Ke treba da si zakazes za vtor skrining kaj Dimcev (ako kaj nego sakas da odis) negde kaj 22+ nedela najubavo. javi si se na vreme zosto kaj nego e guzva.
Јас веќе направив втор скрининг и тоа денес ..утре ќе наполнам 23 недели.. е сега незнам како да направам
Др.ивановски ми пишал кај др.димески сум слушала за него ама него познавам ако имаш број од сестрата или од него да закажам да отидам овие денови ако има слободен термин..
Мене ми го дадоа за покачени тромбоцити. За крвна регулација го даваат. Туку јас сакав друго да се консултирам. Според датата на последна менструација сум 25+0. Според мерките на матичниот гинеколог 23+5. Според др од скринингот втор сум 24+3. Значи ова се се недели според термините. Кои пресметки се гледаат? И дали е страшно и има ли причина за паника што моето бебе не одговара на терминот според последна менструација?
Nemam broj, jas zakazav na toj opstiot za kontakt vo sistina. Najubavo da se chues utre so Ivanovski da go prasas za sto potocno te upatuva.
Кај Драшко Димевски во Систина за фетална ехокардиографија. Тој преглед се прави во 27-8 недела и не е задолжителен, но убаво е да се направи, зошто подетално му го гледаат срценцето на бебето. Доколку се пораѓаш во Систина, ако го напрвиш тој преглед во бременоста, по породувањето ќе му направат уште еден бесплатно.
Мене колку толку ми помагаше свеж рендан ѓумбир. Не знаев. Јас редовно конзумирав ѓумбир, по малку додуша, и ни к од контракција немав. Скоро цел ден откако ми пукна водењакот, чекав болки, ама ништо работа - ме породија со царски.
Има ли некоја искуство со вртоглавица, ама буквално од нигде никаде почнува се околу да ми се врти и трае неколку саати??
Немој алкалакс во бременост, пробај јас од тонус леб одам редовно во вц а исто кога имам помага и на виталиа има трици, по 2-3 лажици со јогурт ќе ти ги разбуди цревата.
Мериш притисок? Кое тромесечие си? Баш сабајле читав дека во второ тромесечие е очекуван нискиот притисок и тоа може да предизвика вртоглавици. Пробај да не стануваш нагло. Јас имам многу низок притисок деновиве, 85/55, ама ми се нема случено да ми се сврти.
Мене ми се вртеше од утрогестанот на почеток. Ако не го користиш мораш на течности да зголемиш и тоа многу.
Мешиња доброутро, ако има некоја што го носела ниско бебето да ми даде мислење. Мислам дека ми е ниско стомакот, цела дланка и повеќе можам да ставам под гради па тек после почнува стомакот и како да виси надоле, пречесто одам до вц зошто мн ме притиска бешиката и кога ќе седнам на шоља како болка и влечење во самата вагина осеќам. Уринарна инфекција немам. Имам мало дете од 11 кг кое сама го чувам периодов и го кревам, се наведнувам, цел ден сум активна. Матичниот изгледа ми е на одмор, дали се итни вакви ситуации, незнам како да реагирам? 25 недела сум
Мене ова ми беше од првите симтоми. Измери притисок обавезно. Само не паничи, нормално е. Ја многу глупо реагирам на вртоглавица, место да застанам, јас брзам. Пиј колку што можеш вода, направи и крвна слика ако немаш направено може и железото да е. Не станувај нагло и ако ти е низок притисокот касни нешто благо.
Третава бременост ми е таква , и јас на секоја контрола ја "масирам" матичната со ова прашање највеќе ми е што имам прв царски па како со конец затегната сум долу ниско . А стомакот ми е издолжен како тиква нанапред . Кога се качувам по скали го шутирам нагоре од што ми е толку надолу некако . Така сум ја носела бременоста тоа добив како одговор . Немало опасност никаква. Освен што мене ми смета многу а јас сум веќе 38гн. Уште од 32-33 гн. не можам нокти да си сечам на нозе , ма никако не смеам да се наведнам еднаш ќе го "бакнев" подот ми смета и на судопер со судни маки мијам садови. Од кола со помош слегувам ... И то Консултирај матичен сепак ,но ете да знаеш дека може и да е сосема нормално А што убаво летав во првите 2 бремености за мерак никаква помош не ми беше потребна за ништо . А за кревање не кревам бидејќи на неколку пати намокрив гаќи и се помирив дека не можам да кревам и толку .
Јас имам ама не онака класично се да ми се врти туку како да се заљуљувам лево десно, само исто и јас реагирам мн лошо одма паничам па си праам дополнително тахикардија и си влошувам состојба Ако крвната слика ти е во ред течности повеќе и одмарај колку можеш повеќе.
И мене на брисевите во 12 недела ми најдоја кандида и ги користев овие вагиналети, тогаш ми помина кандидата одма се осети се нормализира секретот и стана прозирен, млечен а не како претходно густ бел и на моменти дури и жолт. После неколку месеци во 20 недела повторно истиот секрет како з а кандида и повторно се повтори и сега пак сум на истата терапија овие вагиналети и Нустатин крема. Имало и др вагиналети ми рече докторката меѓутоа не биле целосно безбедни во бременост и некои дури предизвикувале и крварење, па рече да не експериментираме и пак овие да ги користам. Со среќа мила што побрзо да ја решиш кандидата иако мислам дека се јавува поради пад на имунитетот, придонесува и внесувањето на шекери, што можиш повеќе пијај јогурт и користија терапијата кај мене безбедна беше иако на упатството пишуваше да не се користи кај трудници.
Не се секирај не е ништо страшно. И мене како новогодишни светки ми излагаат ама нормално е. Е сеа лошо е ако почне недај Боже да ти се заматува видот или само како у една точка да ти оди фокусот е тогаш треба консултација со доктор бидејќи и тоа е чест симптом на бременоста.