо друго дека не сум сама и да си ја смирам главата додека појдам на контрола. Можеби некои знаат некои не, мало повторување, два позитивни теста, преглед на гинеколог-рано е ништо не се гледа пиј магнезиум и премама, преглед преку крв bhcg 1568, по 10 дена втор преглед се гледа плодот ама рано е за срцева акција дојди за две недели и поради неправилна форма на сакус вагиналети утрогестан. Би требало да сум почеток на 7 недела, денес осеќам некаква напнатост во долниот дел на стомакот, ме спука некоја нервоза, се изнаплакав, ајде се смирив, ама напнатоста во долниот дел уште како да ја осеќам, башка целата сум подувана, стомакот ми е подуван и само цревата ми кркорат и имам внатрешни гасови. Ме фаќа некој страв дека досега вака не ми било долниот дел од стомакот го осеќам како оптегната жица, а не е тврд многу на допир, не знам како да опишам. Дали е ова нормално и дали сум јас нормална?!
Zenski help. Bremena sum 23ta nedela. Na odmor sum i me napadna cistit. Utre zaminuvame ama ne znam kako ke izdrzam po pat. Nesto za da se potsmiri za do doma ?!
Требаше да кажеш па да дојдам да се исплачеме заедно. И мене ми е денов катастрофа исто грчеви и некоја тежина во цел стомак. Во Четврток сум на скрининг 12+ 4 ќе бидам, киселина ме уби немам сила ни до тоалет да одам Пиев чај нане и магнезиум ама уште ми е тешко Значи не се секирај барем не си сама нека ни е со помин
Таму кај што си на одмор да видиш во аптека или ако си во МК земи брусницин го има во повеќето аптеки дозволен е во бременост.Секое добро
Напнатост на долниот дел од стомакот осеќав и јас, а имав и многу гасови на почеток. Мене плус ме сечеше нешто како со нож. Смири се, ако за секоја појава во бременоста вака се напнуваш тешко тебе . Штом си 7 ма можеш да одиш за да си слушнеш срцева реакција. Со лесно мајче..
Сон не ме фаќа.... Многу, значи многу ми се гади..... Страшни нагони за повраќање имам, а не повраќам... Топло ми е, се ми е .... Уффффффф !!!!
Жени, првородилки, како го осеќате бебето дека мрда? 19 недела, деновиве во 20. Некогаш осеќам како пеперутки да ме лазат, некогаш како нерв да ми игра, некогаш како да ми тропка нешто ама мн кратко и скоро неосетливо, некогаш па ништо нема. Тоа ли е тоа вистинското шо треба да го осеќам?
Така е. Тоа е тоа Сега очекувај се повеќе и се посилно. Јас сум 22 и кај мене се чувствуваат и на рака удари. Вчера прв пат го зачека и мм. Ќефови беше.
Јас сега влегов во 23гн и осекам по јаки удари, исто и првиот пат беше удар на 18гн, гали меше кај секој различно се осека
Вие што сте околу 20та недела дали имате отежнато дишење. Цело време се осеќам како да немам доволно воздух како тешко да дишам. На скрининг ми рекоа бебето е високо па ај си викам притиска на дијафрагма ама незз. Некако ме плаши па и со мојава анксиозност си праам некои безвезе филмови и уште повеќе тахинардија и камо да губам здив. Баш сум исплашена деновиве цело време на тоа мислам.
И јас почнав пеперутки да осеќам,како со пенкало да не боцка Туку да прашам се разбудив утрово со болка во желудникот како со нож да ме сече бо круг се врти болката ма една минута. Сум имала ваква болка порано но сега незнам ни што да се напијам.
И ја имав такви болки мене чај од нане ми помога и течна храна да не биде сува ама највеќе чајот од нане
Пробај со ладно млеко. Ако не поминува пробај малку сода бикарбона пола лажиче во малку вода раствори и испиј го.