Во мк лесно ама тука незнам како ќе најдам ќе видим ќе побарам ако не за две недели ќе идам за мк па ќе си купам
Каде живееш? Ја имаш во секој голем маркет во Европа стои до стварите за торти правење, желе и такви ствари. До бадеми и лешници во кесички исто можеш да ја најдеш.
Девојки пред некој ден го видов првиот колостриум да нее нешто лошо со мојот памет 300 филма си правам аи многу ме болат градите неможам да лежам ни да ги допрам..22ра недела сум
Нормален е колострум да се појави тие недели. Брадавиците мене ме болеа цела бременост, така што и тоа е нормално.
Чим си во Германија влези во Алди стои над фрижидерите за сладолед веднаш до бадемите и лешниците во лилјакова кесичка од 100гр.
@CurlyBlossomGirl таман сакав да те тагирам, да прашам како си, те гледам низ форумов. Значи уште дома, одбројуваш
Девојчиња не претерувајте, чај од брусница може да пиете и убаво е да пиете, ги чисти уринарните патишта. Исто може и сушена да јадете. Опуштете се и уживајте
Леле златни, многу ми е поддршка што ме мислите. Дома сум, бројам часови, не денови. бев денес на контрола, цтг нормално, плодова вода има доволно, не сум отворена ни еден прст. Ако ништо не се случи за викендот, понеделник во Ск ми рекоа царски. Фала ви што ме мислите, да сте ми здрави, живи и среќни.
Јас пак бев убедена дека минимум 2 недели пред термин ќе го родам. Ама ко за инает... Ќе чекаме, тоа ни е работа сега. А сите само прашуваат дали има нешто ново. Пукнав
Јас имам уште точно 10 дена до термин... И јас мислев ќе биде во јули, ама губам надеж... Демек понапред беше...
И моево беше многу напредно и поголемко, па еве не му се излегува. Душа мајкина, си велам уште сега приврзано за мене до максимум.
@fana @TeddyGrey и @CurlyBlossomGirl топло, ладно надвор, ама на бебињава внатре им е најпогодена температурата Особено нас кога ни е најжешко изгледа Јас вчера се понадевав ќе каже докторката царски, ама не, ќе си почекам. Инаку моево си беше таман, ама од минатата недела почна понапред да оди. Си викам супер, сега ќе ми се збуцнуваш прасе едно, на некоја недела пред термин. Чекам маж ми да одмори, па да ми купи мачо со 'фстак. Поздрав од мене
Женски што е со менструалниве болки и како ги разликувате од вистинските??.. 37ма недела сум, денес цел ден со болки фаќаат, пуштаат, на цтг по 2 контракции ама до 40 само.. А мене ме боли ептен кичма стомак се препотувам само место не ме фаќа. Лежам одмарам пијам магнезиум се пробав џабе.. Еве уште осеќам слаби па ќе почнат појаки.. Аман веќе.. Некој искуство??