Вечерата ми е квалитетна домашна; ручекот ми е сендвич, бурек, гиро петок харинга конзерва и сл. А доручек кифли ѓеврек итн благо се трудам да е многу малку овошје разнолико
Па и јас денеска сум малце јадена сега јадев поарно ми е ама некогаш и после јадење по некое време ми се јавува
Да се пожалам малку тука Денес на цтг нема контракции, знам ова ќе седи да може и месец над терминот. Стомакот уште ми е висок, а и осеќам како ме шутира во ребра. Не само што ме шутира, туку не можам да седам, не можам да се свиткам. Од болки, имам во ребрата се разбира, а и едната нога ја влечкам, ко да не е моја Ме боли препонот и не можам никако да ја подигнам. Киселини можам да разделам по комшии за чистење, а и како да немам, кога желудникот изгледа ми е напикан во бели дробови. Спијам по неколку саати, со прекини се разбира. И во текот на ноќта, слободно можам да кажам, дека тогаш најмногу јадам ќотек. Во ребрата Отоци немам, ама немав ни со првото. Кожата ми е ужас, пресушена, ама тоа е благодарение на дехидрираноста, која ми е од константното повраќање скоро девет месеци. Имам лажни контракции кои не болат, ама ептен ми е језиво за време на истите, затоа што останувам без воздух. И тоа. Инаку јас супер сум Вие?
Среќен роденден!имај убава вечер со друштвото мало што е во тебе!најубав роденден! Женски тие што одат на работа,како ви е напорно или се издржува?
Пробај чаша ладно млеко,мене многу ми помага. Јас си имам мака со болки во грбот. Буквално од горе па се до половината. Боли кога седам,боли кога лежам,кога стојам. Место не ме фаќа.
Ние исто како што опишуваш и ти. ЦТГ-то ти е скроз рамно??? И јас бев денес. Ми рекоа дојди пак за 6 дена. Ајде веќе...
Ништо, ништо, нема ни к од контракција. Ниту чеп. И јас сум пак наредна недела. Ама си знам дека ова абер нема да има. Кај тебе барем се спушти стомакот? Мене многу ми смета.
Абе мене ми викаат дека ми се спуштил, ама киселините и клоците во ребра не ги снема. Синоќа посебно. Малце и мене ми изгледа потспуштен и го осеќам повеќе на тежина. Ама нели ако се спушти бар на желудников да ми олесни требаше?!
Не знам дали смее, ама јас пијам По една голема чаша на ден, не секој ден. Треба да пишува колку е дозволено. Па би требало И првото го носев високо, ама ова сега бре... Ми се чини главата можам да ја потпрам на стомак Денес веќе имам константни болки во ребрата, и дури осеќам нозете како ѝ удираат и лизгаат по ребрава. Или си правам филмови
@Iki lepi јас одам на работа и супер ми е оваа ми е прва бременост со близнаци во администрација сум седам се размрдувам кога сакам дома после ручек одмарам мин. 1 час
И јас се мислев ама сега ќе си земем да пием ради превентива јас ќе го прашам и докторот ама до тогаш имам уште една недела вака по една чаша на ден не би бико штетно
@NarCis@ i @TeddyGrey ova so kontrakciive cudno i jas isto ramna linija sto matki ke imavme aman veke ajde neka izlagaat
@karak си знам со првото, иако пред термин се породив со царски од други причини, пробавме природно и не и не. @monik55 ќе излезе кога-тогаш, ама мајкава ќе пошандрца.