За болки јас оваа крема ја земав, ме опушта буквално за еден час. На база на фолна киселина е, во аптека ми ја препорачаа, по состав не гледам ништо страшно, а не се ни внесува орално па да е штетно. Знам за какви болки зборуваш. Инаку Цедевита смее, само не е препорачливо ни во нормална состојба, штетна била за бубрезите. Ако не ви прави киселини, слободно.
Фала за честитките, фала на сите Мене ми е напорно многу, ама мора да се издржи немам избор, требаат пари. Работам сама во смена со луѓе и седам на висока шанкерска столица без потпирач Тешка ми е положбата незнам како ќе се издржи до 9ти месец
Здраво пред 2 дена бев на контрола и немав никаква инфекција во урината ама денеска после пладне кога идем да мокрим имам блага болка во долниот дел на стомакот сега сум на контрола на 3 дали да чекам до тогаш или да идам порано можно е за 2 дена да сум фатила некоја инфекција или можеби сум само преладена незнам што да правам и незнам какви се симптомите на инфекција во мокраќата инаку сум 26 недела
Би ти посакала да не дознаеш какви се симптомите на инфекција во урината. Пече и боли страшно многу, нагон за мокрење имаш, а мокриш само 3 капки кој болат страшно. Не верувам дека кај тебе е тоа.
Добро за мокрење често е али тоа е и од самата бременост не се по 3 капки знам убаво да измокрим некоаш повеќе некоаш помалку али толку силни болки немам онака благи болки ке почекам до петок се надевам дека не е никаква инфекција и бебушот го осеќам премногу доле кој ке ме клоцне мислим бешиката ке ми се откачи може и од тоа да ми е И сакав да прашам дали може да се пие чај од брусница во бременост
Фала мене ми рекоја дека содржи кофеин а сега заборавив да го прашам докторот и реков тука ке прашам да си купим утре ради превенција а и ако сум настината ке ме смири
Ме боли цел долен дел од стомакот, од вчера како некои повремени бодежи чувствувам.. Уреаплазмата пак позитивна, вчера си ги зедов резултатите и се изнервирав, утре пак ќе одам кај матичниот за да ми даде терапија. Бебко размрдан, во последниве 3 недели ми се чини стомакот ми порасна со брзина на светлината! Качив и килажа многу, од почетна 64, сега сум 70! 70! 70! 70! Се шокирав вчера кога стапнав на вагата, како може за 3 недели да сум се поправила 3 кг... Цела килажа е во стомакот и градите замината, рацете, нозете, лицето ми се исти... Ми отекуваат прстињата на рацете и нозете во последно време, ги извадив прстените од страв да не ми се заглават. Главата константно си боли по неколку часа дневно благодарение на никогаш неизлечените синуси. Нека помине скринингот и да му ја дувнеме некаде на море на 7-10 дена, барем неколку месеци да ми паузираат синусите со давење, а и да го релаксираме мешко од секојдневното седење по 8 саати на работа.
Може да се отоци, задршка на течности, може се немаш толку поправено.. ете плус и чим отекуваш.. Мери си се сабајле најубаво или кога ке видиш дека не си потечена..
Цело време ми се прстињата на рацете и нозете подуени, не ми се смируваат наутро. Пијам многу вода, сол почнав да одбегнувам, испитав и протеини но се е во ред.. Сепак 6 кг + во 20 недела е премногу, ама резултат се на моето опуштање и поткаснување се благо што ќе ми се најде пред очи и јадењето бели пецива секој ден на работа. Од денес нов режим, салатички и интегрален леб или готвена храна за на работа. Морам да се контролирам, ако продолжам вака до 40та недела + 30 кг ќе се направам Си се вардев убаво до крај 17та недела, си јадев здраво, ама ете последните 3 недели претерав
Јас јадам сува брусница превентивно. Во чаевите има уште 300 други билки покрај брусница и ми е шубе. Ама гледам сите пијат па ќе си земам и јас.