Потполно се согласувам со тебе. Макар што до Ноември знам дека ќе ме фатат паники, ама кога ќе дојде мора да се роди нели? Засега се радувам со секоја помината недела и едвај чекам здрави прави да влеземе во 9 и во посигурни недели. Тоа ми е најбитно, друго се ќе се заборави. Барем така викаат. А и ништо што е вредно не доаѓа лесно.
Јас две имам родено,па пак ме фаќа страв од тоа породувањеНо,сепак се согласувам, имене бременоста ми е потежок процес од раѓањето.Тоа минува за миг. И да, мора,апсолутно многу да се слушаат докторите и сестрите особено за дишењето. Првиот пат имав тежок пораѓај,но вториот каде каде полесен,дури докторот ми велеше те молам,слушај да не правиме епизиотомија,но јас од преголеми болки забушавав.И самата сестра ми рече дека пребрзо се отварам,па одвај ги контролирав болките,но сега мислам ќе успеам,ваљда научив нешто од две раѓања .Пак ме пресекоа,но со помалку конци,за два дена бев дома и се си работев. Само Господ да е со нас,се да е во ред,со лесно да ни е на сите!
Jas samo da se prijavam tuka sum nemam uste znaci za poragaj ajde go pocnav avgust treba da ispratam nekoj i od tuka ne se davam jas lesno hehehehe
Мешиња , Јас сум 37гн на цтг бев во Пон и докторот и ехо изрази желба да ми направи . Па ми рече дека плодова вода има бааги одвише и дали ми е проверено скриен шеќер и дека веќе е доцна за проверување . А во 35гн немаше ништо такво на ехо кај матичната . Му се пожалив за чести контракции стврднување на стомак и болки кај резот долу ,ми рече дека е пд самото нагло зголемување на ОПВ . Му измери БПД на бебе 93мм рече нема деформација на главчето и толку . И кога прашав што да правам рече ништо сега веќе. Ако пукне водењак или јаки болки ме фатат веднаш болница . Дали има други мешиња што вака одеднаш се зголемила ОПВ без некоја причина (шеќер)??
Не мора да значи дека е зголемена плодовата вода од шеќер.Ако има некој проблем околу водата ќе те породат,37 е веќе одлична недела за раѓање. Јас со второто имав намалена плодова вода,скоро секој ден ме следеа и дента се породив зашто докторот рече дека подобро е да го извадиме со провокации. А скриен шеќер се проверува околу 25 недела,јас наредната ќе одам,немам никаков проблем но матичната ми рече,исто и со второто си проверив,рутински преглед е,незнам зошто не ве праќале матичните.
Мешиња во втор триместар частовка од телото е потемнување на папокот и тоа внатрешниот дел? Уште имам папоче и не ми е испакнато нанапред ама овој момент со затемнувањето не ми е јасен?!
И мојот папук не е испакнат многу надвор али е затемнет и тоа многу и јас се уплашив кога почна така да ми се затемнува прашав и ми рекоа дека е нормално
Mene no so prvoto no so vtorovo mi e papokot napred nitu pak imav linea negra onaa temna linija sto se pojavuva na sredina jas ustvari izlegov mnogu shahava
Истото ми се случи на прва контрола во Чаир во 36та нед, вода повеќе од што треба и истото ме прашаа за скриен шекер... После одлучив да раѓам во Ремедика и им го кажав тоа, на ехо кога ме видоа рекоа нема врска, нормално вода имаш, само бебето е поголемо, во 37ма беше 3500+ а си се роди 3800, во 40+нед (созреа постелката побрзо).
Јас доаѓам со добри вести од лекар. Тоа од што се плашев и неспиев не постои,бебето нема никаква аномалиа и си се развива совршено. Јас незнам од кај да се свртам од радост и возбуда
Баш ми е мило со лесно до крај. И јас неможам да престанам да го мислам скринингот нека дојде вторник што побрзо и се да е во ред..
Супер Мони, нема поубаво чувство. Ме врати и мене лани ова време, плачев од радост а и сега се наежив.. Со лесно до крај.
Јас случајно искористив скриниг иначе ќе си чекав до крај на август,сега видоа дека одговара убаво за скриниг и направија. Уште еднаш ќе одам негде за 4 недели ама најбитно ми беше главчето. @Среќичка Незнаев од кај да се свртам кога ускочив од таму. Ме го разбираш најубаво ти чуството ова мислам дека празник мие Прашав за амниоцитеза ми рекоа бема потреба ако има нешто ќе видевме.
Браво Мониии многу ми е мило за тебе,сега можеш мирно да спикаш и да галиш меше ииии да купуваш алиштенца зошто ти си го знаеш полот
39+1 - ниедна контракција. Ни прст не сум отворена. Абер немаме со тапија. Цела ноќ не сум спиена. Сабајлево приметив и неколку стрии на стомакот од лево... Многу се разочарав, многу! Ненаспана, распукана, неотворена. Колку те оставаат да надминеш термин во Систина? Со главчето е надоле, супер е за индуциран ми спомнаа, ама не прашав кога би го индуцирале. Бсрем е наместена за природно. Барем тоа. Уште да се сврти ми фали и депре на највисок левел. Среќни вести имам од сите страни. Многу убав период за мои блиски. Само веселби и радости нека не опкружуваат. За сите само убавини да е вака секогаш. И јас да се олеснам, и да ми исчезнат стриите.
Иначе да ви кажам што има еден млад докотор на ГАК Маџуков сто прати поубав од популарното докторче од Систина бојаџиев ли беше незнам.