22 + 4 сум. На последна крвна слика 18,7железо и 122 хемоглобин. Мене не ми дава на секое дури се нервирам. Последно сега само ми рече бебе е супер, тебе те гледам супер, пиј пре мама и тоа беше. Сакам да појдам на матичната да и побарам, ама ми е страв да не закачам некој вирус или грип дур чекам, па да направам полошо. Секогаш има мн гужви, а мала чекална без прозор. Па за 2 недели сум на контрола ќе издржам. И јас се тешам дека од жешково ми паѓа притисок и затоа ми е вака.
Ами ако живее подалеку од болницата јас по тоа се водам. Мајка ми била циркуз со сестра ми едвај се породила и мислела дека и со мене така ќе биде па си седела дома до крај и за малце ќе сум се родела во фиќо Јас инекција примам седната на столче никакво легнување ни па пози
Добри сме,бебуле уште во инкубаторче,добро напредува. Ќе ве известам кога ќе се изгушкаме обавезно. Фала што не мислите.
Денес забележав како вода на гаќичките, ги сменив и повторно имаше но помалку од првиот пат. Можно ли е да е плодовата вода? Сум 36+4 недела, од синоќа осеќам благи болки и стомакот ми е многу тврд. Пред повеќе од една недела кога легнувам многу ме боли деснава страна, скроз доле кај ногата. Не можам ни да се свртам од болка. Што мислите да одам во болница или да почекам.
Трудници дали сте бледи, во првата бременост бев ама краток период, сега се гледам секој ден бледа..и до кога трае заморот, енергија сеуште 0 како истепана сум..
Јас сум прилично бледа и кога ќе се погледнам во огледало изгледам како скраја да е болна, а не труднана лошењево му нема крај,11+2 сум и едвај до вц одам , енергија 0..
Моето искуство кога ми протњкјвал водењакот е како кофичка вода. Значи салам протекување. Инаку од старт менував по неколку гаќи во текот на денот поради истиот проблем. Ми рекоа нормално е. Следи болки, јас не би за сега, не ми делува дека има некаква индикација. Вистинското протекување на водењак не се промашува. Често е на жалост. Прв симптом на бремемост ми беше насабајле кога се будев помислував дека некој ме тепал во текот на ноќта, секое ковче ме болеше. Толку уморна бев тоа чудо.
Јас па второво тромесечие сум скапана,нема ковче што неме боли. Вчера му се пожалив на докторот вика написе аналгин и лежи да одмараш аха важи не фала не пијам. Среќа детево вчера го видов супер беше се и пол дознавме,на докторот му викам овој пат ќе биде ли докторе да не сс случи пак нешто што не треба вика па не би требало. И сега зашто ми кажал не би требало едно мисли што ме навасаа ноќеска абе читај пусти па слики споредувај,хаос сум значи и несе трпам више. Како ќе издржам со овие мисли незнам.
Немој да ме сфатиш погрешно, ама треба да се опуштиш малку и да уживаш во бременоста. Аномалија 90 проценти не се повторува, и Димчев и Палчевски од Систина ми го кажаа тоа.
Потполно те разбирам исто и мене ми се случува,милион мисли во глава што и како и само се молам се да биде во ред овој пат. Психички сум на нула,само на тоа мислам и правам споредби некакви. Знам дека не е добро ама засега неможам поинаку ,се надевам нема вака да ни биде до крај♀️
И мене двајцата ми кажаа дека не се повторува ама ај докажи на негативциве околу мене што неможам од нив да уживам и да се опуштам. Ке издржиме мушки Да одев на работа полесно ќе ми беше знам.
Уживај душо во бременоста и не се оптоварубај со црни сценарија. Знам дека е тешко. Јас сеуште пред секоја контрола сум под стрес дали ќе биде во ред плодовата вода. А др никој не може да каже дека ќе биде 100 посто. Мене секогаш сите ми викаат само Господ си знае. И во Плодност кога беве Поповски ми рече сега се е во ред и немаш никаква причина за грижа ама за утре или по еден месец не можам да кажам. Тие мора така за да се оградат ако нешш не дај Боже се случи.
Lele I mene psihata me mava ovie denovi kako luda sum za nikade dali oti doma miruvam poveke a ne sum naucena da sedam doma neznam nemozam da izdrzam I se nekoi losi rab mi se vrtat vo glava
Мешиња 04:53. Секоја ноќ истото сценарио. Несоници. Кутар мм ни тој од мене не може да спие. Хормоните имам чувство дека ми се плафон. Се будам после 4 саата сон и ниту сум наспана ниту можам да продолжам да спијам. Има некоја со слична мака? Чаре?
Чаре јас не се ни обидувам да си легнам пред 2-3 ч. Потоа 1 час секако се вртам така. Се ме чеша и заспивам. Некои денови и јас се будам кај 4 /5 со мм кога оди на работа и презаспивам во 8 кога треба да станам. И после се чудам зш цел ден уморна и поспана. Мене ми помага да се уморам пред спиење. Па гледам на вечер одкако ќе залади да прошетаме низ парк и шеталиште.
За несоница,јас си легнувам рано капната од трчање по децава,па некогаш пред нив заспивам.Но,се наспивам и се будам околу 3 и после не можам да заспијам,дремката ми иде околу 6 7 кога треба да станам.И цел ден ко зомби. Вчера ми помогна чаша млеко (инаку не пијам млеко,може 20 години се немам напиено и повеќе),прошетка секако и релаксирачка книга пред спиење. Спиев поубаво од друг пат.