По препорака кога се пожалив кај матичната за нервоза тахикардија паника ми рече можам две таблетки б6 најмногу 3 пати на ден . Но тоа само кога се осеќам многу напнато нервозно . И магнезиум две одеднаш исто. Сепак прашај матичен телефонски можеш немора ни да одиш лично за таква консултација.
Далеку од тоа дека не чини. Имам ептен блиска пријателка која работи на ГАК. Знаејќи колку се надоградува, девојчето е екстра. Не е од извиканиве доктори, ама толку си е посветена и грижлива да се чудиш. Мене чисто ме интересираше, од љубопитност, како пациент мери стручност на доктор. Ништо повеќе од тоа. Нит го знам докторов кој го зборите, нит имам лично нешто за/против. Да треба да одам на ГАК, ќе му ја мислам. Уствари нема Или кај другаркава или кај Симеонова ќе одам. Без врски не стапнувам таму
Па не дека мериме стручност ама кога имаш доктор што прашува темелно и слуша внимателно така открива симптоми и врз основа на кажаното и направени анализи следи дијагноза . Како поставуваат дијагноза така само од извиџење незнам а ги има еден куп такви доктори по шаблон лечат. Прост пример сите одиме на цтг на оделението таму има други доктори , и сега како матичните ни ја следат бременоста уредно или не и со сите податоци за историја ако ги има треба да стои СЕ тоа во мајчина книшка . Ама НЕ е кај сите така. И на крај специјалистот крив. Епа не е! Кога во примарен сектор ќе се направат пропусти кога ќе дојдеш до секундарен сектор специјалистот нема точен увид за состојба а пациентот губи драгоцено време. Што кога треба итно да се интервенира а нема уредна и целосна мед документација =хаос . И така доаѓаш до заклучок дека докторот не ти е "стручен". И то
Јас сум на твоја страна за Ацета овој Никола воопшто не ми се свиѓа. Не дека е битно ама да се умешам во муабетот.
Ова уринарење е досадна работа. Таман ќе си заспијам слатко, трк во вц. Ај кога веќе се расонив, да се пожалам и јас. И мене кичма ме боли особено кога седам на стол повеќе од 15мин и кога лежам долго на грб. Јас и онака имав чат-пат болки во кичмата, не ми е нешто ново. Неубаво во секој случај, но не е страшно. Има појаси за трудници во Медикус Хелп, кој има проблем со консултации може да си земе.
И јас да се пожалам овие 2 вечера нема спиење толку многу се потим и ми е загушливо што се прашувам дали е нормално инаку е многу топло тука кај нас само што сум заспала станувам цела жива вода се надевам дека е најнормално ова во бременост
Јас еве да се пријавам уште не спијам. А и толку сум изнервирана што веројатно ќе полежам уште 1 сат и станувам, нема спиење. Пред 1 час дури и си појадував кроасан. Па и бебе изгледа се вознемири од 8 синоќа како на трамболина скока и ич не е смирено. Мака ми е за неко што ич не поспа, поради мене. И ај нека рече некој дека не чувствиваат.
Malava moja se zbudali hehe samo me cuka od sabajle se mesa mn ja custvuvam 19+4 i na eho e mn ziva samo prrtq
Мене сношти ме удри најсилно до сега и баш гледавме со мм на голо меше, чекавме и цел стомак се поткрена 21 недела сум и му велам на мм ова сега ако мава вака до крај коските ќе ми ги искрши Ама ако јас сум најсреќна тогаш Еве го и сега мава дека лежам.
Среќа сте ми од посабајле со коментарите со клоцањето. Раничко ми е мене за тоа ама едвај чекам! Мила991,те имам читано дека и претходно неспиеш. Имаш проблем со несоница? Туку ќе видам коментар ккај 2часот по полноќ,обиди се да спиеш... Понедељак одам на контрола после еден месец и прв скрининг.Едвај чекам! Убав ден на сите
Kога ќе размислам вака повеќе...колку сме луди ние жените во текот на бременоста ццц комедии дури.. ја затоа се чудам мм само нешто ми се потсмејува.. еве лично за мене сега се присетувам за што уствари паничев за какви глупости различно во тромесечјава,во прво тромесечие кога идев да мочкам си викав во себе чекај не стискај не напнувај многу за мочање да не го испуштиш бебето во второво тромесечие сега си викам чекај леле ако во сон се превртам на стомак готово го загушив гарант трето тромесечие loading...КОЈЗНАЕ па после породување ќе си се смееме вака фино колку сме билееее...
Хаха исто и јас вакви комедии си правам па сабајле не ми мрда нешто па ќе земам филм ќе правам не му чука срце не го осеќам да не го загушив а мм само се смее и ми вика опушти се малку олабави не праи паника дури и плачка станав веќе 4 дена без врска кога ќе ми текне нешто плачам ее тоа тие ќе издржиме вака до крај
Или пак асентра нека земе . Хелекс . Можда па и респиридон ќе и помогне уште повеќе . Како бе вака можеш да вадеш од ракав терапии и да се расфрлуваш овде со совети што да пие ?! Ти пиеш така кога ќе ти текне такви лекови ? Јасно е како ден дека секој еден пред да земе било каков лек треба одобрение од доктор . Па макар било тоа аналнин,парацетамол . А камоли трудна жена ! Мислам дека не се коректни вакви "совети "од твоја страна . Не знам дали си воопшто и свесна што значи на "слепо " да "даваш" терапии со дијазепам на трудна жена Срамота и греота !
Јас не сум плачка ич ама за филмови прва сум,ама гледам на никој да не кажувам па сама со себе си паничам хихи
Јас уште се вртам на стомак и спијам,нее загишено беблето мрда Шала на страна перница мора да купам ич неме бива со спиењето.
Јас ја скапав фалење перницата од сомниа, ја користам од 9та недела ама последниве неколку недели не ми врши работа. Ниска ми е, се сплеска некако, а и првите месеци ептен бев кома, по цел ден ми се спиеше, а сега сум некако нервозна, станувам во 4 наутро со главата полна глупости па незнам дали не спијам пошо перницата ми е лоша или пак перницата ми е лоша пошо јас сум нервозна...