Дали сте направиле фетална кардиографија?Во која недела се прави и дали е заедно со скринингот или посебно се прави?
Мојата најголема мистерија докторката кога влегов во 13 ми рече заврши органогенеза сега си второ тримесечие
Со полна 13-та завршува прво тримесечие. Со влегувањето во 14-та недела (13+1) започнува второто тримесечие, односно 4-ти месец.
И мене не ми се јасни тие пресметувања, јас си пресметував од денот на незаштитениот однос од што знам кога беше, ама таму не рачунаа така..а имам нередовна менст.за да се водам по неа и сега сум со збунки ама како пни пишуваат така и јас кажувам..
Еее баш сабајле го правевме муабетот со мм,јас сум 18+3 и знам дека влегов во петти месец,а кога бев на преглед на др и викам следна недела сум 5 месец вика ааа не не петти е од 20 недела
На 20 Ноември. Леле и јас исто во последно сум поисцрпрна и си преспивам преку ден и мн ми е жешко. Мм ми вика дека нему му е таман а јас цело време се препотувам. Што е чудно зошто мене никогаш не ми било жешко и не сум се потела.
Мамички кај имам многу нагони на повраќање дури сега кога бев во вц повторно имам како кафено бледо исцедок ставив вагинално утрогестан ама кога отидов пак до вц после сат време сеуште не беше достопено и сега само лежам.. нема ништо на гаќички само кога се бришам .. завчера кога бев на гинеколог рече имаш мало крварење ррче се е во ред а сега пак малку...
Утре сабајле треба да одам да проверам крвна слика и мокрача. Има ли врска што ќе јадам покасно има ли влијание на резултатите?
Има. Јас после 7 обично не јадам нишш. Зошто еднаш така јадев кај 9 часот ориз, супа, пиле и леб и шеќерот и мастите ми беа на граница др ден и од ум се извадив. Макар што мастите во бременост нормално се покачуваат, ама јас тогаш уште нз дека сум бремена и си мислев нешш се разболив.
Јас денес сабајле вадев крв и мокрача а нокеска до 1 со мм гледавме филм и јадев пуканки чипс ресана а во 10 вечерав пинџур со сирење Резултатите ми се нормални супер,само железото ми е послабо исто и пред еден месец кога вадев крв исто беше,Немаш гајле ја мислам за одвечер.Само сабајле кога ќе станеш не треба ништо
Не можам сега да најдам, ама во лабораторија имаше лист и пишува колку часа пред крвна слика не се јаде, пуши и слично. Исто така и треба да си доволно наспана. Барем до 20:00 да си најкасно јадена.
За Ивановски сум слушнала, но дека водел само он каде што интервенирал инвитро. Знам дека и ги пораѓа. Ќе се обидам да дознаам дали може и од страна да се избере ја би одела кај него или Панчевски, а ако дознаеш во меѓувреме за некој друг, не ме заборавај!
Денес полни 7 недели. Му го слушнавме срцето на мини човечето. Ми падна камен од срце, последнава недела живеев во грч. Чудно чувство како и да е. Прекрасно, а истовремено и застрашувачко. Ќе можам ли, спремна ли сум, да не погрешам во нешто? Само маж ми до мене ми дава неопислива сила. Прекрасен е овој човек.
Vo klinicki centar tetovo za priska se naplaka nesto poveke ili..dali znae nekoj i sto ti zemat kako e
Мамички, повелете на торта денес ми е роденден, полни 29 Еве го и бебушот ми честита ми претка во мешето, понеделник ќе си го видам пак, се надевам се е во ред Имајте убав ден
Среќен роденден, се што сакаш да ти се исполни. Беба ќе биде супер, пораснато и ќе ти мавка. Јас понеделникот наполнив 27, па тој ден како што ме клоцаше бебе никогаш дотогаш. Ми честиташе изгледа и мене.
@lackygirl Среќен роденден... Ова ќе биде најубавата година @karak беше ли на второ мислење? Што направи? Јас денес 38+3. Да признаам од пред 2 ноќи ми е многу тешко. Не можам да се наместам, не можам да се преместам. Почнаа некои вруќини во кичма да ми доаѓаат за првпат во живот. Ништо не знам да протолкувам од овие симптоми, само од тука што имам читано... Синоќа на 2 - 3 пати и тоалетот ме повика. Сањав како ми се спуштил стомакот многу ниско. Сабајле коа станав првин тоа гледав во огледало. Ја осеќам по 3 - 4 пати у денот како да е скроз доле и како да бутка, дури ме сецнува. Ама не е болка. Сабајле плачев. Не можев да спијам, а ми се спиеше. Си изронив некоја солза и ќарив големи прегратки од мм, сакав така да се осетам дека сум безбедна. Толку добро гушка, се губам и топам во тие раце. Пробаа и црни мисли да ми дојдат, ама на време ги избркав. Времево е супер погодено, не е жешко. А мене од време на време опасни жештини и пот ме облеваат. Ајде, уште малце остана. Супер истеравме. Господ да не чува. И нас и бебушките. Сите да сме живи и здрави.