Јас сум 39+0 недела. И одам во тоалет по 4-5 пати во денот. Може ли тоа да е знак дека породувањето треба да го очекувам во најскоро време? Така нешто имам читано во првата бременост.
Ne e od magnesiumot stolicata vo bremenost znae da bide meka I da izgleda kako dijarea I jas imav takva stolica sama od sebe pomina inace I jas pijam magnezium od 400 na alkaloid
Освен парацетамол знам дека друго не е баш препорачливо во бременост. Би ве советувала да не се ослонувате многу на мислење од аптекарките туку од доктор, многу пати се испоставило дека не се разбираат од лекарства за мали деца, бремени и доилки.
Аналгин во бременост, колку што знам не е дозволен, без разлика на неделите. Парацетамол е најсигурна опција. Претпоставувам не мисли на уринирање
Се сложувам. Јас знам дека прва и трета третина е забранет. Втора, под строго набјдување евентуално...
Па јас 4-5 пати одам во еден саат (ова за мочкање) Да, за втора третина викаат ако ништо друго не делува, или евентуално поради алергии, и со контрола како што пиша. Јас главоболка само со аналгин можам да излечам, ама во бременоста ниеден не испив. Сега на парацетамол појачана доза се ослонувам.
Имам некако како пецкање долу дали може да се кпристи канестен или само со павловичева да си се мачкам ?
Се извинувам што ке бидем долга ама незнам точно како се вика а би сакала да знам дали некој имал искуство со тоа. Вака сега имав болки во десната страна на грбот и јас мислев дека е грбот али уствари не било грбот се воспостави дека бебиш таму клоцал и во бубрегот ми се собирала мокраќата при што имав јаки болки и завршив во болница после сите прегледи се беше во ред немам никаква инфекција. Инаку сум 25 недела фала ви однапред
Убаво ти вели исто е и кај мене откако почнав со магнезиум освен тоа незнам дали е тоа дијареа еднаш во тек на денот течно празнење, ретко два пати
И јас се чудев кога ми кажа гинеколог па од страв трпев болка не пиев ништо. Парацетамол ми напомена никако а сите велат само Парацетамол. Затоа и препрашав денес фармацевт, од едно апче ваљда нема беља, од 1до 10 болката 10беше. Индивидуално е, на кој да веруваме веќе не знам најдобро да се трпи.
Нема беља од едно апче. Прочитај на нет, јас искрено досега со толку доктори, не сум чула препорака за аналгин, а забрана за парацетамол. Не знам, нека кажат другите трудници за нивни искуства.
Прв пат слушам за дозволено Аналгин, штетно Парацетамол... Јас баш обратно правев. Ама кај мене се покажа дека Парацетамолот нема резултат за болката па не го ни пиев. Ја игнорирав најчесто или легнував едно половина час и се ќе ми поминеше.
Да, да имам читано дека не е препорачливо. Телефонски два пати ја препрашав, на преглед пак и со убедување ми збореше дека нема штета . Парацетамол да сум заменела со Аспирин, а за болка силна Аналгин. Со страв со голтнав денес бидејќи од болка минатот пат повраќав па да не се доведам до тоа реков ќе испијам. Нека не се повтори веќе, ни едно ни друго да не ни затреба.
Јас патам од такви главоболки кои ме доведуваат до повраќање. Мене гинекологот ми препорача два парацетамоли да се напијам од 500мг, значи вкупно 1000мг. И така ми поминува. Инаку со еден парацетамол, исто како да не сум се напила. Не знам што да ти кажам. Да не се повтори. Инаку, и болка не е убаво да се трпи, и тоа има лошо влијание.
Не сум имала такви проблеми пред бременоста да повраќам како од мигрена. Поточно повеќе личи на болка во синус. Приметив дека кога е премногу облачно ми се случува тоа. Се надевам нема да остане вака.