Немам мачнини ниту лошење само болка, се сомневаат и на жолча ама од утре ќе одам на испитувања и хеликобактер и крв и жолчка, се ќе испитам.
Искрено одкако ми кажаа дека бебето ја нема аномалиата што ја имаше првото бебе сум многу посмирена. Со мм мислам не се трпевме од што бевме нервозни јас дури и напади имав но сега сум супер одбегнувам нервоза колку можам. Денес бевме покрај река и таму отспав малце сега сум како бајче Од утре сум 17 недела а бебле ми е скоро две недели напред. @lackygirl Да провериш нешто да нее хеликобактер?
Значи дефинитивно ми се повраќа од Femibion 1. Го испив сега пред половина час, готово јас умирам, ми се гади , ми се лоши, ми се чини све ќе исповратам. А се немав напиено 3 дена ( одбивност веќе имам добиено од пиење апчиња од втората бременост ) и многу ми беше убаво, никаков проблем немав тие 3 дена.... На следна контрола сум тек на 20 Август, ке видам ако можат да ми го сменат Femibionot. Добра ноќ мешиња
Јас уште немам појдено на контрола и пијам само фолна. Се надевам дека неделава ќе појдам конечно на преглед ако најдам барем малку време.Инаку утрински мачнини немам,моиве вечерни се браво за мене
Офф Можно е да е тоа. Ја мислам па Утрогестанов да не е. Јас пијам и сабајле и навечер Фемибион. Ме замисли и мене сега. Демек ми се смирија 10 та недела ама еве веќе накај 13та само зинувам. И јас тек 20ти сум на контрола, ќе трпам до тогаш. Се надевам двојката се полесни.
Нема поубаво нешто од второто тромесечи, ќе видиш и сама Иначе , имаше ли утрогестан таблети за пиење преку уста ?
А да да , така беше... Е во втората бременост јас утрогестанот прво го пиев преку уста и имав многу вртоглавици и гадење, па потоа др. ми рече да ги ставам вагинално и тогаш ми беше ок.
Што имате пиено за настинка?затнат нос,суво грло,не се спие навечер катастрофа.Смее ли да се пие од прашоците за настинка или што друго?
Прашоци не. Само парацетамол чист доколку имаш Т или омалаксиш, чаеви, супи, многу лимон и витамин Ц. За нос Аква Марис. Ќе помине, времето е шашаво.
Јас од утре сум 22 недела, иако според димензии девојчето е една недела поназад. Порано си замислував дека во овој месец од бременост ќе имам којзнае колкав стомак, но ете, наутро речиси и не се познава многу, како само да сум прејадена
Јас од утре полна 25 и така ми е стомакот. Наутро едвај сега почна да заличува на трудничко, а навечер подуен чиниш 1 месец пчус сум трудна. Мене некои уште не ме препознаваат дека сум трудба и дури глупаво ми е да му кажувам а јас скоро 7 месец. Нз дали е убаво или лошо вака. Си праван филмови да не не расти бебе, денес сум на контрола и цела се тресам да не ми речат има застој. Во 21 кога бев си беше таман. Сигурно е нормално да е толкав, сепак бебе во овие недели сеуште мало.
40+1 денес..Уште во 6 часот,ме разбудија контракции,ама се поднесуваат,на 15-20 минути се.Се истуширав и си чекам да бидат по интензивни,па да одам во Чаир. Ќе ви пишам пак како ќе се одвиваат работите.
Исто и јас си правев филмови, но во петокот бев на контрола пак и ми рекоа сѐ е ок. Среќно денес па пиши како ќе поминеш
Исти сме сите,чудна работа. Како да се читам самата себе. Истите работи, истите стравови, секоја контрола истото. Треба нешто да промениме за и бебчињата да ни бидат смирени. Вака само нив им пренесуваме негативни чувства.