Иста сум и јас не се сеќирај и сега сум ко пијана кокошка и неможам да спијам од што мие допло. Јас и Ѕвезда ќе си тераме ист термин имаме колку што знам.
Цела ноќ се будам по 100 пати, се мислам каква количка ќе купиме, каде да ставам креветче, дали ќе биде се во ред и слично... Мм ми вели дека мозокот ми е пренатрупан информации, затоа вака се оптеретувам.. и така е, и за свадбата бев ваква, од што сакам да сум добро информирана за се си го полнам мозокот со еден куп информации без кои можам да поминам.. Таков тип на човек сум што да се прави.. Ај за свадбата помина за 1 ден, ама со бебко секој ден ново нешто ќе се случува и со вакво темпо мозоков ќе ми експлодира.. До 20та недела сите типови цуцли ги исчитав, искуства на мајки од цел свет, креветчиња, душечиња, димензии, колички, кадички, релаксатори.. Кај ми е крајот, ќе неможам да се одлучам што да купам кога ќе дојде време...
Читам си ги користела Вагисан вагиналетите , па да те прашам дали од нив е оваа чиста течност ,секое утро кога ќе станам ептен мокар ми е вешот (како да сум се помочала) . Јас прв пат гледам ваква реакција на вагиналети, помислив на водењакот ама па само наутро и чиста течност колку што знам не ќе да е Дали и ти вака утоп мокра си била од Вагисанот? Трето ми е па пак трудничките хормони ми ги излудуваат мислите убедливо нај сензитивна бременост ми е . Како прв пат да сум трудна Спијам како зајак , имам чести лажни контракции, мозокот ми работи со 300 на саат, се нешто ми смета, мокрам на секој саат,енергија 0 . Па и глад ,боже мој ,како да не сум јадела со денови . Нозе почнаа да ми трнат и отекуваат ,и тоа исклучиво само стапалата до глуждот, а тенки нози имам па кога ги гледам смеа ме фаќа како компири на чачкалица ми се стапалата А за одлуки носење ,ако не е мм и поголемата ќерка ма нема да знам ни што да јадам денес. Јас предложувам неколку ствари и они одбираат .(ова за СЕ е така јадење,бебешка опрема,дневен ред ...) и така дојдов до заклучок дека 8 годишната ќерка е по решителна ,рационална и разумна од трудна жена полна со хормони (то ес мене) . Ваљда нема да ми останат хормониве исти и за доење, може поинакви ќе бидат (се надам на подобро).
Убаво кажа со еден збор - Хормони... Абре косата ми попадна за 4 месеци, истото ми се случуваше и пред свадба.. Ми игра нерв во око трет ден. Колковите и опашката толку ме болат што навечер неможам да станам за до тоалет, се вртам како засукан кит низ кревет Во 20та недела, а до 40та што ќе се прави
Женски ноќеска сум заспала со климата уклучена, не дуваше дирекно во мене во друга соба бев меѓутоа беше ладно. Денес ме кине стомак поточно десниот јајник и позади кичма и малку ме фаќа паника. 21ва недела сум и незз дали да тркнам до клиника или што да правам. Инаку бебрто си клоца силно си го осеќам најнормално кога и да седнам. Совет плс
Мене ми помага магнезиум со Б комплекс,чај нане и лежење со убаво зимско ќебе,пошто знаеш од што ти е пробај ако не поминува тогаш лекар
Моник, стравот е нормална емоција исто како и среќата. Не можеме да го истиснеме од нашиот живот, да не постои. Посебно после искуство како твоето. Едноставно остави ги мислите да си течат, нека излезат, а ти силно верувај дека се ќе биде во ред. А и скринингот ти се ближи, што значи за брзо ќе дознаеш дека овој пат е се во ред.
Па така така Вчера пак ме фатија болки 5,6 саати ама дома издржав си викав до 10 ако не ме пуштат одам пак во систина. Ама пуштија и сум заспала .. Незнам еве денес поблаги менструални.. Дали телово се спрема ( така ми кажа сестрата во петокот ) незнам ... како и да е ќе видам денес како ќе биде, а утре сабајле ќе му се нацртам на Митко Инаку доле на препони цела сум отечена, се ме боли... приметив на туширање незнам дали е нормално и ептен ја осеќам доле му викам на мм кај и да е раче, ноџе мислам ќе излезе... Веќе сум 36 плус 3 па си викам и сеа да бидне веќе не е ризично иако ќе биде предвреме родено..
Ќе биде се знам сигурна сум се осеќа тоа,сите мајки да си донесеме здрави и прави дечиња на овој свет. Уствари јас сум убедена дека оваа година дека ќе ме има на вести за првородено бебе во новата година
И мене ми е термин 24-25 декември ама си викам ако закасни некој ден и биде нова година леле леле Ме зезаат на работа колегите ептен дека јас на вести работам,викаат ако бидеш прва со телевизорот во рака ке мислат местено е баш некој од тука да го земе тв-то Јас бев многу бледа и кога ме виде Чочороска вика ти жено имаш крв у тебе ? Хахаха ме прати одма да испитам крв и слабо ми беше ептен железото ама ми препиша капсули и се средив за брзо време и ми се врати одма свежина на лицето...така да испитајте си крв
Не е решено кај мене се изнервирав мојава докторка вика девојче кога бев во амбуланта ме гледаа исто на ехо тој ми рече машко ... ќе знам со сигурност на втор скрининг изгледа Тебе што ти кажаа?