Море колку значи Највознемирени ми биле кога сум била и јас под стрес или нервозна. Имав другарка под голем стрес беше со новороденче дома, мојов имаше 6м тогаш.. ми се јавуваше бебево вриштеше, не можам да го смираааам, само плачееее и она расплакана нервозна. Па одма пут под ноѓе заедно со синко кај неа одев од сабајле до 5,6 приквечер и бебето ни А, најмирно на свет... ми викаше баш она: добро магии ни правиш? Што има во тебе? Но работата беше што со мое присуство, она беше смирена, а така и бебчето Исто и со бајачките, се е до психа. Нервозно бебе расплакано ке го однесат на бајачка, бебето се смирува, бајачов помогнал на бебето. Но уствари бајачот психички мајката ја смирил и опуштил, а со тоа и бебето се смирува
Абе... и ја сум нервозен тип... или бев Јас разбирам дека тоа е нешто што не може да се контролира и е појако од нас. Јас многу често сум била во ситуации да се дерам неконтролирано, да губам глас, за ситници ко што викаш, бесот не може од мене да искочи... Разбирам максимално. И не кажувам дека сега во бременост го исконтролирав тоа, посебно не со намера, туку кажувам дека магично ми се смени перцепцијата. Не знам како. Да бидам искрена, дури мислам дека ми се плашеа блискиве што ме знаат, каква ќе бидам во бременост. Едноставно многу посмирено реагирам на работи за кои претходно сигурно ќе сум кренела кров у вис. Некои работи што знаев дека ќе ме мачат ако не ги променев, многу смирено и трезвено ги решивме со сопругот, што и двајцата сме изненадени од сами себе. Повеќе он од мене изненаден. Многу совесно, свесно и реално пристапивме кон некои проблеми што ни искрснаа, за кои ако бев таква каква што знам најчесто да сум јас ќе завршев во ментална установа. Не знам, можда пораснавме. Можда се уходавме. Можда не е до бременоста. Значи, после 30 години добив и од мајка ми реченица: „Ме изненадуваш, браво“ @mariz јас кажувам за бебе во стомакот дека не ми е правило дека ќе имам мирно бебе зашто бев смирена овие 9 месеци. А за нервозен човек во просторија и мене ми влијае негативно, а не па на бебе...
Аааа погрешно сфатив, да тоа нема врска... Јас многу понервозна и со повеќе стресови бев вторава бременост и очекував дека ке биде и она, но она бајче
И јас бев нервозна, лута и се нервирав за глупости, пред 1 месец кога бев 16та недела ни отпадна договорот кој го имавме за конечно да имаме свое живеалиште, од нервоза почнав целата да се тресам и неконтролирано да плачам, неможев да се смирам, ми се тресеше цело тело неколку минути и почнав да чувствувам како се блокирам, е баш тогаш во тој најголем стрес бебко ме потсети дека треба да олабавам и за првпат го почувствував како посилно се размрда. Си ветив на себе дека нема да си дозволам повторно да се нервирам и искрено да ви кажам си го почитувам тоа, како да си се опуштив, буквално ништо не си дозволувам да ме растревожи. Мм ми вика покул никогаш во живот не сум била
Дали некоја од вас правела скрининг кај Тасе Цветановски? мене тој ми матичен и некако не сум задоолна од него, од причина што ова ми е прва бременост и очекував некое појаснување за што ќе следи подоцна што се да очекувам, кои испитувања ќе се пррават на колкиу време и слично а од него последниот пат кога бев добив само: по последна менструација си 7+4 ама не е така околу 5-6 недела си рано е за срце да се слушне дојди за две недели, продолжи со премама и магнезиум и земи вагиналети утрогестан и толку. сега сум 9+2 и дури во четврток ќе појдам за да слушнам срценце. Знам дека најверојатно е така за да не идам за џабе на секоја недела ама па прва бременост ми е објасни ми нешто. Туку јас се оддалечив од темата, скринигот нели треба да е со мерења со свашта во таа и таа гестациска недела, како би го правела кај него кога мислам дека не му е добра опремата поради она околу 5-6 недела??
Болки немав. Ми се тртеше стомаков и така како внатрешно притискање почувствував, а и друг пат ми се случувало ова само што не знаев ете дека било контракција. Како сум се исплашила, не очекував и сега легната сум дома, со прст не мрдам. Утре пак сум на цтг. Се молам бога да издржам, да не ми лежа бебината во инкубатор.
ke izdrzis sekako ne se sekiraj,uste mnogu malku imas i 35 nedela e bezbedna,ama so miruvanje ke izdrzis ti i poveke.a koga stanuva tvrd stomakot dali i toa e kontrakcija,deka jas osekam sekoj den deka mi se stvrdnuva i moze da bide taka i dva saati bez bolki samo go osekam kako optegnat.
Не користев никакви техники. Камо да знам. Едноставно, не знам, среќата за новиот член ми надвладеа. Живеевме со свекор и свекрва (+девер, јатрва, баба, дедо) привремено - за сами беше супер, немавме проблеми, ама со бебе од старт знаев дека нема шанси така и таму во таа гужва. Уплативме за стан, во градба, требаше веќе да е готов. Да се вселиме баш пред да дојде бебето. Не е. Касни малце, ама доволно за да не стасаме пред бебе да го средиме. Се преселивме привремено - имам своја бања. Имам своја кујна. Се потспремивме. Пред големото селење во станот го направивме и ова мини селење за 2 - 3 месеци... Трудна. Пред 1 месец. Со стомак до заби. Искрено, познавајќи се себе, требаше нервен слом да доживеам едно десетина пати со попатните работи што си одат со сево ова. Се ми пројде смирено, со минимални нервози што брзо ми проаѓаа. Коментари не примам, постапив правилно. А има коментари. Испадна да се селиме дупло повеќе пати, ама ете - тоа е. Со нервози ништо нема да сменам. Нема техники, од внатре доаѓа мирот. Дај Боже да останам ваква... Ќе ми требаат живци за уште едно селење + со бебе.
Не мора да значи според мене. Не се сеќавам точно ама уште пред некој месец така ми се стврднуваше, можеби и се вртат бебињата, менуваат положба. Мене вчера кога ми се стврдна ми се направи како триаголник стомакот, десната страна ми се крена високо, левата ниско.
Слична сутуација сме ние. Се делиме со свекор, свекрва и девер, ние горе тие долу, има нервози и ќе има, да беше пред да бидам бремена мислам дека повеќе ќе се нервирав, сега сме растурени 2 недели, немаме кујна, немаме ништо ама јас некако си кулирам само бебе да мрдни и готово се ми поминува.
Ќе биде Ние дури се средиме, ќе дојди термин, затоа му велев цело време побрзо, сите велат има време, а си поминува еве 20 недела, ами треба и за бебе да се спремаме и ко ќе му речам нема време колку што мислите, сите си ќутат, му е гајле нив, на мене е теретот, ама здравје бебето нека си расти др се ќе се среди
Мм ми вика ти не се секирај ќе средиме се ќе викнам жена ќе го исчисти станот ќе среди се,мајка ти ќе испере и исуши и средени сме
Здраво женски Јас да се пријавам Денес при вагинален преглед ( господ го видов од болка ) ми констатираа дека грлото е скроз скратено?? Тоа значи дека немам веќе цервикс?? Ама сеуште не сум била отворена...Инаку бебуш набиен доле скроз се ме боли... Валјда деновиве ќе биде.. Совет некој? Што да правам за да не ме боли што ми е бебуш у бешика влезен???
Ne mi zborete za sreduvanje znaci kujna Sega stavame krevetce nemame uste namesteno tri meseci se sreduvame nikako da se dosredime se sme vo haos a jas uste malku 39 pukam od obvrski samo brishi prebrisi edno namesti drugo rasturi se udavivme vo prashina. Ama ajde mora pozitivno se za malite
Ден пред склучување преддоговор за купување стан и откако поднесов документи кај мене на работа за да ми одобрат кредит од банка луѓето го продадоа станот на други, значи се договорено имавме, напишан преддоговор, требаше да одиме следниот ден да го потпишеме... Е сега во 60м2 ќе пречекаме бебе, заедно со свекор и свекрва.. Немам место во собата кај што сме ни креветче да ставам, немам никаков пристап до кујна, поврзана е со дневна и таму спијат и престојуваат свекор и свекрва.. Се чудам како ќе функционираме во тој простор, немаме место за нас двајца а не пак со бебе плус.. Стан бараме една година, понуда во нашиот град нема...